Петок, (не 13-ти!)

Петок,
19.02.2021
► американците јавуват дека “слетале“ на Марс
► Заводот за здраство на Швајцарската Конфедерација објавува околу 1000 новозаразени од ковид19
► у Македонија се расправат за …., тоа шо се расправа 30 и кусур години
► у Кавадарци се растура пазарот за да се направе нов
► Ѓорѓе Балешевиќ си умрел 🙁

И сега?

И уште стотици нови информации.
АМА шо од сето тоа директnо ме потрефи?
ДА. Тоа кога се јави газдата и кажа дека од понеделник колеггата ќе работел кај него.
ЗНАЧИ, до даљег сам у фирмата…
Запролети, веќе неколку денови температурите не паднале под нула.
Еден певач ќе пее “Пролеќе на моје раме слеќе…“
ТИКВИ – полен у очите се п’не – алергии, мрсоли, с’зи, ти а наврам пролетта, ти а наврам!
Да убава е. Ќе има некое ново слико. Боите се убави, кога имаш доволно лекови.
Молба до чи Бил Гејтц, де бре да а , ако остане од тоа мастрафот, и една вакцина против алергија на полен!!!

Не “врзан муабет“, нели? А шо може да се очекува денеска, петок. Кога американците “слетаа“ на Марс, Ѓоле си умре и пазарот го рушнале…

Ете и Ф тората доза ја земав, топла, или жежена, каа шо ја викат некои сонародници од Поранешната Југословенска Федеративна Република Народна Северна Македонија.

И сега, “листам“ по фацебукот и гледам дека ногу ФАНови има Ѓоле. Стихови, мудрости, мислења, песМи, наеднаш сите го љубиме.
Исто како Тоше.

ДА.
Растеме и живееме у таа Југославија.
Не еднаш и не на едно место, јас сум изјавил и напишал, јас никогаш немав мој идол, моја песна, моја група, мој клуб.
Идол, од една едноставна причина, јас не сакав да бидам како некој, јас сакав да бидам подобар од сите.
Моја песна, та не беше едно лето, та не беше една нова година, та не беше едно…
(добро, тиа шо убаво ме знаат че речат: а »Дувна ветре развигорче« ? – ама тоа е друга прикаска…)
Мој клуб??? Црвена Ѕвезда? Партизан? Хајдук? за ШО??? Која е таа логика???
Мој пеач? кој? за кога? за кога сум расопложен? за кога сум тажен? за кога сум пијан…

Еве и денеска моите мисли за Марс ќе си ги задржам за себе, оти кој го интересира моето мислење дека тоа ЏАБЕ трошење пари. Додека се чекат 5 долари за да преживее едно семејство у Африка виа МИЛИЈАРДИ арчат на нешто шо у денешно време немора ни у некоја пустина да одат да снимат ако имат појак копјутер, и добра видео картичка у него…

Кој го интересира моите мисли за тоа како не “рибат“ со кораоната, не играат ѓоа ваквоа.

За Македонија секако немам веќе шо да пишувам – јас тоа парче земја го напуштив предИ тријсет години, а од пред некоја година се одкажав од солење на памет за истото.

Кавадарци,
“Неки нови клинци, неки нови клинци, неки нови клинци…“
Пазарот, неверувам дека некои од нив знаат дека има пазар у Кавадарци.
Ни таму израснаме. Научиме да бидиме човеци. Трпеме да не заебават и научиме да заебаваме…
АМА “сѐ се движи, сѐ се менува!“

НЕ.
Нема да пишам жалопојки за Ѓорѓе, нема да жалам за пазарот, нема да се чудам на Марс …
Оти утре е сабота.
И у сабота се појадуват пржени јајца.

А за Ѓорѓе, ќе го помислиме кога неговата песМа (една од ногуте) ќе заврте на “радиото“ у колата.
На пазарот ќе си спомниме со ЧОВЕЦИТЕ кога ќе се сретниме, со тие истите кои поминаме пазари и пазари на него…

А да.
За Македонија,
Бог да а прости!