Во право време, на право место…

Кога почнав да се интересирам за фотографија, не ми беше спречено да ја “испитувам“ фотокамерата на тато. Добро, за штракање не смееше да има филм, ама и само тоа “клик“ каа ќе направе беше задоволство.
Да, за покасно каа почнаме со филм да се сликаме и сами мораме да “најдиме“ пари за сликите, не се шкрапаше без веза и без план!
Ама тоа не беше за сите така. Имав другарчиња со кои одеме на “ОТО секција“ и во “Народна техника“ ама кои и после неколку “часови“ уште немаа фанато камера у рака, ама бевме сите фотоаматери. Јас и се радував на “WERRA“ оти беше демек подобра од “СМЕНА 8“. АМА, не еднаш беше да другите имат поубави фотографии од моите.

После сите мечтаевме за NIKON. Никонот беше поим за нас, бидејќи кај Боро првпат дојдоме у допир со “професионална“ камера!!! Можеше објективите да и се менуваат!!!

Првата “моја“ фотокамера беше Minolta. Во тој период, почетокот на 90-тите години од минатиот Век, Minolta нудеше нај напредна техника.
Тука некаде почнав сѐ повеќе да и препуштам на техниката. Во 90 и кусур проценти од ситуациите, автоматиката ништо по лоша фотографија не правеше од колку моите “прерачуни“.

И така со времето од Minolta поминав на CANON и “арсеналот“ се зголеми на неколку камери, повеќе објективи, блицеви, стативи и разноразни “потребштини“. Како растеше “искуството“, повторно се вратив на “аматерските“ камери и објективи. За тоа што, јас како фотоаматер, не сакам за малку подобра фотографија да влечам ногу повеќе тежава…

Маглата како елемент у фотографијата не само шо ме восхитува туку и секојпат е нов предизвик за мене. Сеа не магла “прст пред око“ да не се гледа, ама така “убава“ која е осветлена од сонцето или некое друго светло, брка работа, праве да секогаш добро познатите мотиви, се презентираат во друга единствена сцена.

Имав желба, тоа е ретко, да одам и да фотографирам во мое омилено ми место, само заради тоа шо мислев дека ќе има магла. Имаше. Ама “сиромашка“. Да, фотографиите се “уникатни“ ќе нема такви пак.
На таа “прошетка“ ме израдува што сретнав и друг фотограф кој уште рано насабајле се позиционирал сред мочуриште и чека “добро светло“. Застанав и разменивме лаф муабет. Кажа дека не дошол сабајлето, туку уште во ноќта, да ги фотографира ѕвездите!!!  Дечкото ми призна дека е “нов“ у фотографијата и дека со фотографија почнал да се занимава од пред два месеци! Убаво. Тоа не ме зачуди, човеците секогаш се во потрага на своето јас, и кај некој порано кај некој покасно ќе се искристализира  талентот или поданоста. Повеќе ме зачуди тоа како у денешно време се “почнува“ со хоби. Пред него стоеше статив камера и објектив, кои имаа вредност – три до четири други хобија / занимации да курдисаш – наеднаш!

Триесет години работам во сепарацијата во Ноихајм. Скоро исто толку години го гледам грбот на селото, кога ќе дојде некое официјално писмо од општината, на кој е отсликано дрво кое расти на врвот од ридот. На територијата на општината има повеќе ритчиња кои сите имаат една особина т.е. дрво на вршката. Сум ги гледал од лево, сум ги гледал од десно, сум ги гледал од Ноихајм, сум ги гледал од Хирцел, ама никогаш сум немал прилика да ги фотографирам како што се прикажани на светските “таблои“.

И така вчера по вторпат (два пати во еден ден) добив желба да одам некаде за да фотографирам. “Запалиме“ колата и директно во Ноихајм. Директно таму. Само за тоа, да ги видиме од блиско и да видам од каде кој ги има фотографирано.
Како и со години на назад, Гого тргна со една камера, еден објектив.
А и да носев 7 камери и 12 објективи и шо ти знам шо – резултатот ќе беше ист.
За тоа што, понекогаш “ѕвездите“ не светат од својата убавина, нив им треба и шминка и убав фустан… Вчера, светски познатите ритчиња беа како “не измочана мома“. Убави во основната верзија.

Не еднаш сум рекол, за сензационална фотографија треба да бидиш во право време на право место. (Или да си добар у фотошоп 😉 )

Ми текна за ноа детето од сабајлето, дали ќе а засака фотографијата или ќе му се налуте на апаратите шо не прават убави фотографии, и покрај шо дал толку пари… Зошто и најдобрите апарати не прават фотографии ако не си во право време на право место. Еве јас на пример, никогаш нема да направам сензационална фотографија од водопадите на Ниагара во Швајцарија!!!