Не врзан муабет #03

Сабота,
навечер,
модус – ковид 19
време за “не врзан муабет….“

Еве, ќе почниме да славиме, тука и таму, годинка на Короната! И ако не така стара Короната ни го заеба животот у последната година, скроз.
Ногу работи се сменија. На ногу работи се навикнаме..

Јас со години а имав таа навика да во новчаникот не носам ногу пари. Ако имаше нешто ситно, имаше колку да се руча или вечера во било кој ресторант. За повеќе ако треба се има карти, банки, човеци…
Ама сега забележав дека у последно време у новчаникотнема ИЧ пари не вртам. И не фалат, тоа е трагичното. Ама па затоа сиромаот поштар се искилави носејќи пакети.

Постанаме и не стрпливи, или повеќе желни за промени и нешто ново.
Пред некој ден, го уклучувам мобилниот навечер да се полни, титнува, светнува ламбичката и курдисува да се полни, демек.
Сабајлето го спакувам у џебот, одам на работа – нема струја. И шо друго, го уклучувам да се полни, титнува, светнува ламбичката и курдисува да се полни. После некој саат 100% полн. И не го мислев ногу, “не го ставив на ак’л“ што би рекле нашите сонародници од струмичкиот регион…
После некој ден, пак.
И пак.
Аааа брату, не така со мене.
WWW …
Синеее!! де најди …
И ОП, новиот телефон нарачан.

Ама дали стварно требеше нов да се купува? Во меѓувреме открив, ако кабелот малку “на десно го затегниш“ се полни секој пат. А на понов кабел и без влечење или затегање.
Ама новиот телефон беше нарачан…
И пристигна. Оригиналната кутијка во пакет, спакуван како да сакале да шо побрзо се отргнат од него и со трета “бандарола“ на кутијата дека е “оригинал“ пакување.
Отвараш и радоста се претвара во скептичност… Зошто НОВ уред има изгужвана заштитна фолија, зошто нов телефон има залепено заштитна фолија на дисплејот и отисци на неа, зошто упатството е на арапски, а полначот руски???

Мислачки…

И зошто во општо ми треба НОВ телефон (мобиљка), та ќе најдеме некој кабел за полнење. И шо е новиот подобар од стариот? Та он супер си ги бркаше тие три работи за кои ми треба, да телефонира, да пише пораки и да изиграва модем за клаптопт на “терен“…

Да, такви мислачки, за логиката за човечкото битие у последно време често ме напаѓат.
Пред некој месец испаднаа нови фотокамери. Терминот за обновување на камерата беше дојде и сега се постави огромно прашање, дали да се оди на “новата“ техника и технологија. Дали со шестпати поскапа камаера ќе се прават шестпати поубави фотографии.
НЕ.
Јас нема да правам подобри фотографии само за тоа што имам фотокамера со 16480 можности за нешто да се наштелува. Мојата фотографска мисија е да го забележам моментот кој го доживувам пред мене, без време и можности за сценографии.
Можеби некој, кој живее од фотографија кој вложува пари и време и од кој се чека да презентира даден квалитет, ќе мора да инвестира и во нај скапата опрема …

Исто така, тиа денови се размислува и на тема шо имам јас од:
www.ristovski.ch
www.foto-gogo.ch
www.kavadarci.info
www.makedonium.ch

Ајде утре понеделник и први и нов месец, ќе мора да се почне нешто ново.