Будење

Пролет.
Полека целата природа се разбудува. Некои растенија се напупени, некои веќе цветат или праќат полен, осеќам јас на моите очиња 🙁

Време да се дурдисат градините и дворовите… Време кога имаме зголемена посетеност од хоби градинари. Идат кај нас во сепарацијата, млади, стари, жени, деца, добро упатени, почетници, и шо уште не. И со сите имаме посебен третман. Треба да им објасниш нешто за материјалот, нешто за намената, нешто како да се движат по плацот за да не ги согазе некој камион или некоја машина…

Вторник, попладне, температурите веќе накај пролеттни. На плацот влегува кола, по стар модел, ама солидна. Се движе со брзина од некои 2 до 3 км/ч, чекам да заврти и да застане за да видам шо е потребата. Застанува, се отвара вратата од кај шоферот, после минута-две “шоферот“ успева да излезе од колата и полека потпирајќи се на колата ја заобиколува колата и доаѓа накај мене.
Добар ден – добар ден.
Човекот кој личеше дека има 80, а се движеше како да има 115 години, почна да ми раскажува како он неговата жена ја запознал на панаѓурот во Еинсиделн 1957 година, кога она работела како келнерка на штандот од женското спортско душтво и ако била учителка, и како они после се земале и како си имале деца кои сега работат во банка и дека си направиле куќа која имала ногу убав двор и КАКО сега за тој двор му требело малку песок.
Гут.
Му објаснав каде има таков песок како нему му треба и му наплатив унапред да не мора да излева пак од колата …
Полека се заврти и си влези во колата. Ама на задното десно седиште 🙁
После неколку моменти му текна дека он е тиа што го “управува“ возилото и ајде полецка си испадна и влези на вистинскот место.
Тргна, се паркира до купот со саканиот песок, и после веќе не се видоме. Изгледа замина…

Да од тиа работи ме фаќа страв. Да не согазам некој оваков мушетрија или некое дете кое трче по песокот мислејќи дека тоа е големо место за играење…

Ме фаќа страв и кога ќе видам вакви примери кои слободно се движат со возилата по патиштата на Швајцарската Конфедерација, по тие патишта по кои за некоја недела се спремам пак со моторот да ги шпартам….

Во секој случај, пролетта ги разбудува СИТЕ, сакале ние или не.