Утрински спокој

Утро,
Гребиш мразот од стаклото на колата и се пушташ у реката на автомобили правец работа…
Уште не расонет и не стоплен, приметуваш како човеците се наапани и нервозни и нестрпливи, уште сабајле се лепат на задниот браник.
Не се свесни колку полека можам да возам јас!
А само 5 метри не делат од спокојот Божји.