8-ми Март.

Ден на жената. Така и јас некако се осеќам, трудно. Да вчера беше убав ден, до некаде. После точно година и кусур се собра една убава екипичка на поседенка. Се видуваме со човеците у минатата година, поединечно, нели корона, протоколи, забрани … И така вчера смогнаме сили и храброст и се собраме. Пред да ни уведат уште построги мерки на заштита. Убаво друштво, убав муабет и ногу алкохол. Е до тука, до муабетот сето беше арно, тоа алкохолот, направи да се осеќам како да некој стиснал “ресет“! Цела година се однадуиме на млак оѓин и вчера, а заебаме работта.

Е сега може да бараме оправдувања,
Ај по повод 8ми март!
Ами не се собираме секој ден!
Еми еднаш и јас имам право да се поднапиам…

Сето тоа е гола вода. Факт е дека воа беше класично “сринување“, скроз. Нормално денеска владее: не пиам веќе! Ама од искуство знам дека тоа нема да трае ни до следниот викенд… Да се окикиравам малце и пак ќе бидам спремен!

Ама од друга страна стварно ми требеше воа “ресетот“ малку да се свестам, малку да се опуштам и малку да се оттргнам од тиа секојдневните масирања со забрани, одбрани и ограничувања…

Ете, денеска си нарачав гуми за моторката, и добромисла нека е ќе почниме да ја спремаме за сезоната. Воа тука (интернетот и инштаграмот) може ќе пати малку.

 

А ДА!
СРЕЌЕН 8-МИ МАРТ!!! НА СИТЕ ПРИПАДНИЧКИ НА ЖЕНСКАТА ВЕРОИСПОВЕСТ!