Владата нема да падне!!

05/2017
Топло кафе со ракија, некоја чашка шира, бомбони, горбии, музика, маски, … и а исплашиме зимата!
Знамиња, малку ракија, малку говор, … и а управиме Македонија.
Прошетка, кафе, користење на зимското сонце…  и си направиме убаво на душата.
Понеделник, ете не пак на работа и животот продожува во нормала. Помина викендот на разни активности, едни се забавуваа, други уживаа, а некои се “бореа“ за опстанок на Македонија. И секој на свој начин задоволен.

Една мудрост вика “Глупиот ги повторува грешки, паметниот уче од грешките, а мудриот уче од грешките на другите“. Па така си се чудам како не го научиме ова. У денешно време кога сите грешки се на “www“ и кога сите имат пристап и можност да ги видат тиа грешки, стварно ми е чудно како упорни ги повторуваме истите грешки?
Македонија, средина на февруари месец. За една невесела и непланирана работа сме у Македонијата. Мотивацијата беше у минус па ниту едена фотокамера не зедов со мене. Беше време кога сакаме да остане само запаметено…
А во зимо, без снег имало толку “прекрасни“ работи да се фотографиират. Голата природа неможе да ја скрие човечката глупост. Немаше лисја да ја сокријат “човечката интервенција во просторот“ која во разни бои, големини и форми трепереа на зимското сонце. Браќа и сестри Македонци, следниот пат нуму па да се жалите како природата е немилосрдна и како “Господ не нѐ сака“!!! Сите лафат за згаденоста, за нечистотијата, а ќесиња и шишиња летат низ територијата на цела Поранешна Југословенска Република Македонија. Воздухот бил загаден, а во оѓините од шпорињата и казаните завршува сѐ шо не е поцврсто од железо!
Швајцарија, при крајот на месецот. “Ова не го очекував од тебе“, беше заклучокот на телефонскиот соговорник кој ми го кажа ова одкако му кажав дека немам интерес да одам на демонстрации/протест/манифестација во Женева.
Во северниот сосед (од Македонија рачунато) викат “прешао сам сито и решето“. Јас у виа 25 и кусур години, не да сум поминал сито и решето, туку имам поминато и неколку здрави рибања. Поголем дел од мојата “мудрост“ ја стекнав од сопствените грешки, а чат/пат си дозволувам и да самиот размислам, да не зимам здраво за готово на тоа шо ми го сервираат. Ете и овој пат докажаме дека Македонците сме експерти во стварања на здружениа…
Во прекрасната Швајцарија на времето имаше една “Заедница на Македонските друштва“. И оти Македонците традиционално се најпаметни, секој сакаше да неговата најпаметност е исправна па се подели заедницата и оп ете ти “Форум на Македонските друштва“. После почнаа да се дели секој на ваши и наши, се штампат нови друштва, организации, асоцијации … и на крајот – јас, тате и бате.
Ете денеска седам тука штракам по воа лаптопот (дури не сум го испразнил мозокот), штракам,  наместо да одам да го сменам лагерот па да почне сепарацијата да работе…
Ама пусто Македонски, прво нашето си го гледаме.
И така, “караваните ќе си одат, кучињата ќе си лаат…“ , нашите ќе одат на демонстрации, па вашите ќе одат на демнстрации, политичарите ќе си се ладат со нас и ќе си наплаќаат дневници, ќе ни продаваат топла вода, по болниците ќе се влечат болни за ништо, во приватните болници докторите  ќе “жнеат“ како ќе пу прдне на курот, ќе ни прават споменици и трибини, ќе си возиме по патишта со дупки, ќе се нервират шо некој не ги исчистил од снегот, нема да му текнува дека неговата кола а коче машината а чистење снег, ќе викаме како не иструа со авиони, ќе фрламе пластики у оѓинот, ќе се бориме да остане Македонија, ќе зимаме бугарски пасоши, … и на крајот за сѐ е владата крива.
Ама за среќа владата нема да падне – ВЛАДА НЕМА!

Ø

И така. Сѐ се движи, сѐ се менува… а плус тоа и ништо не е вечно

Утринското сонце само моментално и површински направи да се чуствувам подобро. Денови кога не ти е јасно шо е суштината на животот.

Тополата која со години одолеваше на ветровите, снеговите, сдуденилото, сушата, … не успеа да и се спротиставе на наострената моторна пила – отиде…
Остана, празен (брисан) простор кој ќе треба време да помине за да го “навикниме“

Така и човеците кои заминуваат од нас оставаат празнина која пробуваме да ја наполниме со спомени и слики. Тешко оде!

Па така рамнодушен те оставаат и вестите од стилот шо нашле  планети на само 378’400’000’000’000 km од Скопје, или шо некои шупелкари го уништуваат тоа парче земја шо си го рачунаш за татковина.
А од друга страна тоа е во сршта на секој народ па и на ВЕЧНИОТ,  БИБЛИСКИОТ, МАКЕДОНСКИОТ е стремење кон самоуништување 🙁

Ама ајде, утре е петок, работен ден, ќе отидиме на работа и ќе го разбистриме мозокот од непотребни мисли.

дрво

А нема.
А нема тополата која со години се спротивставуваше на ветровите, дождовите, времињата и невремињата и на фокусот на моите фотокамери…

Трипун, традиција, тертип

14ти февруари, ден кога се слави Свети Трипун, ден кога се подсетувам на човеци, Трајко, Ристо.
Македонија, земја на Народ кој сака традиции. Па така нешто и по третпат ако се случе, ОП! одма тоа е “ТРАДИЦИОНАЛНО“. И сега нормално традицијата е убава и добра работа, ама па мора ли да биде каа пред 20, 30, 50 години? НЕ! Македонскиот Народ традиционално ги прилагодува традициите на потребите, светските збиднувања и космичките влијанија.
Св. Трипун, знам, грешка е. Сега се вика Св. Трифун. Ама денот на кој Тато сам, или со тетин Ристе, ќе отидеа на лозјето, ќе а закопаа парата од погачата која се кршеше за Бадник, ќе закроеа ако е работна ден, или ќе поработеа дури можат ако е викенд – е тиа ден, баба тиа ден ни го кажуваше дека е Свети Трипун.
Денеска “ТРАДИЦИОНАЛНО“ Св. Трипун е веќе Св. Трифун (тоа со координација на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија) па традицијата на закројување и со тоа почнување на теренските работи во лозарството се претвара во МАНИФЕСТАЦИЈА на презентирање на “кројачи“ од политиката, дипломатијата, естрадата, и уште шо ли не, пред сите електронски и електрични медиуми и пред собраните верници и партиици. А да! поповите на тиа ден исто така се супер активни, сега веќе кога црквата стана десна рака на државата или обратно, не смеат да се криат зад ноа “тоа е забрането од државата“…


Ете, и ние Македонците во дијаспората, го одбележуваме празникот на виното, ракијата, грозјето, лозарите или на шо беше??? Св. Трифун, може да се рече веќе “ТРАДИЦИОНАЛНО“. За закројување, се наоѓа по некоја лоза, а најногу настрадуват кубаските и ќебапите. Нормално како Македонец си обврзан да ја негуваш традицијата – било каде и да си!!! Па така ракија кај Славе, вино кај Велин и со “бистра“ глава дома. Оти виа тукашните чичко милицајци не разбират од Св. Трипун и ТРАДИЦИЈА.
И бидејќи Св. Трифун па и тукашниот Св. ВалентаАаајн, уште не се државни празници, си работеме. Но во духот на Св. Трифун ја кастреме оградата – маказите да секат важно!!! Си работеме не толку креативна работа ама пак за тоа има време да се подсетиш на двајца доста креативни човеци кои не напуштиле на овој ден. Ни на едниот, ни на другиот не му стиснав ни лике или ни ноа РИП – ама ете вчера беа подолго во моите мисли, па си вртев “фимови“ за моменти кои и ако не толку ногу, сум имал чест да бидам во нивно друштво. Слава им.
И така додека “ТРАДИЦИОНАЛНО“ убавите човеци прерано не напуштаат, ни мора да се расправаме со човеци кои сај брзат! Демек нивната работа/мисија е најважна на светот. И секогаш наново се сретнуваш со ноа традиционалното “ама знаиш, тоа е ногу битно одма да се сврше, направе. Немаме време за чекање.“ И од кога ќе а свршиш работата за нив, одкажувајќи се од твоите потреби. НИШТО.
Ни едно фала, ни едно добро, го добиме тоа шо ни го прати…
Ебати тертипот.
Исто така една друга работа ме натера да размислувам за традиционалното ценење на туѓото и на “преправеното“. Бегањето од основите на традициите, на основите на сите работи и поминување на ценење на работи кои се “нашминкани“, сензационализирани, и јако фарбани … “ТРАДИЦИОНАЛНО“ ќе си патиме.

Темел ?

03/2017

“Дека си бе Гого, стара куќо“, пред некој ден на еден од тиа состаноците на “дијаспората“, го слушнав после којзнае колку години.
Интересни се тиа состаноци, се сретнуваш со човеци кои ретко ги гледаш, а те врзува тоа шо од прилика во исто време си ја напуштил Југославија (Македонија)
И баш таа “стара куќа“ и денешните нови технологии ме окупираат, еве веќе неколку дена. Куќата веќе стварно остарела, ќерамиите не се изпопаѓани, ама обелени. Тука и таму некое ментуше шкрипе, ама уште мрдат. И стврано е “проширена“!

Новите технологии веќе наголемо се упикаа у нашето секојдневие па и ваа “стара куќа“ не е поштедена од тоа. Интернетот, е-маилот, мобилните телефони, до некаде ги следев. Ама веќе фацебукот, вибер скипе и слично, сѐ потешко наоѓат месту у ваа  “стара куќа“ која и ако проширена тешко наоѓа место за нови работи.
Иначе “куќата“ почната да се гради у втората половина на минатиот век. На пресно ослободено поле и со комунистичка атмосфера. У темелот беа уградени љубов, респект и почит кон повозрасните, лојалност према властите, малку социјална мисла и ногу перспектива и надеж за убаво утре. Со годините како куќата растеше (и се прошируваше 🙂  ) така се надградуваше со историја, општество, природа и ред други работи, ама на тиа темели.
Па така денеска имам ногу проблеми со разбирање и прифаќањето на чаовеците кои ги уништиле темелите (или и во општо ги немат) и сета градба им е монтажна , преместлива, преправлива –  зависно  “кој ветар дува“.
Секојпат кога читам некои си искази т.е. “постови“ со сурова, нечовечна и глупа содржина на тие социјалните мрежи, си мислам “колку требе да си и самиот трул и да имаш скапана душа за да вреѓаш некое друго суштество, па макар и човек било?“
Нормално не се сите со исти мислења како тебе, ама ако некој инаку мисле и работе нешто шо мислиш дека е грешка, тоа не е дозвола да го вреѓаш. Таканаречени “интелектуалци“  вреѓаат сѐ и сешто шо не име по “нивно“ .
А “куќата“ некако има проблем со варосувањето на новата истораија, на доградба за нови темели и пред се страв од копање и промена на темелите…
Може ќе остане ваа “куќа“ стара градба, ама кога тогаш може ќе доприме до историиска заштита.
Тука на ова место, по кој знае кој пат, ќе напишам – до сите ниа шо на “фацебукот & co.“ лаат по властите, вреѓаа комшии и роднини, и се силат каа се анонимизирани зад мониторот: “Добро бе РЕВОЛУЦИОНЕРИ!  Каде сте у реалниот Свет???  На секое идење во Поранешната Југословенска Република Македонија гледам само “свадби и забаваи“, седења по кафенињата, и туфкање у место!!!