Владата нема да падне!!

05/2017
Топло кафе со ракија, некоја чашка шира, бомбони, горбии, музика, маски, … и а исплашиме зимата!
Знамиња, малку ракија, малку говор, … и а управиме Македонија.
Прошетка, кафе, користење на зимското сонце…  и си направиме убаво на душата.
Понеделник, ете не пак на работа и животот продожува во нормала. Помина викендот на разни активности, едни се забавуваа, други уживаа, а некои се “бореа“ за опстанок на Македонија. И секој на свој начин задоволен.

Една мудрост вика “Глупиот ги повторува грешки, паметниот уче од грешките, а мудриот уче од грешките на другите“. Па така си се чудам како не го научиме ова. У денешно време кога сите грешки се на “www“ и кога сите имат пристап и можност да ги видат тиа грешки, стварно ми е чудно како упорни ги повторуваме истите грешки?
Македонија, средина на февруари месец. За една невесела и непланирана работа сме у Македонијата. Мотивацијата беше у минус па ниту едена фотокамера не зедов со мене. Беше време кога сакаме да остане само запаметено…
А во зимо, без снег имало толку “прекрасни“ работи да се фотографиират. Голата природа неможе да ја скрие човечката глупост. Немаше лисја да ја сокријат “човечката интервенција во просторот“ која во разни бои, големини и форми трепереа на зимското сонце. Браќа и сестри Македонци, следниот пат нуму па да се жалите како природата е немилосрдна и како “Господ не нѐ сака“!!! Сите лафат за згаденоста, за нечистотијата, а ќесиња и шишиња летат низ територијата на цела Поранешна Југословенска Република Македонија. Воздухот бил загаден, а во оѓините од шпорињата и казаните завршува сѐ шо не е поцврсто од железо!
Швајцарија, при крајот на месецот. “Ова не го очекував од тебе“, беше заклучокот на телефонскиот соговорник кој ми го кажа ова одкако му кажав дека немам интерес да одам на демонстрации/протест/манифестација во Женева.
Во северниот сосед (од Македонија рачунато) викат “прешао сам сито и решето“. Јас у виа 25 и кусур години, не да сум поминал сито и решето, туку имам поминато и неколку здрави рибања. Поголем дел од мојата “мудрост“ ја стекнав од сопствените грешки, а чат/пат си дозволувам и да самиот размислам, да не зимам здраво за готово на тоа шо ми го сервираат. Ете и овој пат докажаме дека Македонците сме експерти во стварања на здружениа…
Во прекрасната Швајцарија на времето имаше една “Заедница на Македонските друштва“. И оти Македонците традиционално се најпаметни, секој сакаше да неговата најпаметност е исправна па се подели заедницата и оп ете ти “Форум на Македонските друштва“. После почнаа да се дели секој на ваши и наши, се штампат нови друштва, организации, асоцијации … и на крајот – јас, тате и бате.
Ете денеска седам тука штракам по воа лаптопот (дури не сум го испразнил мозокот), штракам,  наместо да одам да го сменам лагерот па да почне сепарацијата да работе…
Ама пусто Македонски, прво нашето си го гледаме.
И така, “караваните ќе си одат, кучињата ќе си лаат…“ , нашите ќе одат на демонстрации, па вашите ќе одат на демнстрации, политичарите ќе си се ладат со нас и ќе си наплаќаат дневници, ќе ни продаваат топла вода, по болниците ќе се влечат болни за ништо, во приватните болници докторите  ќе “жнеат“ како ќе пу прдне на курот, ќе ни прават споменици и трибини, ќе си возиме по патишта со дупки, ќе се нервират шо некој не ги исчистил од снегот, нема да му текнува дека неговата кола а коче машината а чистење снег, ќе викаме како не иструа со авиони, ќе фрламе пластики у оѓинот, ќе се бориме да остане Македонија, ќе зимаме бугарски пасоши, … и на крајот за сѐ е владата крива.
Ама за среќа владата нема да падне – ВЛАДА НЕМА!