Траќање од земја и у место…

Масовна заинтересираност, или заинтересирана маса!
Феноменот кој неможам да си го разјаснам еве веќе неколку години, дивее по Македонијата и Балканските простори.
За сѐ нешто сите се заинтересирани, а шо е уште поголема … дека и СИТЕ се експерти од таа/тие области.
Пред некој ден една група на прекрасни човеци, »Тиквешки точакџии« организираш настан на кои беа поканети сите љубители на точаците и на планинарењето. Организирани и средени патеки за возење со точак и означени патеки за пешачење. И нормално дека секој еден ќе најде некоја “скриена пасија“ во себе и ќе се најде у сета таа гужва.
Јас исто имам еден (или 3 – 4 точаци сѐ на се) ама од 8-мо одделение веќе не се рачунам точакџија, велосипедист или такво нешто. И мислам колку и да сум во можност јас нема да одам на »АЛШАР«, не е тоа мојот свет.
Секако е убаво и за пофалување кога ќе се собере маса на народ по некој повод и на човеците од  »Тиквешки точакџии« им посакувам уште помасовни собири и шо може повеќе. Ама исто така ќе ги потсетам тиа шо одат само да стават слико на фацебукот (со пиво во рака) да се преслушат самите себе си.
Еве ваа недела иста собранија у Маврово, другата недела на друга ридчика…
А дете да видиме да се возе со ниа на Џиро или Тур… ќе почекаме.

Исто така наеднаш – сите ракометни експерти обожаватели, навивачи, фанови … и уште шо не?!?!
Само за тоа шо некој клуб од Скопје победил некаде! И оп, сите во чуство на велесила!  А преверил ли некој колку, од тиа деца играле ракомет у Скопје, Карпош, Бутел, Чаир ??? или барем у Драчево?
А да со тоа ТРЕБА секој Македонец да се гордее! Кириличното писмо во Русија е со потекло од Македонија!!! Докажано и признато од пријателот на Македонскиот Народ господинот Путин!
И како да е тоа малку, некој докажал!?!?  дека сето човештво потекнува од Балканските простори, а оти тука Македонија е најстара нормално дека од Македонија.
Да, живеев и растев (ова ќе го кажам по 7458 пат) у Југославија. Среден и задоволен од моите родители. Освен некои недостижни соништа, ништо не ми фалело. Идоли немав. Моја песна не. Пеач/пеачка јок. Од музика слушаме сѐ шо мислеме дека е арно. Да постанам како некој, никогаш не сум сонувал. Моите ме научиле, изгледа уште у тоа време, дека јас сум си господар на мојто земско постоење.
Затоа не сум навивал ни за Вардар, ни за Пелистер. А уште помалку за Ѕвезда или Партизан или Хајдук. Уште тогаш не ми било јасно, како и ден денеска, зошто јас би се гордеел или радувал на успехот на некој друг – обично непознат човек / екипа?!?!?
Јас си се радувам на моите успеси и достигнувања, колку и да се мали. Мои си се. Се радувам и се гордеам со успесите на моите најблиски.
А тие достигнувања понекогаш ме враќаат во реалниот Свет. А понекогаш дури ќе те “тратат од земја“. Тогаш каа ќе се расониш и ќе прегледаш реално повторно ќе ги сортираш вредностите.
А реалноста… компот.
Како човек да живее у реалност која е нечиј сон или да биде уште пожално кошмар на ногу други.
Реалноста е таа дека у мојата сакана Поранешна Југословенска Република Македонија еве и после 25 и кусур години уште не се појави/роди човек кој стварно ќе биде заинтересиран да направе нешто од тоа парче земја под ова сонце.
Едни не носат у НАТО – а кој кого прашал дали некој сака да оде  у НАТО или таму???
Други го преправија Скопјето (со пари од сите) у “Светска (бело..) метропола“! Која недај Боже ако еднаш некоја од тиа пластичните фасади се запале, пола Скопје ќе изгоре!
Трети па се лигават пред белосветските драпаџии и врсконосачи…
… ах мори дуњо, зошто сливи раѓаш???