“Каа мува без глава“

 

Каа мува без глава, тоа доста често го слушам од мама. Секоаш каа безцелно се влечеме на лојзто, нѐ учеше да не се “мааме каа мува без глава“ и да мислиме по нешто, каа ќе одиш вода да пииш, не само да го поминиш редот до водата, туку узпат и нешто да “поместиш“, дали ќе биде некој ластар да наместиш или подкршиш, дали ќе биде некоја троска да искорниш… Во секој случај не научи да мозокот ни работе нон-стоп и не само концентрирано на една работа.

Покасно разбрав дека некои научници одкриле (незнам како) дека рибата памте само 7 секунди. За мувите уште не сум разбрал дали имат предност, дали се со глава или без. Затоа шо и тиа муви шо се со глава не а “користат“. Или како ќе го претумачиме ноа коа упорно се траќат од џамот, а вратата до џамот отворена???

На 15.10.2017 за мене умре Кавадарци или барем надежта дека Кавадарци ќе биде “убаво место за живеење“, како шо вика Марјан.

Да се нема ни трошка храброст, да се нема ни ронка љубопитност, да се нема ни зрнце визија…

Гледаш, со години осеќаш дека те глибат, а ти повторно “навиваш“ за нашите, кои како риби заборават шо обеќале, пред 4, пред 8, … 27години!

На 15.10.2017 кавадарчани ја испуштија шансата, можеби последна, да од градот направат не европски, не светски, (таков град не ни треба), да направат едно културно, пристојно и “убаво место за живеење“, по мерка на СИТЕ кавадарчанки и кавадарчани…

Толку од мене за “моето Кавадарци“
можеби сегашните “неки нови клинци“ – ќе успеат да од Кавадарци направат “убаво место за живеење“, нашите генерации веќе – НЕ.