сиво е сѐ…

Ноември, 16ти
Есен, магли, ладно … Се топлиме по дома и си ги планираме веќе полека Новогодишните, Божиќните празници. Време на свечени ручоци и вечери! Па така и мојата “традиционална“ фотоизложба кај приателките од ОЖМ-Ш. Со изложбата, немам ногу припреми, фотографии еден куп, има и исштампани, врамени, спремни. Само малку ситно дотерување и изложбата е спремна. Оваа година одлучив да не штампам веќе фотографии, ќе ги издутнам тие две три изложби со веќе спремни фотографии 🙂 .
Ама пак, големите подготовки беа лани, за изложбата у Кавадарци. А од тогаш има поминато повеќе од една година,од тогаш има поминато 17 месеци, од тогаш имам направено плус некоја фотографија… Па така го прегледувам архивот од лето 2016то, па наваму.
ДА, фотографијата е убава работа, разбудува чуства. И сето тоа е убаво дури тиа чуства се убави. Ама кога чуствата ќе бидат само сеќавања на едно убаво време, е тогаш…
Се потсетувам на време кога сѐ беше како што треба, или како шо сме навикнати да е. Време дури сите беме на број.

Ама ете баш таа, фотографијата, денска буди тага во мене. Ги гледам, на фотографиите, саканите човеци кои денска веќе не се со нас. А времето не е којзнае колку 15 – 16 месеци. Ама ми се чине дека е веќе век. Изгледа додека “сите сме на број“ ногу и не губиме мисли за другите. Сѐ е како шо треба. Ама еве сега сум конфронтиран се едно чудно чуство. Во тие изминати неколку месеци, нема ден а да не мислам на саканите човеци кои не се со нас, па тоа ми изгледа како вечност. И тука пак почнуват прикаските за смислата на животот.
Фотографијата како медиум за искажување на чуствата е стварно интересен. Секој човек Светот го гледа поинаку, како он шо сака. Така гледајќи окулу нас си создаваме Свет кој ние најногу го сакаме. Нормално, ако некои работи за нас се убави не значи дека и на другите им се допаѓаат. Кога на времето, пред скоро 40 години, почнав да се интересирам за фотографијата таа беше за мене “техничка дисциплина“. Тогаш рачунав дека добра фотографија е таа шо и е потрефена експозицијата, блендата, а фокусот остар, остар… Преди едно 15 години, кога повторно и се предадив на фотографијата, тука почнав да гледам на фотографијата баш тоа што и денеска пробувам да го направам – да пренесам малку од моите чуства кон околината на човците шо а гледат мојата фотографија.
И тука паѓам на сите конкурси на фотографии.
Моите фотографии во 97,86 % настануваат случајно, без никакви припреми, без никакви планови. И шо е уште по убитачно за на конкурсите, фотографиите никогаш не ги “преправам“.
Па така на секој кокурс гледам како нашминканите, ХДР-исаните, фотографии собираат аплаузи.
Ама поминвачка нека има.
И јас така ќе продолжам да си го фотографирам мојот Свет, да си правам мои филмови и да се надевам дека немора да бидам статист у нечии хорор или ктастрофен филм. Оти гледам, има човеци шо ствараат филмови на катастрофа, да не речам апокалипса. И у тиа филмови обично гинат статистите. У тиа филмови се руше Светот на ногу човеци кои не се у главните улоги.