МАКЕДОНЕЦ

колку гордо звучи овој збор! Колку понос носи со себе!
Сѐ додка не ја осетиш “традицијата“ 🙂
Роден у Кавадарци, срцето на Македонија (или барем местото кое се грижи за кардиолшкиот систем на Македонијата, макар да е тоа само за разредување на крвта со алкохол – читај ракија) и ако у времето на “најсилниот“ кумунизам, црквата не ми беше далечна. Црквата ни беше стварно блиску и освен играењето околу црква, често т.е. секој верски празник влеваме у неа. Главен водич ни беше баба Зора, Господ да а просте. Жена донесена од село у град и приморана да живее у стан. Жена, мајка на 5 деца, која со дедо Боге морале да го отстапат целиот имот на “Колективот“ за доброто на “братството и единството“. Носител на медал “Заслуги за народ од 1941“. Не комунист, верник. Верник на Македонската ПРВОСЛАВНА црква. Не е грешка напишано, она така а викаше, првославна црква.
У школото учителката Лилјана (наша комшика, и рода) ме научи дека човекот е постанат од мајмун – еволуција де. Покасно, кога почна мозокот да работе смостално и да размислува за “Светот и Господ“, а не само на газози и д’га магарица, си стоврив некој став спрема црквата кој до ден денеска го имам, можеби Господ стварно не постое, ама црквата, таа Македонската првославна или православна, е главен кривец шо Македонскиот Народ опстанал и покрај тоа што со векови бил окупиран и е обиколен од неприатели.
Тоа се пренесува и тука, во “туѓината пуста да остане“, во Швајцарија. Со години не зближува и не здружива, Македонците, верници на прво(право)славието.
Па така и вчера, 19 ноември од лето Господово 2017то.  Ден само за у црква, со причина и повод. Причина дека е недела и дека неделата е ден за у црква, повод покрај чиноначалствувањето на неговото Високоправосвештенство Метрополитот Европски г. Пимен и најавената промоција на книгата »Патувајќи«, од истиот владика. Литургијата на ниво, како шо личе каа владика е у црквата. Верници завиден број. Обеќа убав ден …
Заврши таа.
Промоција.
И сега, сега почнува “Македонската традиција“.
Се дознава дека дека книги нема. Муабети, чекање, кога нема книга ќе има ли промоција??? Чекаме, се дружиме, и оп гледам друга книга.
Па така си купувам »МПЦО СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ТРИНГЕН ШВАЈЦАРИЈА (1992 – 2017)« од Ацо Гиревски, издадена по повод 25 години од црквата во Шввајцарија и едно верско календарче за 2018та (со печатна грешка уште на третата страна).

Добро е.
Ќе има промоција и без книга.
Во помошните простории при Македонската првославна црква »Св. Наум Охридски« се собравме убав број на заинтересирани и неговото Високоправосвештенство Метрополитот Европски г. Пимен почна со презентација на книгата. Убаво ни раскажа како и зошто настанала книгата. Како земените примероци ги потрошил патувајќи наваму.  За прашања, не дојде ред. Владиката замина да направи едно крстување и вети дека кога ќе заврши ќе се врати и ќе продолжиме со прашањата.
Така и бидна.
Се врати во просторијата во која присутните чекајќи веќе ги искажаа своите “концепти“ за прашања и кои веќе беа “спремни за дискусија“.
Па така од прашањата за книгата остана само: дали владиката како свештенско и јавно лице смее да биде толку присутен на медиумите и социјалните мрежи…
После тоа муабетот забаега во правец на политика, филозофија и морал!
Како и во безброј досегашни средби и состаноци со Македонци “традиционално“ секој лафе шо мисле и секој слуша шо мисле.
Џабе некој зборува и објаснува нешто кога секој веќе си има створено филм и нови кадрови не прифаќа…
Па така од една фина промоција, помина на пазарџииски муабет.
Заврши и таа.
Неговото Високоправосвештенство Метрополитот Европски г. Пимен и членовите на црковниот одбор се повлекоа и продолжија со состанок за решавање на нивните недоразбирања…
А ние си заминавме по дома.
Стигам дома, се растоварам. Уклучувам компјутерот ставам камерата да префрле фотографиите од денешниот ден (не се ногу 180 – 200) земам книгата »МПЦО СВЕТИ НАУМ ОХРИДСКИ ТРИНГЕН ШВАЈЦАРИЈА (1992 – 2017)« да ја прелистам и ЕЕЕЕ! Фотографија, таа е “моја“ фотографија, листам… оп уште една, и уште една …
?!?!?!
чичко попе?
како како беше наа:
“не кради“ ? а?
или наа:
“не посаковај туѓо“ ? А?
2017то лето Господово! Сте слишнале/разбрале ли за телефон? За пошта, па макар и електронска (E-Mail) ???
Имате ли контакт со овоземскиот Свет?
Сте слушнале/разбрале за лична сопственост, авторски права?
А најногу шо ме нервира, ЗОШТО не праша некој па да ви дадам прекрасни фотографии од црквата, верниците, владиката (владиците) ?
На “фацебукот“ (ако не знаете шо е тоа, прашај те го неговото Високоправосвештенство Метрополитот Европски г. Пимен он ќе ви објасни) веќе напишав и тука че повторам:
“Од Господ нека ви е простено, од мене благословено ЧЕДА наши…“

И така полека но сигурно сум убеден дека Македонија, Македонската нација, Македонската традиција НЕМА никогаш да ја снема. Имаме “чувари“ на Македонштината во сите пори на општеството.
Пред неколку години изгубив верба во политичарите, од кога “добро“ запознав еден од моите идоли за Македонството.
Полека и вербата во поповите бледее, оти “проповедаат вода, а сето вино го испија“

 

повеќе фотографии од денот »»»