Ристос се роди … !

Ете, ги пребродиме и тие празници. Ги истераме и по посланиета од Стариот и од Новиот завет, а најповеќе по “Посланието на Фацебук“. Кој како се снашол и знаел ги одбележи овие денови на душевен мир, достоинствено забележано на фацебук, месинџер “& co“.
Поповите викат не палите оѓини за Коледица, Божиќ, градоначелниците “благословуваат“, а “верниците“ се приморани да најдат некоја средина помеѓу сите вие “светци“ и будното око на социјалните мрежи!
Да денеска и ја бе у црквата. А таму, илјадо и кусур верници, шо ете денеска и они сакале да ја посетат црквата. Прекрасна е таа гледка. Толку Македонци на толку малку место. Ама тука исто како и секаде каде има маса на човеци владее анархијата или поточно речено локалното верско воспитување. Како што у Швајцаријата “од Кантон до Кантон е различно“, така и у Македонијата од село до село е различно верското учење и обичаите.
Абе чичко попови, до сега не успеате да не научите како е редот, ама ајде еднаш и ви договорите се како треба, напишите едно упатство и да почниме од негде.