прочкување

(зошто на прочка не се прочкува,  или зошто прочка не се вика прошка???)
долг период без потреба, желба и мерак нешто да се запише. А и сега, не дека нешто паметно ќе напишам ама нека биде забележано. Преди некој месец реку дека нема да пишам за Кавадарци, Македонија и ситуацијата таму. Ама дојде “Прочка“ па во духот на простувањето, ќе напишам некој ред за импресиите од последново ми патување и посета на “родната грутка“.
Примарната цел на патувањето не толку мотивирачка, но сепак со нестрпление чекавме да тргниме.
И слетаме на аеродромот “АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“!
си земе кола од аеродромот и го исправиме патот накај дома по автопатот “АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“!
И после некое време пристигнуваме до Кавадарци, првите светилки веќе почнаа да се гледаат преку маглата, те опфаќа некоја топлина, наближуваме до првите куќи, и тогаш осеќаш мирис, и тогаш сфаќаш дека тоа не е магла туку смог!
Како беше ноа ФЕ-НИ не труе! ами нели сега ФЕ-НИ не работе?
(ЈАС уште стоам зад тоа дека ФЕ-НИ и сите негови траги треба да се уништат, поништат и протераат од Македонија!)
Вака гледано, по концентрацијата на чад, би ни завидело секое српско село кое трдицинално произведува “димљене кобасице“ и слично. Само проблемот е шо тиа смогот не само шо “мириса“ туку и штипе! штипе на очите. После си мислиш КОЈ ни го праве воа? Првиот одговор беше одма “даден“, од една VW jetta diesel од едно … 1982 година, и така затемнетиот пат го камуфлира со еден квалитетен црн дим. После некој ден дојди и следниот одговор, кога ќе видиш како у ќумбињата се сѐ горе, а најмераклииски е каа ќе ставиш иверица – знаиш како горе! А за ќубриштата шо ги окупираат сите површини каде не фаќа појак ветер да и не лафиме. И ќе се запрашаш наа филозовската “шо народ е воа“???

На времето, каа бе ја уште мал, кога тато и мама го разработуеа лозјето, кога верските обреди беа само у црквите и по домовоте дозволени, кога Тито и партијата го диктираа живеењето – “беше сѐ поубаво“!!! Дали било стварно така, незнам. Ама гледано преку детските (мои) очи, стварно беше сѐ поубаво и како шо треба. Израснат по таа логика и у тоа време, кога сѐ ми беше убаво, тешко ми е да ги сфатам ногу работини од денешницава, а уште потешко да ги разберам.

Св. Трипун, или Св. Трифун сега, ми беше познат по тоа шо СЕКОЈ одеше на СВОЕТО лозје, ќе а закопаше паричката од Бадник, ќе однесеше пченица и вино, ќе закроеше – и толку.
А сега и една убава традиција (фамилијарна) со “Дизнилендирање“ поминуе у “профитабилна“ направија. Попови, политичари, дипломати, и ред други лигавеши се презентираат пред лозарите и им обеќаат розова иднина само пради заради шо они ги подржувале и дека гледат иднина баш у лозарите/винарите… И ОП, од каа ќе се изнакезат пред народот – на софра! Исто како Титовите пионери и сопартиици на времето, (од некои традиции не се одкажуваме па макар да се и од друга вера!)
АРНО, ПОМИНУВАЧКА НЕКА ИМА!
Сега, да не си ја грешам душата, не дека и јас со моите другари, роднини и ближни човеци не јадеме и пиеме тие денови, наспроти – ептен активни дружби беа тие неколку денови у Кавадарцито и у Македонијата. Само шо со нас немаше поп и камери да не сликат и снимат.
Да бе! Сега се преверувам и преслушувам – нема ни едно слико од дружбите, поседенките… абе ништо. А толку убаво ми беше! Ама па да, и тоа, дружбите, мислам дека се измислени за дружба и муабети помеѓу убави човеци, не да се презентираш по интернетот (за весници, не праам муабет, ниту попови ниту политичари сме…)

И така после десетина дена, автомобилчето и пак по автопатот “АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“ правец на аеродромот “АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ“, кои и ако уште така напишани веќе ги прекрстиле… за подобро утре на МАКЕДОНСКИОТ народ!?!?!?

Да, кога ќе ни “ВЛЕЗАТ“ (да не речам коа ќе ни ги набијат) НАТО и ЕУ СЀ ќе биде поарно – радуј се коњу на зелена трава!!!