Паралелен Свет ?

02/2017

Пред неколку години, кога интернетот беше уште у “пелени“ и од фацебукот и јутубето ни “ф“ немаше, најглавна занимација за губење време беше гледањето у кутијата наречена телевизор. Јас обожавав серии, филмови од “научнофантастичен карактер“. Па така ја гледав и една серија “Sliders – Das Tor in eine fremde Dimension“, во слободен превод од американско/германско  “Лизгачи – портата за во една туѓа димензија“.  Неколку човеци со помош на една направија се префрлаа (лизгаа) од еден во друг паралелен Свет. Нормално тоа сето е фантастика, у тоа нема ни ронка наука. Ама побудуваше мисли од стилот “како би живеел јас во некој друг Свет?“.  Мислите поминуваа во соништа, а соништата у есапи. Јас, во мислите и соништата, не се сп’згав помеѓу повеќе светови туку повеќе се сп’згав по овој Свет ама по друга временска “оски“. Шо ќе беше да го завршив факултетот кој го почнав? Шо ќе беше да остане у Кумуналец да работам? Шо ќе беше да сум дошол у Швајцарија 10 години поранно? Шо ќе беше да Тато ја прифатил понудата и наместо у Кавадарци, сум пораснал во Охрид? Шо  ќе беше … , еден куп такви мисли. АМА на крајот, секогаш сум ја гледал реалноста околу мене и сум бил среќен шо ете мене и моите најмили нѐ има баш у овој Свет и у воа време.
Понекогаш, мислам дека некои човеци меѓу нас се од друг Свет или барем “изгубени во времето и просторот“, па повторно ми идад тие мисли дека некаде мора да има паралелен универзум. А понекогаш мислам дури, дека и виа Свет е цел измешан. Или брем не се врте по иста временска оска. Додека некаде времето тече линеарно во напреден смер, на друго место се врте у круг (ѓоа пуфеш у гаќи 🙂 ).
Еве на пример снегот.


У Швајцаријата заврна снег. Тиа во скијачките центри му се израдуваа, ги уклучија лифтовите и среќни ги чекат гостите. Тиа шо го чистат снегот по патиштата, улиците, тротоарите, паркинг плацовите, ги запалија машините, го “сотр’а“ снегот од таму кај шо смета.
И еве денеска, слушајќи го радиото, најголем проблем е тоа шо ФИФА рекла дека од 2026 година наместо 32, ќе учествуваат 48 нации, ПА ЧОВЕЦИТЕ ЌЕ ТРЕБЕЛО НОГУ ПОВЕЌЕ СЛИКИЧКИ ЗА АЛБУМИТЕ СО ФУДБАЛЕРИ ДА КУПУВААТ !!!!! СТВАРНО ЛИ Е ТОА ПРОБЛЕМ !?!?!?
У Македонијата заврнало снег. Со денови улиците и патиштата не биле исчистени. Со денови у Кавадарци немало вода. Со денови се расправа кој е виновен шо заврнало снег. Со денови се бара кој ги зел парите за чистење на не исчистил. И нормално, ќе мора да се најде кривец, по име и презиме. А у сета таа работа снегот или мразот ќе си остане таму кај шо смета се додека од мака не се растопе.
И у ова замрзнато време, а и секогаш кога по улиците на Кавадарци имаше мраз и “сп’згавици“ (и ако не се сеќавам на ногу работи од моето детство – прашај те ги Мама и Зока 😉 ) во мислите ми иде дедо Мане, да Мане Бегнишки, ниа “и Црна е матна ама и Мане е итар“, он секогаш у такви услови преку чевлите навлекуваше чарапи, да не се сп’зга и не веруваше дека човеци на лизгалки се движат па и пируети прават на мраз, “сенки баго мата, се сп’зглае по мраз, ја со чарапи на чевлите це утепам, они се сп’згале!“, беше неговиот коментар кога ќе видеше како гледаме уметничко лизгање.
Тоа беше крајот на 70-сетите години од минатиот век – е толку е Македонија напред отидена, да уште чарапи за преку чевли треба.