Си лафе ...

... Гордан Ристовски

««« HOME (дома)

» 2007
» 2008
» 2009-01
» 2009-02
» 2009-03
» 2010

 

kavadarci.info

makedonium.ch

www.makedonium.eu

SKF

 

 

  • 2011

 

30.12.2011

Предпоследен ден во оваа година 2011. Уште една година од илјадници поминати. Среќни, како што си посакавме предходната година, бидејќи и оваа година ја прежиевеавме во мир и здравје.
Затоа повторно ќе си посакаме и за следната година здравје и мир.

Година што ќе ја памтиме по неколку случувања. Случувања од кои научивме интересни работи (барем некои од нас). Уште еднаш повеќе природата покажа кој е газда на овој Свет. Нај впечатлив пример беше случувањето во Јапонија каде човеците прво земјотрес, па цунами и на крајот радиација ги потрефи. Стварно непотребен пример дека човек од едно може да се одбране, ама ако тргне сето зло по тебе - Господ нека те чува.

Од друга страна пак ја доживеавме (од страна) “Арапската пролет“, во неколку земји од Африканскиот континент народите се побунија против диктаторите кои владееја со нив. Некаде ги сменија диктаторите, некаде ги ликвидираа, но на крајот покрај извесен број жртви, ногу аир нема да видат - досегашните диктатури ги заменија со демократии од кои - Господ да те чува.

Но имаше и успеси на меѓународно ниво, долго бараниот Бин Ладен го утепаа, а Берлускони се “повлече“ од политиката. Да тоа се успеси, барем така ни пренесуваа медиумите. Американците се радуваа на веста за ликвидирањето на Бин Ладен исто колку што се радуваа италијаните кога се соопшти дека Берлускони (таткото на нацијата, или барем на неколку вонбрачни деца) се повлекува од местото Премиер на Италија. Паметен човек, му ја остави државата на други да ја извадат од презадолженоста. А да, и Гадафи го утепаа. И сега американците ќе им донесат демократија на човеците во Либија. Ќе се осреќат кутрите - Алах да ги чува.

Демократскиот свет исто така “најстрого ги осуди“ мислите на некои срби да Косово се поделе! Европа и меѓународната заедница се стриктно против било каква поделба на земјите на Балканаот!!! Ааа???? Па господо демократи нели сте вие тие што пред некоја година Србија ја поделивте??? Но на господата демократи не им смета да ја прзнаат најмладата држава во Европа, која буџетот на државата го полни од трговија на “прашоци и делови“, а од друга страна една од најстарите држави во Светот на ја признава како треба. Господ да ми прости, ама ниа лудакот од Норвешка на погрешно место се празнеше.

Колку Светот е праведен човек неможе да процене. Зошто човекот е тој што ги става мерките на добро и зло. Иначе како ќе го објасниш фактот дека кога некои се дрогираат, едниот е деликвент и непожелен за општеството, а другата која ете имала среќа да знае да пее се прави иодол и се наградува со сите можни награди (дури се величе нејзиното “свесно“ козумирање).

Ако не одиме ногу далеку истата слика. ФЕНИ ја труе пола Македонија и добива награди од град Кавадарци. Да, можеби дади некоја пара за плочките на сред град и “инвестира“ во спортот, ама дали некои од нивните штитеници има смелост да размисли дали им се исплаќа “лигавењето“ и шо ќе биде со нашите деца, внуци, правнуци .... Господ нека не чува

Кошаркарите на Македонската репрезентација ни приредија пријатно изненадување. Наеднаш сите Македонци бевме горди на нешто. И сите Македонци бевме “специјалисти“ за кошарка. Но еве уште некој муабет околу спортист на годината и таа еуфорија ќе помине како што веќе заборавивме зошто и кога се радуваме ракометарите.

Лично за мене, годинава што поминува беше доста добра, ако не ги рачунаме настинките и гриповите, фамилијарно ја поминавме во добро здравје. Успесите беа во очекуваното. А како најзабележително беше тоа што 3/4 од возниот парк го заменивме со понов...

На крајот останува да ја испратиме годинава и си посакаме здравје и мир и за во следната година и - Господ да не чува.


Ги истепаа...

Ете, и Гадафи го утепаа...
Читам по весниците - сите се среќни (американците дури горди) дека уште еден диктатор или терорист е ликвидиран. Садам го одстранија уште пред некоја година, дали на тие човеци таму му е подобро сега ??? Кастро и он веќе не е главен, ама пак пушта по некој глас.
Дали Светот сега ќе постане подобар - по демократски - по мерка на американците и европејците????

“Народи коју овакву имају омладину, за своју будуќност нетреба да брину!!!“ кажа уште пред некоја година уште еден “диктатор“, другар и на Садам и на Гадафи и на Кастро, - другарот Тито.
Каде е сега другарот Тито да го прашам шо да праве Македонскиот народ? Младината ни е таква каква треба да биде, ама комшиите???? ... од сите страни Ѓорѓи сардисан....

И додека таканаречените светски полицајци и демократи делат стандарди за демократија и теророзам забораваат на основните човекови права. Забораваат со кој аршин до вчера мереле и кој аршин денеска да го земат. Македонија, како трн во око (да не речам по кавадаречки како “к.. у газот“) им смета на “демократските“ земји или представници не тие земји од Европа и Америка.

Мислам фактот дека Македонија е една од најстарите земји на Светот и со тоа една од земјите која најубаво за демократијата може да кажува приказни, им смета на европските демократи.
Иначе како би го објасниле однесувањето на некои си комисии и тела на евпоската собранија. Истите тие беа кои Косово го признаа за неколку денови. На европејците им одговара да управуваат и им “помагаат“ на држави и народи кои они ги измислиле и од кои очекуваат да после со векови им се благодарни за “пријателството“.

Истите тие се кои ги толерираат сите лажни бројки, постапки и лигавење на нивната членка - грција, со години и со децении! Изгледа им одговара “по грчки“ да ги балагува некој...

И мене стварно не ми е јасно кој им дал право да осудуваат кој е добар кој лош, на кој му треба виза на кој не му треба виза.

Но најлесно за несметениот двор да го обвинуваш комшијата.
Кога човек ќе види какви субјекти ја прават политиката во Македонија, земја во која со години влегуваат повеќе од 1’000’000’000 €, земја која до пред некоја година ја хранеше половина поранешна Југославија, кога тоа човек сето заедно ќе го види, ќе зе замисли кој или што ни е непријател??? Како може една држава која има потенцијал ако не во благосостојба, барем пристојно да живее, не може да си го најде своето место под ова небо.

По незнам кој пат се запрашувам, зошто ни е Европа зошто ни е НАТО??? Европа на никој ништо џабе не му дава (освен ако се нафаниш на грчки...)

Зошто не се најде некој Македонец со “мила ѕвезда“ и да рече: “е сега ајде да го сметиме дворот“
Залетани на пат за во европа, загубивме и оптимизам, и гордост, и почит, и респект - абе сé! И сега чемрееме на Балканот да некој си не признае тоа што сме биле многу векови пред него да го има...

27.10.2011


Лето Господово 2011-то, лето жешко...
... и повторно. Поминати 1700 и кусур километри, на 11 места платено друмарина, 4 гранични контроли и конечно дома.
Дома? која дома? една од двете.
Задоволството од првите моменти поминати во домот и со своите најблиски избледува се повеќе со секој контакт со околината...
Една од ногуте изкажани теории «Сé се движи - сé се менува!» изгледа во моето родно Кавадарци - не важи.
Да, не смеам да кажам дека нема, има и по некоја новопослана улица, има некоја по освежена фасада. Ама сето тоа неможе да го поправе сето останато сивило и пропаст кои се повеќе завладуваат со Кавадарци.
Сите ние (или барем неколку што јас познавам) учиме од сопствените грешки, гледаме шо работат другите, го посматраме светот и колку-толку се прилагодуваме према околината. Но и тоа е релативно... зависи од кој гледаш! еве на пример нашите политичари (човеци шо треба да ја “водат“ државата): Додека грчките власти за да го свртат вниманието од сопствените (внатрешни) проблеми го измислија проблемот со името на Македонија и стигнаа на оваа точка каде се денес, македонските политичари без многу идеи и визии го копираат однесувањето на грчките колеги носејќи ја државата таму каде што е грција денес. А политичарите? Кои се тие човеци? Тоа се во поголем дел, полуписмени суштества кои дошле на власт по туѓа заслуга и сега се богатат на рачун на маката на тие што демек ги избрале... Но тоа, “да му умре на комшијата козата“ е толку дибоко уградено во етниумот македонец шо при секоја потреба се појавува на површината....
... исто како арогантноста, рамнодушноста и презирот кои се основни предуслови за да работиш како шалтерски чиновник.
Гостопримството на македонците кое наголемо го презентираме како туристички аргумент, исто така загинува со првиот контакт со туристот кој има пари! Од “саканиот турист“ постанува одма потенцијален извор на пари кој треба што е побрзо и по квалитетно да се пресуше.
И додека се “чека“ да се реше проблемот на грција, Македонското земјоделство, стопанство, туризам и сé останато, пропаѓа, пропаѓа, пропаѓа, пропаѓа, ....
Но човеци или подобро да се рече другари како Златко, Ацето, Блашко и други, кои се спремни да ти помогнат човечки и надежта која уште не не напуштила и мислите дека ќе има повеќе човеци кои се спремни без резервно да ти помогнат кога можат, не тера да и наскоро пак изгазиме
3 - 4’000 км и се одтргниме од овдешното екојдневие кое пак поради испланираностра и организираноста не нуде никакви авантури и изненадувања...


 

 

 

© ristovski.ch 2011

 
 © Ristovski, 2007 - 2011 ristovski.ch@hotmail.com