2010/05
Вербата во грозјето, грозјето во верата
Човек се крсте во Господ. Кавадарчани се крстат во Господ, се крстат ама и во Св. Илија, и Св. Никола и други Светци, кавадарчани се крстеа и во грозјето.Се крстеа во грозјето - ама тоа беше едно друго време, време минато...
Далеку од Кавадарци, некаде во средината на Европа, човеците направиле црква Македонска, за да се молат на Господа. Дојдоа нависоките свештеници на Македонската Православна црква да го осветат ова македонско катче во срцето на Швајцарија.
Ја имав честа да од непосредна близина го следам чинот на осветување на уште една црква - Првославна, Македонска.
Стојам, ги слушам свештениците, од г. г. до “децата“ од хорот - убавини!
Стојам, ги слушам и гледам: ГРОЗЈЕ!! Грозје насекаде...
Не, не халуцинирам, не сонувам! Грозје - насекаде!!!
Не се крставици, не се тикви,
не се патлиџани, не се чушки,
не е кромид - туку грозје! Грозје - насекаде!!!
Забележувам како човеците ја забележуваат мојата насмевка која во општо не се совпаѓа со литургијата....
Грозјето го има насекаде, грозје на иконостасот направен од копаничарите од Охрид, на прекривката на престолот, на мантиите на свештениците - секаде грозје...
Од кога реализирав дека половина од украсните мотиви на црквата и во неа се грозје ме фати една смеа...
- дали и на грозјето “само“ ќе му се молиме?
- дали лозарите треба пред владата или пред црквата да штрајкуваат?
- што било прво грозјето или црквата?
- дали маките на лозарите се споредуваат со маките на Христа?
- стварно, зошто толку грозје има во црквата?
... поминаа неколку денови, јас ги средувам фотографиите (го гледам грозјето) и ги слушам лозарите на телевизијата како незнаат шо да кажат. Уште еднаш повеќе лозарите останаа ебани (воа веќе не е заебанција - воа е здраво дупење).
Жални се сликите на лозари кои по било која цена сакаат да си ја продадат “маката“.
Од друга страна гледано пак, кој е должен да си купи мака???
Некаде така, во второ - трето одделени (тоа е ептен одамна - пред ногу години, во титова југославија) не учеа дека виното произведено во Тиквешијата е од врвен квалитет и на светски глас! Ни расправаа дека сме вински регион на југославија, имаме и Гроздобер (вистински) .... ама вино знаеме само за “кртошија“ и “смедеревка“. У Кавадарци од секогаш повеќе се пиеше ракија.
Грозјето одеше у Тиквеш, па после “браќата словенци“ си флашираа и продаваа словенско вино низ белиот свет... ние се радуваме на ракијата.
Сега кога винарските гиганти пробуваат да се пробијат на презаситениот светски пазар на вино и кога во нашата мала држва ние и понатаму си пиеме ракија се прашуваме шо да правиме со грозјето??? А зоште никој не се праша шо да правиме со виното???
Понеделник, почеток на месец октомври. Сепарација за песок во централна Швајцарија. Тука, и во еден-два Кантони во околината есенски школски одмор. Продадено 15м³ песок. Произведено 300 м³ песок. И сега??? Треба да одиме ли пред властите и пред градежните фирми да штрајкуваме??? не. Утре нема да произведуваме песок. Машини во вредност од неколку милиони ќе мируваат.
Одма ќе си после човек, ами песокот не скиснува! Не скиснува, ама ако машините не ја бркаат работата на никој не му се исплаќа. Клучот на вратата и сите дома.
Лозарите стварно треба еден ден да отидат во црква. Си поминат неколку саати во спокој и си размислат:
«Дали да седам дома џабе, или да инвестира во работа која донесува само нервози и долгови»
А да, уште едно прашање, дали грозјето ќе остане само мотив за украсување на црквите???
Само мала информација за винската култура..
Колку литри вино по жител пие светот:
1.Vatikan / 66,67 Liter
2.Norfolk Island / 57,44 Liter
3.Frankreich / 53,22 Liter
4.Luxembourg / 52,70 Liter
5.Andorra / 51,78 Liter
6.Italien / 50,06 Liter
7.Portugal / 44,32 Liter
8.Slowenien / 43,77 Liter
9.Falkland Islands / 41,99 Liter
10.Kroatien / 41,16 Liter
11.Turks & Caicos Islands / 39,10 Liter
12.Cayman Islands / 36,92 Liter
13.Schweiz / 36,22 Liter
14.Ungarn / 35,07 Liter
15.Spanien / 32,92 Liter
16.Griechenland / 32,75 Liter
17.Österreich / 30,26 Liter
18.Guatemala/ 29,17 Liter
19.Dänemark / 27,52 Liter
20.Argentinien / 26,80 Liter
21.St. Pierre & Miquelon / 25,93 Liter
22.Äquatorial Guinea / 25,36 Liter
23.Belgien / 25,29 Liter
24.Rumänien / 25,11 Liter
25.Neukaledonien / 25,06 Liter
26.Uruguay / 24,91 Liter
27.Deutschland / 24,14 Liter
28.Australien / 22,70 Liter
29.Neuseeland / 21,83 Liter
30.Niederlande / 21,68 Liter
31.Bermuda / 21,31 Liter
32.Zypern / 21,04 Liter
50 и кусур. Македонија ??? 10 литри!
04.10.2010
2010/04
« ... шо да ви расправам ... »
август 2010, гледам скоро цела година не сум напишал ништо тука. Да, има шо да пише човек, арно ама, човек треба и приоритети во животот да си одреди. Така јас оваа пролет/лето се оддадов потполно на “Проектот 2010“ (http://www.p20xx.ch/) и пишувањето тука, а и на другите места го заоставив - потполно. А и секако, ова овде го пишувам повеќе за самиот себе, како потстник на моите мисли, а ако некој го прочита - убаво, ќе виде шо мислам...
Пролетта почна ногу убаво, барем што се однесува на страна од времето. После една безконечно долга зима дојде вистинска пролет. А колуминација на убавата пролет беше феноменалната пролет во Македонија, првите две недели од месец мај. После една/две години пауза повторно пролетниот одмор го поминавме во Македонија. Во тие две недели имавме време да се изнаслушаме како лозарите се жалат... Стварно е жално шо никој не му го плаќа грозјето. А од друга страна, кој ги тера да произведуваат грозје ??? Да, едно време се “живееше од лозјето!“ Ама кога човек ќе размисле: тоа време беше кога у Кавадарци работеа Тиквеш, ФЕ-НИ, Комбинатот, МИК, ЕМРО, ЕЛРО, ДАФИНКИ, мафинки и уште кои не ти фирми во кои работеа по неколку стотини работници. Тие работници работеа во фирми, им беше платено социјалното и здраственото осигурување, во некои дури и појадокот и ручекот, а поручок од кога ќе се одмореа (и некоја сабота и недела) одеа на лозјата да поработат. И на крајот, Тиквеш кога ќе ги исплати парите од грозјето, нормално дека ќе се осетеше “купчето“. А сега ШО??? Ниту купчето е купче, ниту па однекаде по нешто “капе“ - нормално веќе “нема живот од лозјето“.
Таа пролет го видовме и “новиот кеј“ на “реката“ Луда Мара. Ептен убава шминка. Плочкички, клупички, ламбички, сé убаво. Само нешто ме потсеќа на празничните работи! набрзина направено и како за “една употреба“. иначе како човек да го претумаче тоа што одозгора се и сешто направиле а под шеталиштата од двете страни, наместо по некоја цевка за собирање на атмосверската и одпадната вода изнасипале кубици земја... Ако некој ден ќе ги ископаме плочкичките и ќе ставиме цевки под нив....
Истата жална слика на плоштадот - цел го расипале. Добро де, за да се направе ново, од старото треба да се разделиме. Златен плоштад. Да беше во некоја европска земја, поднего ако не на четири, ама барем двоспратен паркинг ќе направеа за да си ги “исчистат“ улиците... Ако ќе дојде време и тоа ќе се направе - а и плочките од Кина, еден ден од морална страна секако ќе треба да се фрлат...
Ама ете и така помина пролетниот одмор. Потоа, пак Швајцарија... Си пристигнаме, и место пролет, шо да виде човек - есен. Некое педерско лето се додека не си тргнав (со точакот) за Македонија.
Поминаме 5-6 држави и стварно наа српската «што јужније то тужније...». Најмногу ме израдува што на нашето деветдневно патување сретнавме само добри луѓе. Патувањето помина толку нормално и без проблеми, да човек нема ни што да расправа. Нема што да расправа??? ИМА! и тоа ногу работи за расправање, ама тиа работи ако ги каже човек - ќе навреде некој... Затоа уживај...
Во Македонија, («како кривите в’ци» шо вика Мама) се собраме целата фамилија. И за да ги искористиме тие 10-15 денови шо ни останаа решиме да по прошетаме низ Македонијата. Мене не ми беше до шетање - ама од друга страна шо ќе правиш цело време у Кавадарци. И така отидоме еден ден до СТОБИ. Јас како “експерт“ за Стоби ја истоварив фамилијата на грешка страна. Едно време каде што беше ресторант и продавница за сувенири - сега се “уклопило“ во стилот на Стоби - рушевина...
Ајде некако, со помош на археолозите кои седеа и чекаа пари од некое си министерство, а управиме работата па прошетаме по улиците кои уште преди ногу илјади години шетале човеци...
Еден чувар, една касиерка имаше - ама ресторантче или нешто слично да се освеже човек - јок!
Ако убаво си поминаме, сокче си купиме у Росоман... А таму пак нешто специфично за нас Македонците. Кусурот од неколку десетици денари го добив во банкноти кои беа “стуткани“ во топче! (во Швајцарија ни старата хартија не се фрла така...)
Сталната дестинајција - Охрид и овој пат не ни избега. Прво убаво изненадување на патот за Охрид - Плетвар. Го направиле со три ленти па човек покомотно може да ги престигнува “јелчовите“ и “фаповите“ (ако нема на патот некој си “газда“ со мерцедес). Првото грозно изненадување - Ѓавато! Убав паркингплац за да одморе човек, ама мислиш цела Битола тука го истурила ѓубрето - грозно.
... Македонија, земја на природата, земја на убавините... тра ла ла ла...
А Охрид и оваа година најскап. Сместувањето не беше и толку скапо, јадењето се “јадеше“. Најскапо во Охрид изгледа дека е «ДОБАР ДЕНОТ»!!!! Ти да доживеиш охриѓанец да ти каже “добар ден“ тоа е како 6-ка на лото...
Ама и покрај сите негативности, пак си ја сакаме нашата Македонија - се гледаме следниот пат...
30.08.2010
2010/03
«
Секоја нација ја има Владата што ја заслужува»
...кажал Жан Мари д’Мастр кој живеел уште пред 200 години (Joseph Marie de Maistre, 1753-1821).
У времето додека како дете одев на школо, учеме помалку и историја. Добро, како и секаде, малку прилагодена према актуелната политичка и економска состојба, ама учеме историја. И таму не учеа дека постоело ... праисторијско општество, па некое си робовладетелско општество, па феудално општество, па капиталистичко општество и ние ете како нај атик живееме во социјалистичко општество кое е последната скала пред комунистичкото општество, кое па треба да биде како врв на еволуцијата и револуцијата.....
Едно кажано, друго сторено. Таму некаде на Балканот, еден Народ кој околу 500 години живеел во некоја си мешавина од робовладетелско-феудално општество, со мали револуции ама без големи подготвки залетал да стигне до комунизмот. Преку својот напор (или инат) влегол во социјализам со надеж дека најбрзо ќе стигне у комунизмот како што “партијата“ го пропагира. И така стотина години лута низ историјата, која како и природата го казнува секој што работи против еволуцијата. Па сега живее еден народ во срцето на Балканот, да неречам на газот од Европа, и пробува да го “помине“ набрзина комунистичкото општество, ама никако да се одкаже од комунистичките мисли. Таа состојба, која треба да биде некој си социјалкапитализам, покрај народот (народите) и владата на таа земја одамна, без никој да осети, прераснува во анархизам, во кој “секој на секој и никој на никој“!!!
Така сегашната Влада на Македонија, се труде да постигне сé за да му угоде на народот. А народот кој го прашува што сака???
Еве од најновата “грижа“ на Владата за здрвјето на својот народ произлезе “европски“ закон со кој на пушачите им се забрани да ги труат непушачите. Овој закон стапува на снага на 1.1.!!! Да, во јануари, кога секоја културна Влада ги става на увид остварените и не остварените планови и програми од поминатата година. Секој зборува, пишува, се жали за радикалниот закон за доброто на непушачите. Никој не прашува колку “чекори“ од обеќаните 100 направивме во 2009-тата.
На времето еден кавадарчанец се “фалеше“: «ја жента не а тепам оти заслужила или оти ја су бил пијан - туку да ме лафе чаршијата»
Така оваа мудрост во денешно време ја користат повеќе Влади на разни земји.
Владата на Македонија во 2009-тата се “избори“ да Европа ги укине туристичките визи за граѓаните на Македонија!!! Браво за Владата. Сега сите шо ги крадат народот и државата легално ќе можат да ги однесат парите на “некое место“. Зошто истата таа Влада, а и сите досегашни, не направија ништо да сите Македонци можат туристички да се шетаат по Европа и Светот. Зошто истата таа Влада, а и сите досегашни, не направија ништо да сите Македонци имаат пристојно платена работа и одвреме-навреме си дозволат вистински туристички прошетки по Европа и Светот.
Најновиот муабет на Владата, можат да се увезуваат автомобили до 15 години старост!!!
И сега повторно почнуваат муабетите...
И сета работа, да и последниот заштеден денар се истроши во странство... и некој денар капне у државната каса, од друга страна и онака ништо не и влева...
03.02.2010
2010/02
Секој почеток е тежок...
Еве веќе озбилно зафлегоме у Новата 2010та година.
И додека Европа и Светот наголемо се залетани, ние Македонците чекаме “да поминат празниците“.
Ама и ни нам не ни е лесно. Ете тука во Швајцарија луѓето си го слават Божиќ на 25/26декември, ќе го одбележат малку почетокот на новата година и од 2ри јануари - на работа.
А ние, првославните Христијани?
Прво го славиме дочекот на Новата година како што со години не учеле Тито и партијата, па после за свое самопотврдување ќе почниме да ги славиме сите верски празници во јануари, а не се малку, за да после изморени од прослави почниме да размислуваме на тоа како да одмориме некој ден.
И така дури озбилно сме почнале дошол Велигден.
А виа празниците одозгора ги “појачуваме“ со по некој роденден, убаво е да се слават такви работи. Ете пред некој ден се собраме по повод роденден. Екипата одбрана, расположението на ниво, а времето лета, исто како мислите, при муабетот како беше пред 10, 20, 30 години....
И така уште не сé кажано дошло никое време. Од поранешните искуства на вакви собрании не одам со “автомобилот“. Па на пат накај дома, пешки по крајчето, уживав во снегот што врнеше како за на некој филм и на неисчистените улици и тротоари. Иначе таа појава, тука у Швајцарија е ептен ретка - да има снег по улиците и тротоарите. Тука имаат некои апсолутно не романтични работници и екипи, па штом ќе заснежи малку одма го чистат сето тоа. Ама овој пат беше ногу касно навечер или ногу рано насабајле, па не беа “у погон“, и така имав можност уште малку да ги пуштам мислите во минатото. Во времето кога како дечишта шетаме по снег (и кал) и по дожд и у никое време, како да морало да ги газиме улиците и дворовите низ Кавадарци.
Така сега после 20 години повторно осетив како е да одиш по раскашавен снег, да те врне снегот, и да гледаш како некој си седи (или подобро речено спие веќе) на топло. А освен еден ресторант во кој беа собрани членовите на карневалската група и кои изгледа се спремаа за претстоините карневали, еден ноќен бар, насекаде околу мене беа изгаснати домашните светла, а и време беше за спиење...
Така кога стигнав до селото осетив како бубрезите си ја свршиле работата па треба да се одстрани вишокот. Ама каде, тука на улицата не личе, а до дома има уште бајаѓи. И оп, бинго. На едно градилиште гледам мобилно WC. Како нарачано, си викам смрде не смрде мора да се сврше таа работа. Ама и тука одма осетив дека не сум у Кавадарци пред 20 години. Влегуваш у мобилно WC и место смрѓава еден пријатен мирис на лимон и свежина - такво нешто у Македонија не постое. Дури и во најдобрите ресторанти и хотели во Македонија уште се нужниците нешто “нечисто“.
И така после скоро саат пешачење по снегот си стигнав дома. Расположението уште ме држеше, а и душата така освежена со мисли, не ни се спиеше. Си викам дај да видам шо има по воа телевизијата у воа време на ноќта.
Ама тука и “светот се сменил“. Пред ногу години кога покасно ќе поседиш, а обично петок или сабота имаше само некои ефтини порно филмови. Ама тоа у денешно време не е пристојно па сите “озбилни“ телевизии прикажуваат некакви “психо-силеџииски“ филмови во кој некој на некој мозокот му го пие или комшијата го касапе како да ќе го продава у месара. А шо да правиме, тоа го диктира америка. Жално е кога скоро цел свет го прифаќа нивното. Земја у која ако некоја учителка си ги покаже (на прифатно) цицките ќе биде осудена и одпишана, секој ненормален американец може да си купе оружје, да не речиме у скоја трафика.
Ама овакви мисли ми идат затоа што ете уште не работиме за озбилно, уште еден празник - два, да истераме па после ќе се фатиме салам за работа. И после нема толку да ме нервира:
- што Македонци ми праќаат честитки за нова година напишани со бугарско писмо
- што и во новата политичарите се убедени дека спасот ни е во Европа, а не во работата
- што Македонската телевизија нема време да направе некоја нова продукција па ни пушта емисии “од богатата ризница!!!“
- што Е-Мајловите испратени во Македонија се однесуваат како да си пуштил сигнал во свемирот
- што ...
Ама ајде почеток на годината е ако не сé, барем нешто ќе поправиме оваа година.
18.01.2010
2010/01
Кавадарци, градот на педерите...
Нека ни е серќна Новата година и новите закони!
Пред ногу години, памтам, на телевизијата во време на новогодишните празници имаше по некој човек шо ќе ни посакаше ногу здрваје, среќа и успех во работата. Зборуваа за постигнување на нови цели, или за остварување на веќе поставените.
А сега, на почетокот од третиот милениум?
Предупредувања, да неречам закани, до народот дека од 01.01. во 00 часот стапува закон по кој “ОДМА“ ќе се работи и ќе се санкционира - казнува.
Од 06.01. исто така - стапува закон по кој “ОДМА“ ќе се работи и ќе се санкционира - казнува.
И едниот и другиот закон се потребни, ама повторно се докажа дека поновите власти во Македонија разбираат само црно/бело.
Првиот забраната за пушење (цигари) на јавни места и во јавни простории (воа јавни со пушење чудно се пишува...) по “европски терк“ демек, е малку претерано (тоа никаде у Европа не е така). Но тоа и самите власти изгледа го осетија, па одма казни у стотици евра... Од некаде пак треба да се п’не касата.
А виа вториот за забрана на употреба на алкохол додека се возат превозни средства е “здраво спуштање“ за сите кавадарчани. По најновата граница од 0.1‰ кавадарчани од прилика од октомври до декември несмеат никако кола или нешто слично да возат. Толку алкохол у крвта се добива шетајќи по улиците на Кавадарци. А и воздухот да го мериш у тоа време ќе покаже!!!
Но нека а таа, и тоа ќе помине. Секое чудо три дена! Или како досега покажа практиката оваквите закони се “забораваат“ за три месеци и после служат само за “освета“ на тие шо не се сакат.
Или како ќе се образложи тоа што и после некоја година од стапување на сила на еден закон со кој требаше да се “светне“ Македонија уште ѓубре насекаде???
Или колку возачи се врзуваат со каишот додека возат??? Или возат со уклучени светла???
... А ваа е интересна: на телевизијата прават анкета како се снаоѓаат со законот со кој е забрането да се вози со повеќе од 0,1‰ : и еден “господин“ зборува како “како сега во тој случај, ќе мора да вози “госпоѓата“. А и господинот а и госпоѓата неврзани со сигурносните каишеви, а одозгора на тоа господинот во скутот држи едно дете така на возраст од едно 7-8 години кое изгледа има намена на “еир-бек“ / не дај Боже.
Такво е тоа кога сакаме да го измислиме кртавалото наново. Се е измислено, мала измена и како скроено за човек.
Оваа година не “видов“ ногу обеќања од властите. Можеби е така и подобро, нема на шо да се надева човек. Или можеби ќе ја завртата политиката, ќе почнат повеќе да остваруваат, а помалку да обеќаат. Кој знае? Ќе видиме.
Ете за новата година “испеаме“ неколку евра, за Коледе изгореме неколку кубика дрва, сето тоа е убаво - треба човек да се радува на некои работи. Но така широкодушно да се гледа и на некои работи од секојдневието - нема да биде лошо.
Ако сите ги отвориме душите и ако сите ги почитуваме законите Кавадарци повторно ќе блесне....
А, воа за педери у Кавадарци - е прикаска:
Во минатиот век, така седнати у еден кафиќ, една група на женски пиат која ѓус, која ти-ка, која водка... и си прават муабет. Му се убацуе еден “фраер“ и се профилира како “добар дечко, кој е на факултет, не е женскар, не пие, не пуше...“ прашањето од страна на женските “А ти брату педер да не си?“
Е по најновите закони сите ќе се доближиме до таа група на граѓани...
јануари 2010
|