2007
мај 2007
Координативно тело за иселеништво
... и уште една организација или агенција или како да ја крстиме, што «сака» да ни помогни на нас, Македонците, кои живееме и работиме во странство.
Ама јас мислам дека тоа е уште еден чекор за што подобар хаос во организирањето на Македонците од целиот свет.
Зависно од дневното расположение на извесни функционери во Министерството за надворешни работи, се формираат преорганизираат, формираат, прекрстуваат и уште што ли не, органи, тела, агенции и т.н.
И бидејќи тоа се работи веќе повеќе од 15 години, моментално располагаме со: Министерство за надворешни работи (кео несака директно да има работа со нас), Матица на иселениците, Агенција за иселеништво и сега најново - Координативно тело за иселеништво.
И сите они сакаат да ја прават чорбата што се вика Македонска дијаспора, ама сите го прават тоа со млака вода.
И така попарени, ние Македонците во дијаспората, сакале или не мораме да се делиме и да делиме - нешто.
Зависно од времето во кое се создадени или организирани поединечни друштва, клубови или асоцијации во странските држави, одма се наклонуваат кон организациите во Македонија кои се најактивни во тоа време, било да е тоа Матицата или агенцијата или сега најново координативното тело....
Затоа се прашувам: Кога еднаш за секогаш ќе сфатиме дека има (барем тоа што е од неа останато) една Македонија, кога еднаш за секогаш ќе научиме да сите на ист начин ја сакаме таа Македонија, ...
«Кога неќе да биде....»
Кој и како го уништи поносот на МАКЕДОНСКИОТ народ???
Скоро секој ден се прашувам - одговор нема.
Почеток на деведесетите години, Македонија се „осамостали“.
Се појави водач кој скоро секој Македонец го разбираше
и го следеше. За ГОСПОДИНОТ Љупчо Георгиевски бевме спремни да сториме се.
Што стана од тој човек? Зема бугарски пасош и ни расправа како иднината на Македонија е во склопот на Албанија !!!!!
ГОСПОД НЕКА НИ Е НА ПОМОШ
јуни 2007
«И Господ не не сака...»
... безброј пати го слушнав од измачените земјоделци последниве денови кога покушаваа да ја добијат битката против сушата која владее низ Македонија. Гледано од нивна страна така е, заборавени од Македонската влада (која е зафатена да измисли како да стигне државата во НАТО и ЕУ), «утепани» од трговците не земјоделски производи, па оваа лето и одозгора ништо не паѓа - па макар и дожд да е.
Пред некоја година имав прилика да престојувам во Македонија во почетокот на месец мај. Еден куп празници - беше недела, беше Велигден, беше Ѓрѓевден, се заедно. Но некои земјоделци а и скоро сите продавници од приватниот сектор - работеа.
Живеев во Македонија, учев во Македонија, а учев и географија за Македонија. Тогаш учевме дека во Кочани расте најубавиот ориз во Европа, дека на ресенското јаболко му нема рамно, дека во Прилеп се произведува најквалитетниот тутун, а кавадарчани не знаат ништо друго да одгледуваат освен грозје, исто како и струмичани со градинарските производи.
Македонија се осамостали...
Владата на РМ залета накај НАТО и ЕУ.
Земјоделците почнаа низ секаде низ Македонија да садат и одгледуваат се и сешто. Така да ако разбериме дека оваа година комшијата од 2 декари бостан заработил убави пари од година цело село се одкажува од се и посадува бостан кој подоцна заради хипер продукција ќе му го поклонат на препродавачите.
Затоа се прашувам, зошто кога така оставени од државата, неспособни да си направиме среднорочен план, не се молиме на Господа не само кога ќе ни текне дека од сите сме оставени туку како што личе на вистински верник - еднаш во неделата и тоа во црква, па недела не да биде недела туку и ден кога ќе се помолиме на Господ и најдиме мир да трензвено размислиме.
МОЖЕ ТОГАШ ГОСПОД И ЌЕ НИ ПОМОГНЕ
Исто така мислам дека не сме заборавени од Господ, туку тој, Господ, уште е големодушен гледајќи не како ја уништуваме земјата, ни дозволува да ја газиме оваа земја.
«БРАВО»
Едноставно браво!
И во Македонија има убави работи и се работе за убаво.
Додека скоро низ сегаде во Македонија гореше и имаше шумски и разни други пожари, во Охрид се направи повик на доброволци за спроведување акција за чистење на терените околу културно-историјските споменици, како превенција од пожари.
И за пофалба се сите кои се одзваа на овој повик, а тоа биле стотици доброволци во кои имало и туристи кои во Охрид го минувале летниот одмор.
Затоа БРАВО до сите. (има уште човеци во Македонија)
јули 2007
«Нов сјај на Стар Дојран»
После скоро 20 години имав прилика лично да го посетам Дојран.
И бев позитивно изненаден. И покрај годините поминати во сон, ме изненади во која добра состојба е инфраструктурата и со кој елан се работи за тотално средување на местото.
И покрај тоа што кај автобуската станица немаше ниту еден автобус (за разлика од убавите години кога на тоа место ни пешки неможевме да се разминеме) околината делуваше а и стварно беше чиста и средена.
И сега ако се најдат туристички работници кои ќе му дадат нов имиџ, место за одмор и релаксација, сигурно за некоја година повторно ќе мора да спиеме по шаторите во камповите бидејќе собите ќе бидат секогаш распродадени.
Останува само да од срце им посакам успех на сите што работат за да на Дојран наново му се врати стариот сјај.
Довидување до следната прилика, а тоа ќе биде при секоја моја посета на Македонија.
|