Си лафе ...

... Гордан Ристовски

««« HOME (дома)

»2009


»52/2008
»51/2008
»50/2008
»49/2008
»48/2008
»26.11.2008

kavadarci.info

makedonium.ch

www.makedonium.eu

KiM-CH

SKF

 

2008

52/2008

КРАЈ

“... зошто се што е убаво има крај ...“ пееше Оливер Драгоевиќ, уште ногу оддамна. А изгледа дека секогаш актуелно. Ама и се шо е не убаво има крај. Или да речиме дека оваа година, што има уште некој ден до крајот, беше убава ? Најточно ќе биде ако кажам дека за мене оваа година беше нормална, со сите убавини и проблеми што ги носи животот. Можеби сме очекувале повеќе, ама здравје, еве иде нова година и повторно ќе си посакаме се најубаво.
Ногу работи ме нервираа ама и ногу работи ме радуваа во ова 2008мо лето господово. Да почнам сите да ги пишувам ниту некој ќе ги прочита, ниту пак јас некогаш ќе ги допишам. Ама еве последниве денови се случија некои работи кои и ме израдуваа и ме изнервираа. Пред некој ден режисерот Милчо Манчевски го претставил својот најнов спот за Македонија наменет за туристричка промоција на Македонија. Спотот го видов и мене ми се допаѓа, ама тука се јаваи и онаа работа што ме изнервира. По интернет страните на македонските медиуми имаше јавено десетици “струќнаци“ кои до темел го критизираа најновото делото на Манчевски. Тука одма ми се појави онаа, правата, слика на Македонецот. Кога еднаш ќе бидеме единствени? Како неможиме да се помириме со фактот дека некој некоја работа подобро од нас ја знае?
Ама ајде иде Новата година и ќе си посакаме...

 


51/2008

... кај нас ...

Средина на месец декември. По втор пат ова зимо не “изненадува“ снегот. Но еве и после скоро 20 години во Швајцарија ова ми се случува првпат. За релацијата која секојдневно ја поминувам до работното место и која во нормални услови ја поминувам за 20-25 минути, вчера ми требеше 70 минути. Првите неколку километри од патот кој беше прекриен со 2-3 центиметри снег личеше повќе на вистинско лизгалиште. Ми требеа само две-три кривини за да се расонам - СКРОЗ. Колата и ако опремена со зимски гуми се движеше по правилата на физиката, а не по сообраќајните правила кои важат во Швајцарија. На времето додека беме млади и ...., и кога колата беше на тато, во овакви сличаи дури сами си го бараме да ја “занесиме“ колата, “како Валтер Рор“. А сега, при најмалиот осет дека задните тркала не ги пратат предните, се случува нешто во стомакот. И така ги поминував киломтрите покрај живописното Цугер езеро концентрирајќи се на сообраќајот околу мене. Само “најхрабрите“ се осмелуваа да не пристигнуваат со нивните “теренски“ возила од типот на Mercedes ML и BMW X. Кога стигнав некако до Цуг, шо ќе видам - хаос. Стоејќи така во колоната која чекаше да се мрднат од улицата автобусите и еден шлепер кој поради лизгавиот пат беа размаани како микадо, си мислев како е горе кај нас на работата што е 300 метри повисоко - ланци. Си се истранив од колоната и по втор пат во мојот живот монтирав ланци. Од кога го помунавме “главното лизгалиште“ и го исправив патот за излез од Цуг на улицата која беше покриена со снег бев “најбрз“ - ланците си ја бркаа работата, само еден со Мерцедес МЛ ме следеше, другите или имаа некои проблеми или бараа слободно место покрај “паркираните“ БМВа, Мерцедси и комбиња на нагорнината која требаше да ја совладаме. На последната нагорнина и раскрсница од која требаше да почниме од “0“- останав сам, и теренскиот мерцедес имаше проблеми со нагорнината и снегот. Стигнав на работата и како прво во овакви сличаи - си направив кафе. Радиото јавуаваше дека секаде околу нас е повеќе или помалку хаос.

Тука почнува она нашето, “ДА Е КАЈ НАС...“
Ова, кај нас, го користиме доста често и мислиме за некои работи како се во Македонија. Има луѓе што тврдеа дека да овакво нешто се случи во Македонија три дена ќе неможат да се средат. Можеби и е така, ама ако во Македонија падне 30-40 центиметри снег за 1 саат, дали ќе се осудат сите да со своите возила испаднат на улиците? (и во општо, дали ќе “запалат“ сите возила) Дали Македонците се исто така тврдоглави како тукашните возачи кои ниту на возилата кои го чистат снегот не им го отстапуваат своето право на прединство. Има многу работи, да не кажам сите, што човек неможе да ги спореди. Како на пример пред некое време кога имав прилика да од наставник по Македонски јазик, кој е дојден пред два-три месеци во Швајцарија, слушам како образовниот систем на Македонија е многу подобар од Швајцарскиот !!! Бевме стварно “убаво“ друштво па не сакав да прашам дали тоа го забележала по тоа што овде учениците добиваат учебници на користење од државата, а во Македонија еве и кратко пред полугодието учениците неможат да си купат соодветни учебници, или по тоа што овде учениците учат домаќинство и тоа како се прави некое јадење или плетат нешто, а во Македонија секоја втора година се прават експериментални наставни планови. Дали по тоа што тука учениците учат математика за да човек не ги излаже на пазарот, а кај нас во Македонија има деца што ја знаат логоритамската таблица напмет.

Јас одамна не ги споредувам работите, ниту аир има од тоа, ниту приатели ќе добиеш со тоа. Познато е дека ние Македонците сме најпаметни луѓе на светот па не ми треба некој друг да ми објаснува некои работи што јас секако подобро ги знам. Зошто споредувањето понекогаш е и давање на совет на некој, па ако е директно потрефен... Пред ногу години, во времето кога почнаа да се отвараат “кафиќи“ низ Кавадарци пробав на некои новопечени кафанџии да им дадам совети како некои работи се прават по локалите кои со години работат ... ама човеците секако дека подобро знаеа. Сватив дека работите се толку различни да стварно човек неможи нешто ниту со измени да преземе, а не па “1:1“

Ама за утеха, една работа е сигурно иста: и тука е снегот бел.


50/2008

Ќути, има полошо !!!

Се возиме по автопатот во правец на западна Швајцарија. Не поканија пријатели, Македонци, од друштвото МАКЕДОНИЈА во Ешелан. А ние, како претставници на друштвото Св. Кирил и Методиј во Баар со радост се одзвавме на поканата. Убави се овие работи, коага се собираме и поминуваме заеднички и пријателски средби.
На патот пред нас вози еден VW, новиот модел на легендарната “БУБА“. Се отвара муабет како “порано се беше подобро“. За тоа зборуваат и бројките на новопродадените “New Betel“, и ако секој од нас имаше сон да вози или БУБА или Мини Морис, овие ново/стари модели не се продаваат како што очекувале нивните создавачи. Треба да почекаме да видеме што ќе направи “ФИЌЕТО“ - и него го направија наново.
Како што кажав сите ние метчтаевме за овие возила, ама дали тоа време на сите ни останало во добри сеќавања? Или како што изгледа сите сакаме да ги заборавиме тие времиња кога фиќето беше стандарт, а стоедното најспортската кола. Или сакаме да заборавиме се што не потсеќа на тие времиња?
Стигнавме во салата која беше спремна за дочек на гостите, домаќините не пречекаа домаќински - со топла ракија, а како инаку? надвор беше се во бело. Најдалечното минато за кое зборувавме беше тоа утро, како сме стигнале, како стигнале да се спремат и слично. На почетокот уште немаше теми од времето на “Бубата“. Времето одминуваше и нашиот муабет се се вртеше околу “актуелни теми“. Супер ден. Обично кога ќе се собериме повеќе Македонци одма споредуваме како беше тогаш, како беше таму ... Муабет што утепува у поим. Исто како она во Македонија “Ќути, има и полошо“„
Ќути, има и полошо !!! ова го слушам често додека сум во Македонија. И никако неможам да сватам зошто луѓето се помируваат со “лошото“ - само оти има полошо??? Неможам да сватам зошто народот, еден дел, чека да некој му ја направи ситуацијата подобра или барем да остане така, оти “ќути, има и полошо!“. Јас пред многу години живеев во Македонија, јас не викав “ќути, има и полошо!“ затоа што мене, благодарение на моите родители, не ми беше лошо. Ама доживеав неубави работи. И пак не кажав “ќути, има и полошо!“. Ме измамија и роднини и пријатели, пак не кажав “ќути, има и полошо!“. Кривицата не ја барав во никој. И ако млад и зелен, се одлучив да направам нешто што никој од мене не го очекува. И направив. Не измислив ништо ново, само се прилагодив на ситуацијата. А покрај тоа си ја најдов и среќата.
И денес кога иде “нож до коска“ не викам “ќути, има и полошо!“. Туку се прашувам:
Шо да направам да ми биде поарно?


 

49/2008

Се шо е ногу, не е убаво...

... тоа сите го имаме слушнато - неколку пати. И колку повеќе се сретнувам со оваа поговорка или да речам мудрост, се повеќе ми станува јасно дека има голема вистина во тоа.
До пред некоја година вести и информации од Македонија добивавме само преку телефон од нашите блиски, или од по некој залутан и застарен весник кој случајно ќе дојдеше до нас. Минаа неколку години од кога имаме можност да ја следиме програмата на Македонската телевизија, и на почетокот беше интересна. По некое време и дневните весници од Македонија го открија интернетот па одвреме - навреме ставаа по некој прилог во интернет.
Денеска, покрај “програмата“ на Македонската телевизија, имаме можност да следиме преку сателит и неколку приватни телевизииски станици од Македонија. Интернет изданијата на дневните и неделните весници од Македонија веќе ја поминува бројката - 10 и се секогаш “пресни’. Комуникацијата со нашите блиски во Македонија не оди преку скапите телефони туку преку бесплатните канали на интернетот. И освен ова последното, контактот со роднините и пријателите од кој стварно ќе разбериш нешто што те интересира, другото се е “лук и вода“.
Македонската телевизија, освен со дневно “актуелните“ вести, емитува реприза на репрезираната реприза од репризата..... “Прифатните“ или ставаат по некоја касета со пеачи (кои пеат), снимена во некоја кафана - па од кога ќе заврши касетата пак - одпоново, или емитуваат некои си шпанско-португалски-бразилски емисии, срцето да ти пукне - не од тага, туку од нервоза.
Весниците, ништо посалам - како ние во средното, секој од секого препишува и само со ептен мала фантазија ќе промениш некое зборче - да не примете професорот !!! (мислиш професорот, професор се родил и не го поминал тоа што ти го поминуваш). И така весниците пишуваат: “Мајкл не пофали...“, “Клаус не подржува...“, “Педерсон ќе инвестира во Македонија...“, ... и секој Божји ден иста прикаска.
Затоа престанав да гледам телевизија (барем онаа што ни ја поттуриваат преку сателит, кобајаги “од Македонија“), и кога стварно нема што да работам ќе кликнам на некој весник во интернет - на “црна хроника“ со надеж дека ќе прочитам нешто од Кавадарци.
На времето дури бевме во “Титова Југославија“ тие што сакаа политички да се образуваат одеа во Кумровец, а денеска ??? цела Македонија е Кумровец. Само за политика се зборува, пишува, известува, .... СЕ ШО Е НОГУ, НЕ Е УБАВО. или од “ногу глава боли“ (како сакаш врти си го).
Денешните политичари прават како да мораат да го измислат тркалото наново, а оно треба само да се заврте. Ама...
И така во овие зимски денови кога навечер ќе си дојдам дома од работа, а надвор е веќе мрачно и ладно, ќе си го земам филџанот со кафе, некој весник (не Македонски - тие сите ми се “прочитани“), ќе си пуштам телевизор да плапоте (исто како шппански да лафат), и си мислам што да направиме да Господ и нам ни опрости, и еднаш и ние Македонците се управиме како поголемиот дел од културниот свет.


48/2008

кикиритки и мандаринки

Ете дојде пак времето на кикиритки и мандаринки. После свечената вечера додека ги кршев кикиритките и ги “ослободував“ семките за да ги јадам, повторно ми дојдоја сеќавањата на детските денови кога само пред Нова година во некое ќесенце од “Дедо Мраз“ имаше кикиритки и по една мандаринка - тоа беше НОВА ГОДИНА. Не дека се жалам, стварно барем кај нас не беше проблем да купиме уште некоја кикиритка и мандаринка, ама овие работи ми останаа како симбол за Новата година. И секогаш со носталгија се сеќавам на тие денови. Денешните Македонски ПАТРИОТИ секако дека ќе ми се налутат што ете со радост се сеќавам на деновите во Југославија (ама шо да правам? моето детство помина во Југославија и комунизмот). Ама тие денови не беа денови на Југославија, тие денови беа мои детски денови. А што има подобро од детските денови, денови без грижи и без многу обврски? После многу години сватив зошто додека моите родители ја градеа куќата со месеци сме јаделе леб, сирење, маргарин (од ниа, кристал, шо кога ќе го извадеше од фриждерот можеше како ладно оружје да се користи), некој патлиџан од бавчата од предкуќа и конопишки гра во сите верзии. Ама и тие денови замене беа убави денови.
Така седејќи и гледајќи ги луѓето околу мене повторно ми дојдоја мислите за Југославија. Седевме со човеци од Војводина, од Србија, од Босна, имаше дури и од Бугарија. Седевме во атмосвера исполнета со пријателство и мир. Седев со човеци со кои делам само една заедничка работа - љубовта кон фотографијата. Седам со човеци со кои пред некој месец овде во Цирих ги изложивме нашите видувања на Швајцарија преку фотографијата. По сјајот во очите на овие човеци гледам дека сите сме пријателски расположени и сите чуствуваме спокој.
А ете тука сосема случајно најдов човеци со кои можам да поминам стварно моменти на релаксација. Сето ова почна лани летото кога незнам како од ОЖМ-Ш добив Е-Маил со конкурс за фотографи. Пред тоа бев неколку години зафатен во разни Македонски организации и веќе бев уморен од разни покушаи да ја управиме работата. Работејќи, помагајќи по Македонските друштва и слично осетив дека човек што повеќе ќе му угоде на некој толку повеќе незадовлни се појавуваат. И така во летото 2007мо ослободен од сите тие “обврски“ го најдов фотоапаратот, го избришав од прашината, му купив нова батерија и најнов филм и се повратив на моето хоби кое го запоставив неколку години мислејќи дека моето слободно време е подобро искористено ако работам “за Македонцките работи“. Тука “како кец на десетка“ дојде Е-Мајлот од ОЖМ-Ш. Бидејќи уште несум имал фотографирано пресни фотографии одбрав неколку (од “богатата ризница на МКТВ“, не бе!) од мојот сопствен архив и во “5 до 12“ ги испратив. За мое изненадување брзо ми одговорија и место бараните 4 фотографии побараа да доставам уште “едно 20-30“. И тоа се случи. Следуваа средби со човеците од Јужнословенскиот културенфорум и следуваа пријателства. Се случи и изложба, дел од моите фотографии заедно со фотографии од други автори беа изложени во Цирих. Оваа година беше втората изложба на која учествував, запознав уште неколку човеци од фотоаматери до мајстори на фотографијата. И кај сите овие човеци наидов на соговорници со кои после секој разговор се чуствував посреќен. (за разлика од состаноците на МК организациите кога одпосле ќе си дојдеш дома и се прашуваш зошто...)
и ако така различни т.е. од разни држави седиме на заедничката вечера и поминуваме убави моменти. Зборуваме за фотографијата, зборуваме за слободното време ....
и јадиме кикиритки и мандаринки


26.11.2008

Зимото дојде, дојде и во Швајцарија. Сите “изненадени“ од зимото, како да првпат снег врне и ладно е на крајот од ноември. А до душа и така е, последните неколку години беше така - не скроз зимо во зимото. И еве сега зимото почна како доликува на зимо па на сите не ни одговара. И стварно не е убаво, ладно, снег и човек мора да се уклучи на зимски погон. а немаме време да полека се прилагодиме. Ама и ако така изненадени, полека се прилагодуваме, во кујната ги ставиме “зарзеватите“ за топла ракија и за топло винце при рака, па одвреме-навреме се “зацврснуваме“.
Моментално си седам на “работното место“ и се топлам - со кафе, со колегата изгласаме да дури после паузата во 9 саатот почниме нешто да работиме. Седам така во “просторијата за престој“ пијам кафе и гледам преку прозорот штом се случува надвор. Десно гледам се спрема сонцето да огрее, а кога ќе погледнам право накај Цуг напред гледам како се “бушаве“ магла - ќе видиме што ќе победе. На влезот од сепарацијата застануваат “најбрзите“, од кога после неколку километри осетиле дека не оди така работата и ги гребат стаклата на колите од мразот. Незнам која поговорка е поточна во овие случаи: “брза кучка слепи кучиња раѓа“ или “сé што брзо настанува - кратко трае“. Оваа втората ја научив тука во Швајцарија и мислам дека е нивна. А швајцарците се стварно такви (поголемиот дел) некако мислиш никаде не се брзаат, секоја работа трипати ја одмислуваат па потоа работат. Едноставно чиста спротивност од нас, ние ако треба трипати ќе одсечиме нешто и секој пат ќе биде кусо.
Се ближе 29ти ноемри, значаен ден за мене. Не заради тоа што бев “Титов пионер“ туку затоа што на тој ден ја славиме годишнината од бракот. Убав датум, “навикнати“ да се слави тешко да го заборавам. А има и други што ја имаат таа навика, на пример оние што на тој ден ја клале свињата. Па етe и овој 29ти ќе биде одбележан на разни места и по разни поводи.


Република Косово ???


Поточно треба да се крстат Првата Република на Обединетите Нации Косово.
Зарем умреа тие креатори на имиња за држави? Каде е оној што ја крсти Македонија Поранешна Југословенска Република Македонија? Дека на овој Свет се мери со повеќе аршини е одамна познато, ама дека сега почнува да се мери и со прашок и со она што не смрде може само до некоја катастрофа или нешто слично да нé доведе.
А најголемото Здружение на Светот Обединетите Нации со своите одлуки во последно време падна на ниво на една Земјоделска задруга. Од една страна изиграваат Светци, а од друга страна прават работи и донесуваат одлуки, ма ни на пазар такво нешто нема.
А од друга страна човек треба и нив да ги разбере, не им е лесно да идеалите на неврзаноста ги спојат со фактот дека се платеници на САД. “Историјата ќе покаже зошто го признавме Косово“ или така нешто беше изјавата на Буш. Историјата ќе покаже дека најголемата грешка во историјата е Буш. Ама за тоа ќе платат многу невини луѓе кои немаат никави допирни точки со Буш.
Дека Светот полудел оддамна ме убедуваше бабами (Господ да си ја прости). Ама дека поголемиот дел од политичарите се и дрогирани полека излева на видело.
Иначе како би го оправдале „признавањето“ на Косово како независно?
Негде по правните книги и закони пишува: Државата се одликува со:
1 - Народ - нели албанскиот народ има држава,
2 - Дефинирани граници ??? Со србија не им се признати а со Македонија до прва треба да се договараат...
3 - Суверенеа независна држвна власт - Зарем не е Косово протекторат на ОН, немаше ли една резолуција 1244?
Шмркни два пати и заборави сé, дај само да има доволно.
Но Балканот и така е Чудесен реон - Еден народ две држави, или држава што граниче сама со себе!
Тоа што Косово постанува Република многу и не ме потрефува, повеќе ме нервира што ниту еден политичар од Македонија не успеа да направи нешто слично за Поранешната Југословенска Република Македонија. Заслепени од залетот да се стигне во НАТО и во ЕУ забораваат дека немаме ниту салам име. За Знаме и Грб на државата да и не зборувам. Стоте чекори до успехот ни станаа колем залак, зошто не се направат 3 чекори ама во прав правец?

 

 

 

 

 

 

 
 © Ristovski, 2007 - 2008 ristovski.ch@hotmail.com