2009/10
Ѓорге наш победи
Македонскиот народ после скоро осумнаесетгодишна “самостојност“ се избори за еднопартииски систем. После овие фер, демократски и мирни избори, отворен е патаот за во ....
.................................................................................................................................................
Си одел в’кот по патот и го сретнува мечката.
-в’че каде одиш?
-ами еве..
-капа оти не носиш?
-ами... јас... знаиш...
ТААК ТААК! му удара две шлапаници мечката на в’кот
Утре дента се сретнуваат повторно мечката и в’кот, ама в’кот си носи капа.
-в’че, имаш цигара? го прашува мечката
-ами јас не пушам, немам.
ТААК ТААК! пак му удара две шлапаници мечката на в’кот
после некој ден пак се сретнуваат мечката и в’кот. В’кот со капа на глава, цигарите у џепот, спремен.
-в’че, имаш цигара? го прашува мечката
в’кот вади цигари и ѝ понудува на мечката.
- шо е воа бе ?!?!? ами јас не пушам “југославија“
ТААК ТААК! пак му удара две шлапаници мечката на в’кот
после некој ден пак се сретнуваат мечката и в’кот. в’кот у сите џепови секакви цигари - спремен.
-в’че, имаш цигара? го прашува мечката
в’кот вади цигари и и понудува на мечката.
- ами јас не пушам “партнер“!
в’кот вади малрборо, мечката а зима цигарата и пак.. ТААК ТААК! му удара две шлапаници на в’кот
- ТИ ПА КАПА НЕ НОСИШ!!!
.................................................................................................................................................
Вицот стварно е ептен стар и никогаш не ми бил смешен, ама сега ја сваќам полека неговата смисла.
Еве сега иде Велигден, после Ѓурѓовден и после неколу топли пролетни денови, повторно ќе не стигне секојдневието. И после?
После пак секој ќе си ја брка својата работа колку што може.
2009/09
“За Македонцките работи“...
Ееее, КП Мисирков уште пред ногу години пишувал за Македонцките работи. И напишал една книгичка со неколку странички. А за “Македонцките работи“ човек може да пшува, и пишува, и пишува, ... крај нема.
Лето господово 2009-то. Поминаа години и години додека Македонците во Швајцарија со работа и безрезервно залагање успееа да изградат храм на Светиот Наум Охридски. Одма ке каже некој, не е изграден уште. Ама сега од кога сите покриви и куполата се направени, тешко од тоа да испадне спортска сала,тоа е и ќе биде првата Македонска првославна црква во Швајцарија.
И како што секоја црква ја личи со поп, така и за оваа црква требеше да се “набави“ поп. Ама за радост на сите се најде и свештеник, ама не поп. И нормално дека еден свештеник кој е способен може да стане и поп, па така со Божја воља и Благослов од Митрополитот европски беше направено “Ракополагање“ на свештеникот. Првата Македонска првославна црква во Швајцарија, го доби својот прв поп. 28ми март 2009-мо лето господово. Ден за историјата на Македонија. Ден на кој секој еден Македонец во Швајцарија треба да биде горд. Ден кој нема да се повтори. Ќе се направи можеби и друга Македонска првославна црква во Швајцарија, ќе се ракоположи и друг свештеник за поп во Швајцарија. Ама ни едното ни другото нема да бидат први. А првите се “шампиони“ за нив се зборува и пишува и после долги години - вториот е втор, да не речам никој и ништо.
И така на оваа прекрасна и единствена свеченост, освен четворицата свештеници учествуваа уште едно 10 - 15 верници. (само да спомнам, само управниот одбор на истата црковна општина брои преку 50 членови !!!)
Каде беа тие верници кои се собират во стотици кога ќе дојде некоја пеачка со сукњичка? Зар стварно сите баш тој ден имаа обврски? Каде беа верниците да му ја покажат почеста на нашиот отец кој од сега па натаму ќе ни биде верски водач?
Ееее КП, да знаеш што си испуштил и за што се би можел да пишуваш, “За Македонцките работи“ не би ја напишал така.
Ете така уште еднаш повеќе доживувам, како ние Македонците “паѓаме“ на мали работи. Работи кои неслучајно се случуваат во “наше“ време. Што треба да направи човек, а и бог, да ние стварно се радуваме? Дали еднаш кога поставената цел, изградбата на црквата, ќе биде постигната ќе има кој да ја посетува? Дали ....
п.с. знам дека точниот назив на тоа друштво е “Македонска православна црква“ ама ова “првославна“ ми останало од Баба ми, Бог да ја прости.
30.03.2009
2009/08
Полека ја осеќаме пролетта, малку се стопли, не врне снег секој ден, а и маглата се поретко се јавува. Па така фанав ги спремив фотокамерите - филмовите намотани, батериите полни, чиповите испразнети и сега само да дојде викенд, па да се опуштиме малку од “активнстите“ на друштвено ниво. А тие активности, шо да ви кажувам - интересни !!! Во последниве недели се сведуваа на организирање на Осмомартовска забава. “Осми март, интернационален ден на Жената“ !!! Во бивша југославија, кога народот не смееше официјално да ги слави Божиќ, Велигден и другите верски празници, комуништите измислуваа свои празници или вака не убедуваа дека интенационалните денови на жената, на работата и слично, цел свет ги слави. Дури после ногу години разбрав дека во стварност тие денови само кај нас и кај Кастро се славеле. Ама ете, југославија ја нема, комуништите се социјали, ама од виа празници никако да се одкажеме - па упорно ги славиме. Така, а можеби уште појако му одаваме важност и ние во дијаспората (дијаспора - го обожавам овој збор) па најнормално дека треба некако да се одбелжи. И затоа друштвото како секоја година си постави цел да се организира забава по повод осми март. И како и секогаш досега не беше лошо, жените со мажите дојдоа на забава, а не ги заборавија ни децата. Па така од интернационален ден на жената испадна општонароден собир, на кој не само жените се радуваа. А за тоа нема човек шо да се жали, убаво е кога вака во “диаспората“ се собираме за убави работи, а покрај тоа и малку се развесели човек. Еве после неколку денови од кога сето тоа заврши и од кога жените (важни) повторно почнаа да одат на работа, да спремаат ручек за фамилиите, да не перат и пеглат, може и ние мажите малку “послободно“ да дишиме - се одужиме спрема жените!!! (... бог да чува !!!)
И така сега може да се посветам на не толку “битни“ работи во животот, како што е фотографирањето, возењето на мотор или слични работи од кој “фајде нема“, ама работи од кои исто така и мака немам.
п.с. кога е интернационалниот ден на мажот???
петок 13-ти, март 2009
2009/07
Почеток на деветата година од XXI век. Покрај сите мобиљки, лаптопот, безжичен интернет, денеска одлучив да набавам еден модем за на местата каде интернетот не е достапен по “нормални“ услови. Па така еве седам и читам како функционира модемот кој треба на сите безжични мрежи од мобилната телефонија да работе. Седам и читам - на свеќа! Да, на свеќа! Зошто еве и тука доживеавме да снема струја без никаква причина. Се случувало и порано да снема струја при некое невреме минута-две, ама како денес уште не. После половина час упатството е прочитано, модемот инсталиран и на последните цртки од батеријата на лаптопот веќе сме во интернет - стварно функционира. И бидејќи свеќата уште горе, ајде да ја провериме поштата (вистинската, што поштарот ја донесува). Отварам неколку писма со различни реклами, ништо интересно. Но еве едно кое нé обавестува дека “Македонското младинско друштво“ организира забава по повод 8-ми март, - и одма нервоза. Не ме изнервира што тие “младинци“ кои се одделија од нашето друштво на ист датум како и нашето друштво прават забава, секој си има право да работе што сака во оваа демократска земја. Ама уште еднаш повеќе ме изнервира нивната “презентација“. “МАКЕДОНСКО МЛАДИНСКО ДРУШТВО «ИЛИНДЕН»“ на еден од листовите понуда за кредити - на српски, друг од листовите некоја си реклама за вечер на тепачите и на крајот вистинската реклама за забавата напишана стварно на Македонски ама половината со бугарски фонт. Македонско ??? Илинден ??? Среќа што Гоце Делчев, Даме Груев и дружината се веќе мртви иначе сé такво ќе истребеа. (или немаше да се борат за Македонија ако знаеја за какви потомци се борат). Некој ќе рече, па што сето тоа се ситници. Ама ние Македонците од века паѓаме на ситници. Не е ситница да во време кога секој комшија околу Македонија сака се што е Македонско да порече и присвое. Не е ситница кога како друштво на Македонци ја репрезентираш Македонската култура и Македонството, не е ситница кога на своите деца треба да им всадиш трошка Македонство. Арно ама ...
Струјата дојде. Ајде сега вечера да си направиме и “нормално“ да го продолжиме животот - со струја
26.02.2009
2009/06
Кој пее зло не мисли!
Ако одиме по оваа поговорка тогаш во Македонија живее нај незлобниот народ на цел свет.
Така површно ги подзагледував композициите кои во првата полуфинална се такмичеа да учествуваат во изборот за песна за “ЕВРОВИЗИЈАТА“ и ми изгледаше дека сé “живо и диво“ пее
(- Господ нека ни е на помош). Ги гледам така и се чудам, па како толку сирачиња пеат?
Сираци !?!?, затоа што мислам ако имаат родител, роднина или барем прав пријател ќе им кажат дека не ги бива. Ама ајде по наа на Ребека: “... гледам сите пеат па си викам и јас можам.“ сé со глас и со стас, а и без тоа, сé си пее ...
Избор за песна на Евровизијата, едно од најзначајните случување во Македонија. А во меѓувреме и песна одбраа . И може да се каже дека една од поважните работи во Македонија за оваа година ја свршиме. Сега уште претседател да “ОДБЕРИМЕ“ па во Европа ќе викаат: “Макдонија, зеро поинт“. А на изборот за песна на евровизијата, шо да каже човек, од “Рум, дум, дум“ преку тралала за да на крајот биде “... оф леле аман ...“ Абе и после 17 години независност и незнам колку години учество во изборот за песна на евровизијата, нашите композитори, текстописци, аранжери и сите што “работат“ околу тој циркус, не сватија дека со “осеќајни“ и “уметнички“ песни не се оди пред европскиот суд. А колку е глуп тој настан - избор на песна на евровизијата дури ни самите гледачи неможат да сватат, па упорно гласаат по “СМС“. Избраа некоја песна на која уште денес се работи на преведување на англиски јазик. Нас како мали не учеа дека “баби и жаби не се собира“ а тука ќе одберат некоја Македонска песна и од кога ќе заврши цел циркус - одма на англииски (да не разбереле сите, - ТИКВИ) Одбираш едно - оди друго!!
А скандали неброени. Уште непочнати, браќата бараат да се пее и на албански. Мене ако ме прашат нека пеат и на цигански или јапонски - секако на крајот ќе а преведат на англииски.
Го прогласија победникот, публиката не задоволна, жирито не задоволно ( таму па еден, цел озбилен вика “.. да не се зафркаваме, ова е озбилна работа, 12 поени за дум дум... - гревче!). а вторите кои требаа да ја земаат втората награда и да заминат на скалите на припек, не се ни појавија, не само налутени, изгледа и навредени се (ќе разбериме тие денови).
И како во секоја работа и тука има позитивни работи. А една е дека од денеска весниците ќе имаат што да пишуваат. Па така за некое време ќе се подзаборави за неплаќањето на патарините, за отпуштањето од работа на работниците, за покачувањето на цените на се и сешто, на неработењето на политичарите и други работи кои не се толку важни, со нив не одиме на ЕВРОВИЗИЈАТА!
23.02.2009
2009/5
Експеримент “МАКЕДОНИЈА“
Македонија - име кое со векови опстанува во историјата. Денес кога ќе каже некој Македонија, се мисли на Република Македонија, мала “независна“ држава на Балканот (му одговарало на грците тоа или не!). Ама Македонија била и за време на Илинденското востание, Македонија опстанала и по 500 годишното владеење на Османската империја, а Македонија била и пред Христа - кога цар бил Филип II Македонски. Пред неполни 18 години (по последен пат - за сега) стана Македонија самостојна, независна, повеќепартијска и шо уште ли не ... Ама како секое дете, така и “најновата“ држава, не знаеше што да почне со новодбиените, демократски, независни, повеќепартииски работини. Па така еве со години се лута и насила се турка нешто, а да прашаш некој: каде? сигурно нема да се најде јунак да ти даде одговор.
Сега се спремаме да одбориме Претседател на државата. А кандидати - како и досега, послушни партииски пиони. Имаше двајца кандидати кои по мое мислење достојно ќе ја презентираа Македонија, не само Република Македонија, туку стварно Македонија. Но Г-динот Срѓан Керим и
Г-динот Тодор Петров, како двајца профилирани политичари изгледа не одговараат во политичките игри на меѓу партииските препукувања. И така повторно со “најискрени“ ветувања на партиите, се подржуваат кандидати кои се “најспособни“ - да ја слушаат партијата. Народот !?!?!? е тука да слуша и одверме навреме испадне на гласање како би се оправдале пред светската јавност дека и кај нас владее демократијата. Ќе даде Господ, ќе се одбере Претседател. Но реалноста ќе остане иста како многу пати до сега. И понатаму ќе се работи на евроинтеграцијата и членството во НАТО, притоа заборавајќи го невработениот и незадоволниот народ во државата. И понатаму “бизнисмените“ парите кои му ги скратиле на работниците и ги сокриле од државата, ќе ги доставуваат во грција за да потоа на некоја кафанска маса со понос се фалат колку пари истрошиле за време на одморот во странство (најчесто во Егејска Македонија). И најновиот претседател од кога ќе ги посети сите специјални болници и установи, и од кога ќе биде избран за претседател ќе продолжи да ја слуша партијата која му овозможила да биде “главен“.
Поголемиот број на оние што ова ќе го прочитаат ќе кажат: “арно ви е на вас одстрана да солите памет, дојдите тука да ве видите како е.“ Точно е тоа, одстрана работите изгледаат поинакви. Но Македонија сака да “оди“ во Европа и во НАТО. И досега се тие, (не ние Македонците во странство) европејците и странските “експерти“ кои ја оценуваат состојбата и спремноста на Македонија да се вклучи во меѓународното семејство на “сигурни“ држави. И тие ја гледаат Македонија од страна. А од страна, Македонија изгледа како голема експериментална лабараторија во која со околу 2 милиони “глувчиња“ некој мајтап си играе. Најтрагичното во цел “експеримент“ е тоа што никој одстрана лошо не ни прави. Сите неубави и недовршени работи се дело на самите нас и на нашите политичари кои нивното постоење како политичар го сваќаат како прилика да си го подобрат сопствениот живот, а не обврска да допринесат за државата и да се одчетат кај народот кој ги избрал да го застапуваат.
Ама уште некој месец, и Македонија ќе постане полнолетна - и тогаш ќе може “сама“ да одлучува што ќе се случува во неа и со неа.
09.02.2009
2009/04
Е да имаме уште еден Ќире Лазаров. Е да имаме човек за претседател. Е да имаме ... Ама нас се одпосле ни текнува. Јас не сум ногу по спортот, ама во последниве денови човек неможе да го избегне контакт со светското првенство во ракомет. И како и секој Македонец, и јас сум малку поносен со ракометната репрезентација. Има и онакви што тврдат дека може и повеќе да се постигне, ама јас лично мислам дека е одличен резултат да се пласираш меѓу првите 12 во светот. Некои им се лутат на репрезентативците што не ја победија Германија или Норвешка?!?! Германија околу 100 милиони жители, секое село си има неколку сали, а ние, 2 милиони и по некој “партизан“ таму-ваму. Во сите западни, а и други држави каде спортот и градењето на сали не е политичка маска, си има по неколку клубови и секој клуб озбилно си работи на создавање на спортисти. А кај нас во саканата Македонија штом некој ќе освое некоја медаља - одма е главен и заборава да трењира, заборава на дисциплина, абе едноставно “ѕвезда“. А ете некои, кои и понатаму дисциплинирано работат, не сакаат да бидат ѕвезди туку само спортисти, постигнуват нешто и се викаат Лазаров или Попов и ако не светци постануваат вистински ѕвезди.
Друг циркус. Исто како во спортот, така и во политичкиот живот во Македонија, експериментираме и очекуваме да дадиме гол (па макар и автогол да е). Така уште на времето, тогашниот претседател Борис Трајковски, Бог да им прости, зборуваше за “Е-влада“, “Е-економија“, “Е-стопанство“ и дека Македонија ќе биде држава на информатиката. Од сето тоа се постигна само “Е“, како “ЕКСПЕРИМЕНТ“. Ете “одмиме“ (или лутаме) да направиме “100 чекори“ ама никако да почниме да броиме и да видиме дали сме направиле некој чекор !?!?! И сега кога треба да одбериме човек за претседател место да се бара човек кој е способен, и ќе го бива стварно за претседател, партиите како на покер ги вадат “скриените асовите“ т.е. кандидати кои подоцна ќе им бидат послушни.
Е да имаме ЦАР....
2009/03
И он се запцу. И одма е се поубаво. Еве дури и во Швајцарија - денеска снегот се топе.
Убаво да е човек - претседател, ама јас би сакал да бидам - ЦАР. Цар е уште поубаво. Претесдателот може ногу работи да си дозволе, ама има и опозиција која ќе го коче у некои работи. А царот, е цар, а каже некој нешто против него - одма главата лета.
Кога би бил цар одма ќе го направам Светот (или царството) поубав. Како прво ќе ги укинам сите приватни телевизии. А со тој “удар“ ќе утепам ногу муви. Ќе нема веќе биг брадер, супермодел, суперталент, музикстар, и уште еден куп непотребни емисии кои служат само да се исполни времето помеѓу рекламите. Е да можам, одма би му ја исклучил струјата на ние во “џунгелкамп“ и би ги оставил таму каде шо се, на кој му трбаат уште третокласни проминентни со искуство во глупости правење. Не е жално шо за овакви безкорисни емисии се троше струја и со тоа се загадува човековата околина, ама мене ме чуде како тие емисии наоѓаат гледачи. Колку треба да си разочаран од живитот да губиш време пред телевизорот гледајќи како некои си “нормални“ човеци насила сакаат да постанат познати ??? Жалното е во тоа што стварно тие таквите после повторно се враќаат на истите тие телевизии и се прават дека успеале во животот. А истите тие, приватни, телевизии повеќе зборуваат и расправаат за тие “инстант уметници“ отколку за уметници, музичари, спортисти и слично кои со сопствен труд и талент, без “помош на солзи и емоции“, постигнале многу повеќе од сите заедно “инстант уметници“.
Вчера читам у некое интерет издание на Македонските весници, како некое си Аце поголем интерес побудил кај присутните во Охрид одколку кандидатите за Претседател на Р. Македонија. И после сакаш држава, со кој “кадар“ ???
Колку наши млади уметници или да речиме ученици постигнале видливи резултати по светските фестивали на класична музика или некој научен натпревар на знаење ??? За овие млади луѓе со кој човек може да изграде држава, поточно кажано здрава држава, никој не се “занимава“. На широките (да не речам простите маси) поважно им е кој “инстант проминент“ какви гаќи носел или не. Или кој со која, или кој со кој, или која со која, отишле “над паркот...“
А и во моето мило Кавадарци ми изгледа не е многу поинаку. Лани есента некаде, дознав дека има две итернет страни од Кавадарци или да речиме за Кавадарци. Едната се прокламира како официјална страна на Тиквешијата, а другата како официјален пијалок на Тиквешијата. А таму шо ќе виде човек? Секавки информации од белиот свет и од “белосветските“. За Кавадарци и Тиквешијата, шо викаме ние - чат/пат има нешто!
Важно не се “пожални“ од официјалната интернет страна на Општина Кавадарци.
Е, да сум ЦАР ...
Ама ајде, барем поминувачка нека има ...
Yes, we can!
2009/02
Поминуваат првите денови од најновата година. Нешто многу празници ни се насобараа па така се прават првите планови за диета. Ама ајде ќе почекаме уште некој ден да поминат сите празници.
Денеска после неколку денови “огреа“ сонце, поточно маглата попушти и тоа кај мене на работата, долу по ниското уште непопушта. А и другите почнаа да работат, пак гужви по патиштата има. Мене ми изгледа дека секоја година има повеќе коли по патиштата, не ми е јасно, сите зборуваат за некоја си економска криза, а патиштата се полни со нови автомобили, сите возат некаде, продавниците исто така се доста посетени, пари се троши на сите страни и само се зборува дека поскапувањето е условено од “глобалната економска криза“.
Исто така прочитав една добра вест условена од “глобалната економска криза“, и индустријскиот загадувач на Македонија ФЕНИ ќе одпуштал работници заради кризата. Да даде Господ скроз да се затворе. Оваквите мисли кога ги зборував низ Кавадарци бев најстрого укорен од соговорниците, како може да се затворе најголемиот работодавач во Кавадарци? Од што ќе живеат Кавадарчани? Ама јас сум уште со истата мисла: ФЕНИ треба да се затворе,и се шо подсеќа на фабриката ФЕНИ да се искорени. На почетокот на овој 21-ви век кога сите се борат за чиста човекова околина, ФЕНИ со благослов од некои си локални политичари (кои изгледа имаат есап) ја загадува Тиквешијата со нај отровните состојки што може да ги има. И после па од друга страна истите тие политичари лафат како иднината на Кавадарци е во виното и винскиот туризам ?!?!? Не ми е јасно кој може да на еден европеец му продаде “квалитетно вино збогатено со тешки метали“?!?!?! Ама се има крај ...
Ете идат нови избори па можеби Кавадарчани овој пат ќе одберат ...
Ама како и да е почна новата година, безинот повторно поскапува, рачуните се трупат и се е како од секогаш. Јас секое сабајле идам на работа, децата почнаа нашколо, а денеска и ламбичките на терасата ќе ги изгасиме, дојде и Старата Нова Година. (кинеската не ја чекаме во последно време). Телевизијата т.е. политичарите почнаа со “воа ќе го направиме вака, тоа ќе бите така“, а шо да прават сиромашките, уште некој месец па избори, па “проверки и престројувања“.
Господ нека е со Македонскиот народ во ова лето господово 2009-то
2009/01
почеток...
...почна Новата година. Ние и направивме пречек, ама она и така ќе дојдеше, и да не ја чекаме.
За првпат во мојот живот одлучив (тоа и за лани така беше планирано - ама ме убедија, лани) да ја пречекам не отворено со многу луѓе. Ногу сакав да биде тоа во Луцерн, ама по скромните информации изгледаше дека таму за таа ноќ повеќе е планирано да им се земат на народот парите по баровите, дискотеките и ресторантите. На отворено немаше ништо најавено. Па така одлуката падна - Цирих. На мојот “план“ ни се придружија уште неколку пријатели (арно оти дојдоја, иначе ќе си останевме дома), кои после скромната вечера ме убедија да одиме за Цирих и ако врнеше снег како во сред зимо. Патот, а и се околу беше бело. Кога стигнавме во Цирих, неврнеше снег веќе, ама патиштата и тротоарите беа покриени со “каша“ од снег. Огнометот кој беше најавуван како “ФЕНОМЕНАЛЕН“ се удави во маглата и во сопствениот дим кој беше притискан од маглата. Стварно, таков “огномет“ до сега немав видено. И така на Банофштрасе во Цирих си посаквме многу здравје, радост и се што оди со тоа, ги испукаме шампањските, испиме по едно-две, и пак накај дома.
Убаво беше.
И така почна Новата година, полна со надежд и очекувања...
1-ви јануари, околу ручек се расониме, “среќни“ дека почна новата година. Како секое утро кога ставам покасно, го правам она што секоја совестен човек го прави - го уклучив компјутерот. И си викам дај да видам како е ситуацијата во Кавадарци. - ТИКВИ !!! После ми текна кој е “улав“ уште сабајле да пишува што се случило во Кавадарци ??? Излез - радио Галакси, демек од Кавадарци, и стварно, РАБОТЕ !!! Слушам како некоја си фирма на своите муштерии, соработници и на сите соселани им ја честита новата година, СО ПЕСНАТА: «Зашто срце моје нема славину да те од њега отпустим, да те немислим» !?!?!?!? ...ајде Нова година е, човеците уште се “под дејство“. Друга фирма исти желби, друга песна «Ја те волим а ти непримеќујеш», и така уште едно пет-шест пати “среќна вам нова година“, дури не ми текна дека можам да го изгасам радиото, и да се смирам.
Заначи и во “Новата година“ по старо. Никако да сванам како може некој такво нешто да обожава. Еден музичар пред некоја година кажа: «Додека беше “дискофолк“ се слушаше, кога помина во “турбофолк“ го избегавав, ама од овој “порнофолк“ се срамам». Тоа го кажа еден српски музичар.
А ние, Македонците, упорно ли упорно го подржуваме ова насилство на музичките чуства....Додека ние беме млади, едвај чекаме да некој од грција ни донесе странска музика, оти неможеме да ја снимаме од радиото а да не се слуша Сабрето со “се снимате, се снимате..“. А сега србија - странство, како што оде за некоја година и косово ќе го сметаме за “запад“....
Гасам интернет радиото одам на телевизорот “Македонската“ А1 емитува некоја си собранија на дечишта од балканот на српски јазик, “Македонската“ МКТВ емитува реприза на репрезираната реприза, “Македонската“ Сител - шпански.. исто како и некоја “Македонската“ алфа ТВ...
Среќна нова година....
Ама и убави работи се случија во овие први денови на Новата година, Ракометната репрезентација на Македонија не изненади и победи на ракометниот куп во Винтертур. И ако само стотина души ја подржувавме репрезентацијата, меѓу кој и Македонскиот амбасадор во Швајцарија, слушајќи се на снимките на телевизијата - алал да ни е. Право да ви кажам убаво е тоа чуство кога се победува. Еве ќе ја рачунам Новата година од тука, Да ни биде убаво.
А тука во Швајцарија скоро и не се приметува дека е почеток на годината. Украсите и лабичките кои беа закачувани уште во средината на октомври ги снема за два-три дена, така да денеска саму уште некоја ламбичка на нашата тераса ( а чекаме Новата година ) и некоја заборавена уште светат...
Среќна Нова година
|