Си лафе ...

... Гордан Ристовски

««« HOME (дома)

» 2007
» 2008

» 2009

» 2009/15
» 2009/14
» 2009/13
» 2009/12
» 2009/11

» 2009-01

» јас за Кавадарци...

kavadarci.info

makedonium.ch

www.makedonium.eu

SKF

 

 

  • 2009-02

 

2009/15

Умре Мајкал Џексон,
Кралот на поп-музиката, најголемиот уметник на светот, музичкиот гение.... и што уште не, е мртов. И повторно се песните и албумите на Џексон на првите места на топлистите. И наеднаш сите го сакаме и го цениме. А не така одамна, пола од светот си правеше вицови на сметка на Џексон, се завркаваа луѓето за тоа како од “мал црнец станал бела дама“, како ако нема лепак ќе му паѓа носот, и се и сешто. Сите потајно се радуваа кога сиромаот човек одеше на некое судење, дали заради педофилија, дали заради неплатени сметки. Поголемиот дел на човештвото подмолно се смееа на секој настап на “живиот“ Мајкал Џексон. А сега сите го величиме и му се восхитуваме.
Но така беше со Тоше Проески, така беше со Борис Трајковски, така е со поголемиот дел на луѓе кои ненадејно ќе не напуштат. Од кога ќе си заминат или ќе ги изгубиме ја гледаме големината на поединци.
Човеците, уште незнаеме да му се радуваме на живот таков каков е. Да тие неколку години постоење на овој свет ги искористиме за доживување на убави работи. Замислените цели ни го уништуваат погледот околу себе. Малите работи со кои можеме да си направеме големо задоволство, а на блиските околу себе да им приредиме убави мигови, ги “прескокнуваме“ со мисла дека треба повеќе нешто да се направе.
И така караваните си одат, кучињата си лаат, а ние ако седниме и помислиме што до сега сме направиле ....

јули 2009


2009/14

Средина на месец јуни 2009.
Затворив уште еден капитал од мојот живот. Го завршувам капиталот со едно насолзено и едно радосно око. Насолзено око заради безбројните моменти, моменти кои и беа скратени на мојата фамилија. Моменти кои безрезевно и со некоја си идеологија ги вложив во Македонството во Швајцарија. Радосно око, затоа што ми се “отворија очите“, радосно око затоа што после толку години ќе можам да си го планирам слободното време по моите, и потребите и желбите на мојата фамилија.
Го завршувам капиталот и се прашувам:
“Зошто нема математичка формула да се израчуна Македонството?“....
До кога некои си самонаречени патриоти (а у основа сиромашни души и визионерски ограничени личности) ќе оценуваат кој смее да биде Македонец, а кој ќе е “предавник“ ???
Се надевав, со години се надевав, дека ете ние Македонците ќе се свестиме и барем тука во туѓина ќе можеме да се дружиме заради единственото што го имаме заеднички - Македонството.
Битката ја изгубив, а војна немам намера да водам - кај шо има сила, нема убавина!
Еден неодамна стекнат пријател ми рече:
“Господ да те чува од полуписмени луѓе! Неписмениот ќе те слуша затоа што нема што да каже, писмениот ќе те слуша за да разбере уште нешто, ама полуписмениот ниту ќе те слуша ниту ќе сака да те разбере.“
Со години бев вклучен и активен во неколку Македонски организации во Швајцарија, со години се прашував зошто фалат интелектуалците во Македонските организации во Швајцарија. Вистината која беше на дланка, несакав никако да ја акцептирам, вистината заради која писмените луѓе бегаат од “другите“....
“Другите“ овој збор го користам зошто веќе со години се користи и она: “наши“. Наши, ваши, едни, други... многу Македонци има! СДС-овци, ВМРОвци, кумунисти, предавници, патриоти, националисти, ... и наши, и другите. Така секој залетан по некоја си идеологија се губиме, изгубуваме и забораваме дека пред сé сме човеци и Македонци. Ама арно, поминувачка нека има....
Кога некој сега би ме прашал: што се Македонците? би му одговорил, математички, Македонците се збир помеѓу многу незапознаетни, изгубени и заведени субјекти.
Во Швајцарија почнува летото,така летото почнува срамежливо, малку сонце малку дожд. Почнува една нова епоха за мене. Почнува.... и Господ да не чува од полуписмени ...

јуни 2009


2009/13

Помина....
неколкумината посетители на оваа страница можеби и приметија дека во последниве две/три недели немаше никакви актуализирања на страната.
После неколку “залетувања“, оваа година конечно најдов подршка од страна на неколку членови на друштвото и место само да со музика, пиво и скара го прославиме патрониот празник на друштвото, направивме мала манифестација. Замислата беше да се покажеме пред швајцарската јавност во едно друго светло. Организиравме фотографии од Македонија, слики од сликари (аматери) кои живеат во Швајцарија, дури и вистински глумец за вистинска театарска престава организиравме. Сала, шо да ви расправам – сон, со сите шикани, бина, светло, кујна, абе се! И озгора на тоа, салата во центарот на Баар, 200 метри од железничката. Организацијата и ако за прв пат, беше како што доликува на една таква манифестација. Неискуството од организацијата ја компензиравме со познавањето на слични изложби - манифестации ( шо вика еден мој пријател: “ќе гледаш како другите прават и ти така ќе правиш!“). И за едно чудо, никој не ни најде некоја мана.
Ама...
реалноста не “трати од земја“. Очекуваниот број на посетители оддалку не го постигнавме. Во “анализите“ го кривевме убавото време кое едноставно луѓето ги тераше да одат покрај езерата или на планините. Кривец ни беше и продужениот викенд, кои кобајаги многумина го користеле за краток одмор. Да, имаше и забелешки дека сме одбрале погрешен датум, требело да се гледа на продужениот викенд!
А зошто Нова година ја славиме на 1ви јануар, а не кога ќе бидеме слободни?
Не само на тие прашања немем одговор. Се прашувам дали стварно јас сум “забеган“ или луѓето повеќе се радуваат на две нозе подпокриени со едно праталаче, одколку на стотина фотографии од “нашата сакана татковина“ направени од многумина фотографи кои огромно време оделиле да направат една фотографија со која го пренесуваат видувањето на Македонија? А театар? Имаа прилика да проследат нешто, што овде а и во европа, пријстојно се плаќа – безплатно, ама и тоа не беше доволно интерсно за “пинк генерацијата“.
Ама и покрај неколкуте “мали“ негативности, пофалбите од неколкумина посетители, а пред се луѓе кои ги ценам, даваат ронка мотивација да нешто слично повторно се организира, некогаш, по некое време...

maj 2009


 

2009/12

-интернационален ден на Жената
-интернационален ден на крводарителите
-интернационален ден на лаборантите
-интернационален ден на непушачите
-интернационален ден на Ваташаните (не, не, тоа беше ваташка вечер!!!)
-интернационален ден на екологијата!

Е за ова последново “интернационален ден на екологијата“ разбрав на вестите на КТВ. И замисли како беа строги коментарите за тоа што кавадарчани не го одбележале овој интернационален ден кој во “преку 174 држави во светот се прославува ?!?!?!
Сабајлево стигнав на работата и одма ги зедов весниците од вчера, уште еднаш ги прелистав, ги прочитав и денешните - и чудо: и во Швајцарија никој не го празнува и не знае за овој “интернационален ден на екологијата“, уште еднаш напоменувам, зборувам за во Швајцарија.
Зборувам за држава која кога е прашање екологијата може на секоја друга “предавања да држи“
Зборувам за држава во која одпадот се дели на десетици материјали.
Зборувам за држава во која и покрај тоа што нема кауција на пластичните шишиња неможеш да видеш ни едно фрлено шише.
Зборувам за држава во која секој секоја година прави нешто за екологијата (во последниве две години, само нашиот оддел од фирмата во кој работиме само двајца има инвестирано преку
50’000 CHF за машини и материјали за зачувување на човековата околина)
Замислете една оваква држава не го одбележува “интернационален ден на екологијата“.
Ден на екологијата во Швајцарија е од 1.1. до 31.12. како што овде секој верник е верник од Божиќ до Божиќ а не само за Велигден. Овде на луѓето не им е потребен “интернационален ден на екологијата“ за да бидат еколошки свесни и не си ја загадуваат околината во која живеат.
Тука во Швајцарија “застареното“ школство ги учи децата уште од забавиште дека треба да ја респектираат и чуваат природата, ги учи децата уште од прво оделение на вредностите на Христијанството. И ги прави луѓе кои подоцна и ако не завршат факултет, да бидат личности кои знаат што треба да се цени...
Можеби некој министар кој нема идеи, ќе дојде овде во Швајцарија или во некоја земја каде веќе се е изекспериментирао, каде се тече во најнормален тек и каде не секоја идеја после неколку чаши вино ја спроведуваат во целото образование.
Можеби еднаш стварно ќе знаеме што сакаме ...

-интернационален ден на жената
-интернационален ден на крводарителите
-интернационален ден на лаборантите
-интернационален ден на непушачите
-интернационален ден на пензионерите
-интернационален ден на екологијата
-интернационален ден на шахистите
-песна на евровизијата...
... дали живееме ден за ден ???

п.с. дали денеска шетаа човеците у кавадарци со книги во рацете ???



2009/11

Поминува и Велигден. за разлика за нашите сонародници во Таковината, ние во дијаспората и оваа година го работиме понеделник. И оваа година не се потрефи Велигден по Првославен и католички календар.
Како секој што се осеќа верник, така и јас отидов во црква. И гледав како човеци од иста вера имаме различни обичаи. А како и друго да биде. Еве јас а и поголемиот дел, да не речам сите, растевме во еден “верски вакум“. Такво беше времето, седумдесетите и осумдесетите години кога со Баба (Бог да ја прости) одевме за Велигден во црква и се дутнеме под маса. И тоа беше сето наше верско образование. Ќе одиш еднаш во црква и што ќе ти кажат пострите - тоа ќе правиш.
И додека тука во Швајцарија “од Кантон до Кантон“ некои работи се различни, кај нас се од село до село ногу работи различни, а за обичаите да не правиме муабет...
Така пред некој месец почнаа децата во Македонија во училиштата да учат и веронаука. Не лоша идеја за да се формира една комплетна личност. Ама пред и да заврши учебната година некои си судии го укинаа овој покушај да се направи нешто повеќе од нас Македонците како толпа неверници. Јас имав “привилегија“ да учам Марксизам, и право да ви кажам кога ми е тешко не викам Боже помагај туку “Карл напомош“ (плапа ла, плап...!).
Човек да се скине од смеа кога некој ќе каже у Македонија имаме најсолидно образование. Неретко и тука се тврди дека во Македонија поквалитетно школство има отколку во Швајцарија. Мене не ми е јасно, како од кога знам, се нешто се експериментира околу школството. И тука во Швајцарија се пробуваат разни методи на школство, ама тогаш тоа не го работи цело школство. Ќе одберат едно училиште или една генерација во некое место, ги пробуваат новите наставни методи и после некоја година ќе го споредат резултатот со “нормалните“ училишта. Ако треба се врши измени кај едните или другите без да се направат револуционерни промени во целокупното образование - и така едно 150 години се работи. Па кога ќе виде човек на писмо, стварно школството во Швајцарија е “старо“!


 

 

© ristovski.ch 2009

 
 © Ristovski, 2007 - 2009 ristovski.ch@hotmail.com