««« Home (ДОМА !!!)

 

Страната и сите фотографии што ќе ги најдете на овие страни се
сопственост на фамилијата Ристовски
Секоја злоупотреба на фотографии или содржини од овие страни е ЗАПЦУЕНА

 


 

Оваа страна и покрај тоа што е во интернет, не е за широката јавност. Што значи или јас сум ви ја кажал или вие сте случајно тука. Страниве се продукт на моето хоби и сé повеќе направени да нашите роднини од Македонија и пријатели од целиот свет одвреме-навреме разберат и видат нешто од нас.

 


 

Добродојдовте кај нас, на овие страни можете да видете и разберите нешто за нас - Фамилија Ристовски. Фамилијата Ристовски која ја сочинуваат Гордан (јас) од Кавадарци - Македонија, Лилјана од с. Сушица, Струмичко - Македонија и нашите деца Веле и Љубица родени во Швајцарија - ама зборуваат како да се родени во Швајцарија, моментално живееме во Артх - Швајцарија а работиме во околината на Артх.


 

 

април 2011

така речено “несакаеќи“ си купиме едно «BMW R 80 RT». Година на производство 1984!, и со 58’000 км...
Беше ставено во ricardo.ch за продавање и од мерак му ставив една цена што мислев дека барем здраво ќе ја помине ако не а дуплира... ама за среќа моја - никој не дал повеќе па така сега се е наше....



2011

Gotthard

 


октомври 2010

Еве почна и вистински есента. Маглата и дождот, денеска се натпреваруваат кој ќе “победе“. Но општо земено нема за што да жалиме. Септември беше стварно убав месец. И од страна на време и од страна на работи кои ни се случија... Имаше ногу убави денови кои ги искористивме во прошетки во уште зелената околина. На почетокот од септември убавиот викенд го искористивме да поминиме неколку километри по “Weg der Schweiz“. Убав ден. Малку со брод, десетина километри пешки, па пак со брод... Последната недела на месецот исто една ногу убава работа за Македонците во Швајцарија, се освети првиот храм на Македонската православна црква. И досега имаше каде човек свеќа да си запали, ама тоа се “провизорни“ цркви, или изнајмени... Сега имаме “вистинска“ црква, проектирана од Тодор Паскали (Господ да го прости и вечна му слава и благодарност) и изградена од Македонците во Швајцарија. Добро де, на осветувањето дојдоа представници од сите владини и невладини организации шо демек имаат работа со дијаспората - за да се сликаат. (повеќе за тоа на makedonium.ch)
При крајот на месецот на Веле тимот исто така почнаа со натпреварите, а првите два и ги победија (basketag.ch)
Октомври почна како што септември заврши - со прекрасни есенски денови. Затоа сендвичите у ранецот и по ридјето, дури не заврнал снегот...

 

 

 

05.10.2010


лето 2010

август 2010, еве поминува уште едно лето, лето кое по количините на дожд не личеше ногу на лето... Ама лето кое барем јас ќе си го памтам. Секогаш има нешто специјално по што си памтиш некој период од животот, за летото 2010-то сигурно ќе биде нашето патување до Македонија со точаци. Да, и ако многумина не знаеа, а од оние кои знаеа некои и не веруваа, јас и Ване за девет денови од Швајцарија стигнаме дома во Македонија. ( http://www.p20xx.ch/ ).
Некаде на почетокот на месец мај бевме фамилијарно во Македонија. Две убави недели... Но две недели во кој го прекинав тренингот за нашиот “ПРОЕКТ 2010“. Си викам нема проблем, после имам усте два месеци во кои по интензивно ќе се подготвувам - тикви!! Тие два месеци повеќе личеа на есен одколку на летни денови. Ако не секој, тогаш секој втор ден врнеше. Но како така, повеќе во фитнес центарот, колку времето дозволува по патиштата, се подготвував за подвигот на десетлетието... И така дојде тој ден - закажаниот - 17ти јули 2010. Товарени со најосновните работи заедно со Ване тргнаме правец: Македонија! Првиот ден ни личеше како деновите пред тоа кога возевме по Швајцарија...
Но потоа... (види »»» http://www.p20xx.ch/)
Така јас си направив една супер авантура, а моите најблиски Лилјана, Веле и Љубица во тие месеци на тренирање и спроведување на мојата замисла беа скратени за многу работи. Секој убав ден го користев (сам) да возам точак, скоро целото слободно време се спремав ... Ама ке се оддужам (белки...)

И така еве првршува месец август од лето господово 2010-то, па полека влегуваме во колосекот на секојдневието....


пролет 2010

Еве полека почнува и летото, а никако да дојде ред да напишам некој збор тука. Одвреме-навреме ставав по некоја фотографија, ама време, а и мерак да напишам нешто не наоѓав. А времето “лета“ како некој да го брка. Ете пред некоја недела само што се прибравме од “одморот“ во Македонија и одма се планира летниот одмор. И уште еднаш повеќе дестинација за летниот одмор - Македонија. А пролетта, ако може тоа што помина пролет да се нарече, помина без да ја приметиме. Прво на почетокот на годината, врнеше снег како повеќе да нема зими, за пак да кога требеше да почне вистинската пролет, само дожд си врне. И така Активностите во пролет се сведија на активности во затворени простории. Најубаво време поминавме во почетокот на месец мај, кога две недели можевме да уживаме во прекрасното време во Македонија. Две недели кои поминаа како два дена - ептен брзо.


есен-зимо 2009/2010

Јануари 2010, стварно срамота. Три месеци не сум нашол време да напишам нешто тука.
А не дека нема шо да се каже, ама време, време се нема да прифтасаме насекаде ... Ама повеќе бев зафатен со средување на обновената презентација на » kavadarci.info, па со актуализирање на » skf-zh.ch бидејќи на есенската изложба која ја спроведува «Јужнословенскиот културенфорум» Македонија беше “гостин“ прикажана преку фотографии, и разни уметнички дела на уметници Македонци. Јас како и секоја година и оваа година се истакнав на оваа изложба со мои фотографии, а малку помагав и околу организацијата и спроведувањето на изложбата. У тоа време купиме и едно моторче за Веле па кога е убаво времето со него оди на школо. На 11ти октомври се случи уште една убава работа, на Македонската православна црква Св. Наум Охридски, во Триенген, беше осветен и поставен крстот.
После бурниот почеток на октомври, кон крајот на месецот повеќе одмараме и уживаме во есента. Почетокот на ноември си набавив тичак за доба, па кога имам време тренирам помалку. Есента и почетокот на зимото не беше толку убаво, повеќе облачно и врнежливо па така ногу активности и не се случуваа.
Новата 2010та ја дочекавме во еден ресторант, така поскромно, и еве ги истераме скоро сите празници у јануари...

 

Веле и Буба
Ване, Лилјана, Јаворка
Гордан, Никола

 


септември/октомври 2009

Последниот викенд од септември и првиот од октомври ги искористивме, заедно со убавото време, да прошетаме по ридјето низ Швајцарија. Во неделата 27ми септември, преку планинскиот превој Фурка го исправиме патот и право во Цермат. Туристичко место во подножјето на Матерхорн (ридот познат од шпицата на ногу филмови од “Paramount Pictures“ и еден од симболите на Швајцарија). И покрај што денот беше феноменален, врвот на Матерхорн не го видовме, цел ден беше во облаци.

 

Во неделата на 4ти октомври отидовме до Фроналпшток. Прво едно петнаесетина километри со кола, десет минути со воз влечен на сајла (едно стрмно нагоре) и после два саати со пешки. Така се искачивме на Фроналпшток на 1922 метри над морето. Горе како и на секој рид во Швајцарија - прекрасна глетка.

Во меѓувреме ја отворивме изложбата од и за Македонија во Цирих, а моментално и поголемиот дел од слободното време се користи за организацијата на изложбата (http://www.skf-zh.ch)


30.08.2009

Во најшвајцарскиот дел на Швајцарија...

Фантастичен летен ден, недела - зимај моторката и вози...
Ама тоа го помислиле сите у Швајцарија !!!
Бициклисти, моторциклисти, трактористи, се шо може да се движе беше по патиштата. Но и покрај тоа ништо по не интересно беше возењето низ Тогенбург - они најубаво ја одсликувале Швајцарија!

tacho 30.08.2009
карта

 


 

Лето 2009, во Швајцарија

После годишниот одмор дојдовме повторно во Швајцарија и се фативме за работа. Уште првиот петок го славевме роденденот на Веле. Се собра така едно друштво па на терасата уживавме во убавото летно предвечерие и - СКАРАТА. После некој ден на Лилјана роденденот го прославувавме покрај езерото, малку се ладевме во езерото, малку одмаравме од работниот ден и малку мезевме од - СКАРАТА. Последниов викенд го искористивме да се сретниме со пријателите и да си раскажеме кој како го поминал одморот. Така се организираме покрај езерото, малку си правеме муабет, малку се бањавме во езерото и цел ден “работеме“ на - СКАРАТА.
И така у муабетот утврдивме дека не е лесно да се почне со “работа“ после одморот !!! Ама ќе собереме храброст и сили да почнеме со “секојдневието“...

Лето 2009, во Македонија

Оваа година комплетниот годишен одмор го искористивме во Македонија. И искрено кажано не зажаливме. И покрај тоа што не се остварија сите мои замисли, (и оваа година не отидов во Кратово, а и во Скопје прошетаме само саат-два) може да се каже дека беше еден од поубавите одмори што сме ги поминале во Македонијата. Прошетаме до водопадите под Беласица (Смоларскиот и Колешинскиот), краток ама феноменален четвородневен одмор во Охрид, а и родното село на тато, Мрзен Ораовец го посетиме. Се видовме со неколку роднини и пријатели, не се опивме ниту еднаш, ама затоа се потевме цело време - топло како што го доликува летото во Македонија.
Неколку фотографии од нашиот одмор може да видете во албумите...

 

 

 


13.06.2009

Преку четири рида и неколку долини...

Денеска додека сите спиеја, се облеков и му избегав со моторката. Патот прво ме однесе до Готтхард, превој со надморска височина од едно 2100 метри. После ги поминав и превоите: Фурка 2436 м.н.в., Гримсел 2165 м.н.в и Сустен 2224 м.н.в. Па после 3-4 саати возење и неколку саати попат (одвреме навреме правев паузи и фотографирав), изморен како да сум копал си дојдов дома...


20.05.2009

OPEL ZAFIRA 1.9 CDTI

Денес свечено о божанствено ја зедовме “новата“ кола. Додуше настаро ја купиме ама со своите 3 години и 38’000 км е како нова (барем така и се радуваме)

ZAFIRA


Monaco, 01, 02 i 03. 05. 2009

 

Продужениот викенд на почетокот од мај го искористивме за мала прошетка до Cote d`Azur, поточно до Монако и до Сан Ремо. Се стегнаме од тука и после едно 500 км и неколку саати поминати во колони низ Италија стигнаме до Монте Карло. Шо да ви кажувам, Голи оток е поле во споредба со Монте Карло. Една скрка, една скрка, толку скали и лифтови до сега немав видено на едно место. Си нејдоме еден хотел само едно километар од центарот на Монте Карло и само шо се растовариме у хотелот одма тргнаме да го видиме местото (пешки, колата паркирана во хотелот). Ногу убаво, и ако пола село растурено заради припремите за трката во Формула 1 - чисто и средено. Ете во фотоалбумот може да видете некоја слика... монако

 


Bürgenstock, 25.04.2009


10.04.2009, Прво пролетно возење со моторот

Ибергерегг Денешниот празник (Велики петок по католички) го искористив да се развозиме со моторот. Бидејќи ни беше првпат таа година, не одев ногу надалеку - се испитуваме кој ќе издржи колку. Моторот без проблеми ама јас еве избегнувам да седам... Не беше долга релацијта, одприлика 100 км, ама оти поминав преку два планински превоја (не ногу високи, Ратен пасс 1100 м.н.в. и Ибергерегг пасс 1400 м.н.в.) се воземе едно два саата. А и времето така некако магловито па ен беше идеално за сликање.
прво возење 2009



21 + 22 mart 2009hitachi

После неколку “бурни“ недели зафатен околу организирањето на “Осмомартовска забава“ еве дојде еден викенд да човек без никакви обврски помине некој саат. Но бидејќи бевме ептен слободни, а ништо да не работе човек и тоа не бива, испланираме неколку слободни активности од сортата - прошетки без цел.
И така во саботата на 21-ви отидоме до Берн и тамо го посетивме саемот на машини за градежништвото, имаше еден куп краневи, багери, камиони и се и сешто што им треба на градежниците. И шо видоме:
“Сичко има и лесно се намирва - само човек “време“ да има !!!
Во неделата од кога го изгледаме кошаркарскиот натпревар во кој нашата екипа победи, отидоме до Оберартх каде имаше борење по Швајцарски. За разлика од пеливаните, тука зејтинот го штедат па така за “гаќи“ се држат и се борат, и на крајот се п‘ни струг.

 

 

 

 

 

 


Swiss-Moto 2009
22.02.2009, Zürich,

Еве помина скоро и вториот месец од оваа година, а јас никако да најдам време да ја актуализирам оваа страна. Ама што да правам, и јас не можам на секаде да стигнам. Како и секогаш досега, така и почетокот на оваа година е полн со активности на сите полиња. Па човек мора “приоритетно“ да си го поделе времето. Така јас повеќе од слободното време го трошам на средување на Интернет страните, а они не се малку:Swiss-Moto
» ristovski.ch
» kavadarci.info
» svetikirilimetodij.ch
» makedonium.ch
» makschwyz.ch
» nikolakarev.ch
» ilinden.ch
» skf-zh.ch
» basketag.ch
а најново, покрај моите пишани видувања на светот околу мене на ristovski.ch од пред некоја недела пишувам по некое редче за Кавадарци како јас го гледам (kavadar66.blog.com.mk)
И така после неколку недели овој викенд му избегав од дома. Прво отидоме со Ване до Ешелан каде што имаше турнир па се видоме со Стевето и Марјан, а денеска набрзина бев во Цирих на салонот за мотори. И таму што најногу видов беа - човеци. Оти времето не беше баш за никаде изгледа секој што незнаел што да прави отишол на саемот, да не може човек да се размине. Ама ги исплакнаме очите. Нови, убави, преправени и какви уште не мотори. Да има човек време па да си купи два-три за секоја прилика по еден.
Ама еве кој сака нека си “плакне“ очите »»»»»


 01.01.2009, Zürich

Дочек на новата 2009та година, Bahnhofstrasse, Zürich

повеќе »»»


28.12.2008, RigiРиги 08

Секогаш вредната прошетка на Риги и овојпат не не разочара. Во спротивно, утринското зимско сонце грееше како за лето. Така избегавме неколку саати од магловитото и тмурно време покрај езерото. Прошетката помеѓу Риги Кулм и Риги Калтбад беше вистинско уживање, маглата која пробуваше да го победи сонцето правеше вистински зимски амбиент, ама не успеа да се спротистави на сонцето.

 


12-19.10.2008, ZürichЗоран и јас

И оваа година имав можност да учествувам на изложбата на фотографии која организираше
«Јужнословенскиот културфорум»

Некоја Фотографија »»»»»
Официјална страна на «СФК» »»»»»

 


Септември 2008

Кауфдорф08... ете поминаа скоро неколку месеци како не сум чепнал на оваа страна. Одвреме-навреме кога ќе начекав време, ставав по некоја фотографија, ама баш овде - ништо. Ама така беше и “ситуацијата“, пред одморот не се случуваше ништо, за време на одморот одмарав, а после одморот не идеше ред за тука. Одма после одморот ја организираме манифестацијата “Бруннен готви“ (http://www.svetikirilimetodij.ch) , па потоа имаше некој состано/собир да се подготви, па да се направе “нова“ интернет презентација на “СКФ“и така да скоро секоја слободна минута, ако ја имав, ја користев и малку да одморам. А еве овој викенд (13/14. 09) и ако врнежлив го искористив баш за мене. Во саботата бевме во Ибах кај Швиц, и погледаме малку трки со багери. (http://www.menzimuckrennen.ch).Од ова немам фотографии ама некое видео; (ногу врнеше не ми се “сликаше нешто“) Во неделата отидовме до Кауфдорф и го посетивме “музејот“ т.е. Автомобилските горбишта, кои после шеесетина години наскоро ќе треба да се затворат и ги снема. А од ова може да видите некоја фотографија во албумите


Hoch-Ybrig, 01.06.2008СуперМото 08

Еве денес после неколку месеци “без мотор“ повторно се одлучув да го извадам моторот од зимското легло и го развозиме неколку километри. Убавиот сончев ден го искористив да отидам и до Хох-ибриг и ги погледам “мајсторите“ со своите мотори како возеа «СуперМото». И така моето прво возење оваа година заврши после едно 90км и неколку саати поминати гледајќи како мајсторите со своите мотори ги трошеа гумите...

 

Фотографии »»»
Видео »»»


Bürgenstock, 22.05.2008

 

Bürgenstock, 2008Денеска и покрај не сончевото време направивме мал излет попратен со МАЛА закуска (како што доликува). Томе “частеше“ една расипана Мастика .... и после така.

фотографии »»»

 

  


 

 Париз, мај 2008

Triumfalna Kapija, maj 2008Последните денови од пролетниот одмор на децата го искористивме да се прошетаме до Париз, поточно речено се изнавозиме со колата, (1600 км во три денови). Ама убаво беше... Видовме убави работи и поминавме интересни мигови.


 

 02. мај 2008Ратен08

ете денеска отидоме да го истераме “мајот“ ама не најдоме место каде да ги испечиме кобаските. И така се прошетаме малку во природа, а кобаските ги испекоме дома на скарата. Исто така денеска гледам дека на оваа страна не сум работел одамна. Ама тоа ен оти јас не сакав, туку во последно време имаше толку многу други работи да се средат па оваа страна сум ја запоставил малку. Февруари/март ја спремаме Конференцијата за обединување на Македонските друштва, после малку околу демонстрациите во Женева, па повеќе време посветив на www.makedonium.ch да се разработе и така можам да кажам дека не ми беше досадно. А ако сте заинтересирани посетете ги
www.makedonium.ch
www.svetikirilimetodij.ch
www.skf-zh.ch
и во сите активности што пишуваат овие страни имам по мал удел

 


 

 23 февруари 2008СвисМото

Денешниот ден беше планиран да се искористи за посета на на саемот за мотори во Цирих.Ама прекрасниот “пролетен“ ден не натера да саемот го скратиме и поминеме неколку саати низ преполните со луѓе улици од Цирих. Како и да е денот ни помина убаво а сега треба да се одмараме за утре да бидеме одморни за турнирот МакШвиц...

 

 


 

 10 февруари 2008

Zugerberg 08Од краткиот предлог на Велин, да направиме “мала“ прошетка по Цугерберг, испадна скоро целодневен марш по Цугерберг со мал пикник.

 

 

 

 


 

Јануари/Феврури

Швајцарија ја брка зимата,фазнахт 2008
во скоро сите краишта и населени места низ Швајцарија, овие денови луѓето покушуваат да јаистерат зимата која не ни дошласалам. Со гласни музики. ѕвонци и се што прави галама, се организираат карневали на кои се се труди да некако ја заборави ова „жално“ време на студови и магли.


 

 14-21.10.2007, Zürich

 На изложбата на фотографии која организираше «Јужнословенскиот културфорум» имав можност да изложам и неколку мои фотографии...

Неколку мои фотографии »»»»»

 Официјална страна на «СКФ» »»»»»

 

 


 

 07.10.2007

 Денеска така посабајле членови од нашата фамилија и фамилија Јаневски, се стегнаме и пешки ја ишетаме скоро цела Риги. И ако времето на почетокот беше магловито, не се одкажаме од дадената цел и така после дваиполен марш стигнавме до Риги-Кулм.

Фотогалерија »»»»»

 

 


 

meteo 01.07.2007

 Како и многу пати до сега, повторно се потврди дека «Во виното е вистината, а во ракијата глупостите». Така и саботната вечер на 30.06.2007, во пријатно друштво и со добра ракија, уште еднаш повеќе се договориме да одиме на «Големиот Митен» (врв со надморска висина од 1900 метри). И така, не наспани и не скроз при себе, тргнавме во утрото на 01.07.2007 накај врвот.... и стигнаме. Прекрасната панорама беше награда са секоја искапана капка пот.

Фотогалерија »»»»»

 

 


 
ФОТО-АЛБУМИ:
»
»
» Docek na Novata 2012
» BMW R80RT
» Swiss Moto 2011
» Golzernsee, 30.10.2010
» Weg der Schweiz, 12.09.2010
» Проект 2010
» во Македонија, лето 2010
» Лето 2010
» Zürich 03.06.2010
» Luzer 29.05.2010
» Gotthard 24.05.2010
» Moto Swiss 2010
» Hummelzunft Umzug 2010
» Rothenthurm
» Есен-зимо 2009/2010
» Stoos - Fronalpstock
» Zermatt
» niz istocna Svajcarija
» leto 2009, CH
» impresii 2009 MK
» Leto vo Makedonija 2009
» Vierpass Tour, 13.06.2009
» Monaco 2009
» Прво возење 2009
» Frühjahrsschwinget, Oberarth 09
» Baumaschinen Messe, Bern 2009
» Swiss-Moto 2009
» Rigi, dek.2008
» Kaufdorf (kratka verzija)
» Kaufdorf
» Super Moto
» Burgenstock
» Pariz, maj 2008
     » Pariz, 10.05.2008
     » Disneyland Pariz, 11.05.2008
     » Pariz, 12.05.2008
» Raten 2008
» Sviss Moto 2008
» Zugerberg 2008
» Rigi 2007
» Ohrid 2007
» Arth
» LIEBHERR L556
» Insel Mainau
» Via Silva
» Zoo Basel
» Bennau
» SwisMoto2005
.
.
.
Линкови:
» www.arth.ch
» www.senn-brunnen.ch
» www.directories.ch
» www.makedonium.ch
» www.makedonium.eu
 
» www.mpc-svetinaum.ch
.
.
 
» www.kavadarci.info
» www.ktv41.com.mk
» www.dnevnik.com.mk
» www.vreme.com.mk
» www.utrinskivesnik.com.mk
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 © Ristovski, 2007 ristovski.ch@hotmail.com