ime

  

Zugerland

     

home
• photos
• info
• link

 


 

 

 

01.12.2016

Нормално

Будење 05:30, а темно како и во 03:50 - црна темница.
Поглед преку прозорецот и на термометарот - уште потмурно.
Четврток, ѓубрето го собират. Вреќата со ѓубре ја изнесуваш узпат.
400 метри одејќи се расонуваш додека стигниш до паркингот каде ти е колата.
Да, “другови мои“, не помага да возите 10 км/ч, замрзнатата шофершајбна во иста мера непрегледна, дали 10 или 50 ќе возите.
И уште сабајле одма негативни работи. Термометарот на колата покажува -2.
На железничката, само да си земиме весник.
Возовите уште сабајле полни. Забележуваш дека некои се доспиват, повеќето ја трошат батеријата на “интелегнтниот мобилен уред“  и  у едно 5 - 6 вагони стварно еден човек седнал до прозорот и гледа преку прозорот!!!
Возиш накај работата, престигнуваш велосипедисти кои и покрај минус температурит и покрај мракот си одат на работа со точак.
Првото поголемо “село“ човеци чекаат автобус.
Во мракот гледаш како некоја група уште у темно вежба и скакаат по тиа пониските ѕидчиња.
Возиш накај повисоките места. Излеваш од маглата.
Стигнуваш на работното место.

Neuheim, ZG

Кафе и весник? Не! Денеска интересно изгледа маглата над тоа “големото село“.
Камерата и стативот и на положај!
Е дури сега кафето и весникот во топлата просторија ќе ги уживаме.
Скоро цела работна недела еве помина и освен у понеделникот кога беа по сите весници изнапишани резултатите од последниот референдум - ништо за таа тема веќе.
Со месеци зборувана, во последните денови пред гласањето дури и агресивни препукувања на таа тема, “излегување од атомската енергија“ - гасење на атомските централи во Швајцарија ?!?! Изгласаме НЕ.
И сега атомите на мир можат пак да се траќат и да прават топла вода, а сите политичари почнаа да работат на енергетска стратегија до 2050. Секако со “налогот“ од народот да атомските централи не бидат предвремено изгаснети...

И, НОРМАЛНО, електронската пошта и електронските приатели да ги превериме.
Пошта нема, барем нема ништо важно.
Од приателите исто така ништо посебно. Ама до душа, јас моментално имам само неколку приатели кои ги “пратам“ на фацебукот (на ЕДНА рака се броат)големиот дл се “одпишани“ т.е. се жртва на мојата борба против политичкото предизборно ТРУЕЊЕ.

Да. Од пред некоја недела почнав безгрижно да се “одрекнувам“ од приателите на фацебукот кои на било кој начин место за себе, известуваа за предвремените и вонредни избирања и сите активности околу лигавењето на некои си створења кои сакат да бидат политичари и кои обеќаат дека ако победат, Дедо Мраз ќе го направат министер за желби и остварувања....

Е тоа е добро на “интелегентните уреди“ ако почнат ногу да се прават паметни, човек може да ги исклучи! А тоа, селективно примање на информации доста добро го владееше дедо Мане. Нему, на човекот, никогаш не му се слушаше, освен ако го интересира! тогаш и преку две соби слушаше

Еве полека, и сѐ посигурно, доаѓам до заклучок дека тоа фацебукот сѐ помалку и помалку му е потребен на човештвото... Може ќе дојде ден кога и самиот себе ќе се избришам од таму. Ама прво да видиме шо ќе биде со новата влада...

Но мили мои, моите фотографски “патувања“ ќе може и понатаму да ги пратите на foto-gogo.ch а на ова место по некој збор од мене ќе прочитате.

Ви поскувам весели и пријатни предпразнични денови...

п.с. си седам и се мислам.
дали е “НОРМАЛНО“ да насабајле (секој ден) нерасонет одиш од таа страна село само заради тоа шо нема поблиску место за паркирање?
дали е “НОРМАЛНО“ да насабајле, у темното уште, доброволно трчиш и правиш вежби по селото?
дали е “НОРМАЛНО“ да насабајле кога нема ни трага од дневна свелина шеташ со статив на рамо и со камерата и фотографираш НОЌ?
и дали е “НОРМАЛНО“ да сето тоа е норамлно и да сите си ја бркат и гледат својата работа и никој не се тревоже за тоа шо другите го прават... ?!?!?


 

Денот после СУПЕРполнаНАЈГОЛЕМАмесечина

Смелост за ново!

Некои викат, да згреше човек еднаш, нормално е. Да згреше човек двапати за иста работа, не пазел. Ама да и трет пат иста работа пак а греше, е тогаш треба да се “превере“! И ете така еве идат 4692 вонредни избори у Македонија.
Фаците исти.
Фразите исти.
Гласачите исти.
Сценариото исто.
Резултатот ист!!!
Се додека не се осуде народот да направе чекор напред, Македонија ќе си биде древна, без иднина....

Од века имало накви на кои им било убаво и накви на кои не им било убаво. А имало и накви кои мислеле дека им е убаво и накви кои мислеле дека не им е убаво.
Е тиа шо “мислат“ се најголемата маса у изборната машинерија и они ногу лесно грешат и се одлучуват за тоа шо го “мислат“ бидејќи не се трудат да со свои очи а видат бедата!

Сакаш да победиш на маратон, а ги облекуваш ниа старите, истрошените, изветвените патики кои ти правеа плускавици и на петите и на прстињата...

За среќа после моментално СУПЕРполнаНАЈГОЛЕМАмесечина, и после победата на Господинот Трамп, кој е ептен приател на Македонскиот Народ ??? Македонија ќе а биде!

После хелени, визнтиици, римјани, илири, ... турци, срби, бугари, ѓерманци имаме можност и чест да самите себе сѐ уништиме, единствено ако не не спаси Господинот Трамп!!! Или само мислиме дека Господинот Трамп е приател на Македонскиот народ и дека него ногу го интересира за некои си забеган народ некаде у Европа, на Балканот, ...


 

02.11.2016
»Четирите жмигавци«

“се држиме за рака
и шетаме по златниот тепих
кој го послала есента ...“
би напишал поетот.

“да ви го начукам и на лисја, крај нема ваа да а...“
ќе каже метларот од комуналец шо треба да ги смети тротоарите...

И така како сѐ нешто на ваа дуња, сите работи, имат две страни.
Како ќе ги видиме и разбериме работите многу важи од која страна стоиме.
Есента, прекрасно годишно време. Барем за фотографите. Ама кога е како ова есен, сончева, пријатни температури - златна. А кога е како наа ланската, е тогаш сѐ ќе ти се скурче, со денови магли и дожд и лисјата уште не пожолтени ќе испопаѓат.

И така на секое одење (и после секое идење) ќе ја искритикуваме Поранешната Југословенска Република Македонија, ќе изјавиме дека ни е преку глава од сѐ шо таму се случува, за да секој пат со љубов и носталгија ја прошетаме, откриеме нови убави работи и се потсетиме на убавите моменти... 

Стварно ногу работи на нас, кои сме на “привремен престој во странство“, не ни се јасни, не ни се логични и ни се несватливи. Ама од друга страна гледаш дека на поголемиот дел од жителите на Поранешната Југословенска Република Македонија не им смета, прилагодени се на тие работи и на таа ситуација и тебе ти треба време и многу снага, за да не се мешаш у сите работи и да даваш свои мислења за сѐ.

КироКрстев

И додека од една страна се фалат (извесни структури) дека го подобриле, разубавиле, унапредиле, абе сѐ, животот у Кавадарци, дека направиле волку  КВАДРАТНИ метри улици, толку цевки за вода, вакви ламби за светење, шеташ и гледаш запустен парк, заборавени “ПРВОБОРЦИ“, одиш дома немаш вода со саати, ... да тоа е мојата чудесна земја МАкедонија

Пријателскиот, гостопримливиот, Македонски народ кој е секогаш спремен да помогне на секој, моменталистички прераснува во егоистички монструм кој е сконцентриран само на својата цел, или инаку кажано, оди пробај да со кола со скопски таблички паркирана на улица »7ми септември« да се уклучиш во сообраќај!!!

Како е можно да во држава со “НАЈДОБАР закон“ и најголеми казни ништо да не функционира по закон???

Законот и традицијата се едно, состојбата и целосната ситуација се друго. Е тоа другото, другото е шо да ти расправам. Јас разбирам љубов и гриажа за старото, ама па мора сѐ да е како пред 5, 10, 20 ... години? Мора ли паднатиот ѕид у паркот со години да стое грамада? Расипаните кандалабри, зошто не влезат во некој “проект Кавадарци 2000 и кусур“ и се поправат? Зошто дури се “шминка“ околу центарот, се заборавија борците кои загинале за слободата на народот свој? Или ние не сме тиа народ?

И се чудам, се чудам на човеците шо у време на тотална глобализација, интернет, “слободни“ медиуми, човеци шо ако не еден сигурно два мобилни имат, како тиа човеци се помиерени со целосната ситуација, како уште неможат да видат како пред очи му цртаат розова иднина?

И се додека има маса на човеци кои уште веруваат дека “Скопје 2014“ е капитален проект, се додека има човеци шо мислат “странските инвеститори“ се дојдени да ја зајакнат Македонската економија, се додека има земјоделци кој чекаат субвенции и средување на ситуацијата од шупелкари, се до тогаш Македонија ќе биде залутана во историјата и традицијата.

И на крајот две прашања:
1. Зошто има човеци кои возат коли по улиците и мислат дека “четирите жмигавци“ се лиценца да ги ебаваат сите други???
2. Зошто градоначаникот на ГРАД Кавадарци дава “отчет“ за сработеното за ваа година уште на 02.10.2016? не ли мисле да работе уште два месеци, или има нешто со изборите???

 


октомври 2016
"cloud" "oblak" "magla" "veter" "born to be wild"

"Easy Rider" беше филмот кој за ногу човеци у Светот и пошироко беше првиот филм кој го раскаживаше моторџииството. До душа во тоа време крајот на 60-тите и почетокот на 70-тите не беше баш “друштвено“ да се изјасниш како љубител на возилата на две тркала и мирисот на бензинот, па затоа моторџиите важеа за не интегрирани во општеството...
После гореспоменатиот филм, дојдоа уште неколку филмови кои на не ногу шаблонски начин ја откриваа “моторџиската филозофија“. Па така Harley Davidson и “приателите“ постанаа симбол за непокор и слобода!!!
И сето тоа немаше никој да го интересира, ако не почнаа уште повеќе “филозофии“ и “емоции“ да се продаваат и тоа за скапи пари. Па од една групичка на бунтовници и љубители на мирисот на изгореното уље сценаата прерасна во една економска сила. Моторите почна да се продават не со: “4 цилиндри, 16 вентили, 4 делорто карбуратори, 5 брзини, диск кочници - напред дупли, толку км/ч од 0-100 толку сек.“
сега се продаваат: “перфектен дизајн, фасцинација на две тркала, емоции у п... м..., “ и така фрустрираните доктори, адвокати, филозофи и останати потрефени од климатериумот купуват мотори (без да прашат за цената) со надеж дека ќе ја откриат смислата на животот. Па така за разлика од порано, кога можеше да си купиш солиден мотор за 8, сега за нашминкана пластика ти требат 24.

Saurer

Стварно ноа “порано сѐ беше поарно“ е ептен досадно, ама така е. Ако не за “сѐ“ барем за поголемиот дел.
Еве интернетот. Порао беше поле за слободно движење на мисли, стоки и идеи! А сега, квалитетно контролирано средство за контрола и манипулација на масите...
Преди ногу години, кога црквата го прогласуваше за “ѓаволска работа“ големите компании како играчка за недораснатите деца, сите си наоѓаа спас во интернетот.
Имаше “интернет продавници“ кои продаваа убави нови работи без провизии и еден куп даноци, па например, една нова фотокамера можеше за поштени 30% поефтино да си ја купиш. На аукционарските платформи можеше од некој чичко/тетка да си купиш нешто шо веќе не му треба за симболична цена. За “приватните потреби“ без проблеми можеше да си инсталираш некоја си програмичка која ќе си ја користиш додека компјутерот живее.

Арно ама, интернетот прерасна во поле за “жетва“ и “стрижење“. Некогаш не заинтересираните компании, си ги купиа интернет продавниците, си ги наредија со нивни цени и сега е исто каде ќе те стрижат, виртуално или реално. По ebay & co, 98% се фирми кои ги нудат своите продукти по цени кои нив им одговарат.
Програмите нема купување веќе, само “под ќирија“ (месечна или годишна) може да ги користиш. И сите сакат да ти водат “грижа“ за фотографии, документи, и сѐ шо имаш у дигитална форма - ама у облакот нивен.
И на крајот сето тоа ќе испадне “ветар и магла“.
А направи “клик“ на »70« одма знаат сите дека ти треба објектив 70-300 и на секое повторно контролирање на цената оп! корегирана (нагоре) ...

Ни останува да се надеваме на убава иднина.
После изборите,
после победата над ИД и тероризмот
после есента...


 


еден понеделник у септември

Сабота, после скоро месец и кусур повторно се најде време и се погоди времето за возење со моторот. Па така без план и цел, се качив на моторот и тргнав...
Како шо доликува у непланска работа, не беше баш најинтересно. Повторно по тиа патишта шо ги имам поминато, и одлучување на секој кружен тек кој правец ќе го фанам. Па така возејќи оп, Баден Вуертенберг!!! Дојчеланд! Арно, првиот патоказ Цирих и назад у Швајцаријата. 240 км по патиштата на Швајцарија (и Германија) и ниту една фотографија!!!
Ама едно убаво празнење на мозокот од сите црни, сиви и закржлавени мисли. Возиш и гГледаш фармерите ја собираат можеби “последната рака“ на трава/слама па по патиштата безброј трактори, “претрчуват“ косачки преку патиштата, И НИКОЈ !!! не се нервира. Безбројни моторциклисти, човеци кои можеби последен викенд ќе ги возат своите спортски и ексклузивни возила, сите во колона по еден зад тракторите. Никој не се пренамага, не се “докажува“ сите уживаа во убавината и спокојот на природата... и ги оставаат земјоделците и фармерите да си ја бркат работата.

Понеделник, ден да се започне новата работна недела и да се средат фотографиите од викендот

Првиот есенски викенд. Времето сончево и тивко. За тиа два дена изшпартав едно 650 км по Швајцаријата. Па така поголемиот дел од времето го поминав на и во возилата, време за фацебукот ногу немаше. Па денеска да превериме шо правеле “приателите“ минатиот викенд...

.
.
.
.
.

ДА! има разлика. тоа би бил од сега натаму одговорот кога би ме прашале дали има разлика меѓу Македонија и Швајцарија.
Има нешто и исто. на пример напонот на струјата е исто 220 волти, се возе по десната страна на коловозот, реките течат надолу,

А бе чи Гоце, да видиш до кај стигна Македонскиот Народ... ништо од наа твојта со поле и натпревар и култура...

.
.
.
.
.
.

► несакаеќи ми се уклучи ваа камерата, на клаптопот. И се гледам самиот себе, очи у очи! и го Прашувам, добро бе Гого, до кога ќе се траќаш, Макдонија вака Македонија нака, у Швајцарија инаку???
редовите кои фалат беа мое видување на состојбата во мојата сакана татковина, Поранешна Југословенска Република Македонија. И во нив се фанав! како сакам демек јас да ја управам работата. Не е тоа моа работа, секој нека си ја срка супата како си ја сварил....


Вчера у Швајцарија имаше некој си референдум, три работи за гласање од кои двете стварно веома врло важни за секој еден жител на Швајцарија. И се изгласа. Резултатите такви какви што ги објави комисијата.
И денеска на ручек у ресторантот муабет - кој како го поминал викендот кој како се спрема за предстојниот есенски одмор, кој како се извозил со екипата до каде...
За гласањето, за работите кои се гласа - НИШТО! Било и завршило, се фаќат пак сите да си ја работат својата работа и никој не се замара веќе со гласањето.
А во демократска и независна и самостојна Поранешна Југословенска Република Македонија состојбата ИЗБОРИ трае со месеци, години, ВЕЧНО!
И сите “експерти“ кои се дограбале до некаква си тастатура само штрикат теории и филозофии.

 


 

септември 2016 (#02)

Не неврзани мисли ...

Овие денови/недели имав прилика, или повеќе речено потреба, да размислувам за нај не јасната работа во животот, смислата за живот. Човек ќе помисле и Гого забегал у филозофите ама ете и така идело.
Ќе изнапишам тука можеби и глупости, ама моментално мислите стварно така ми “летат“.

Пред некој ден дури беме у Македонијата имав прилика да направам уште една изложба на мои фотографии. Ни прва ни последна, ама втора во Кавадарци, па затоа спремањето ми беше некако како рутина. Најголемиот проблем, одбирањето на фотографиите, траеше и најмногу, може да се рече неколку месеци. Секој шо не а работел ваа работа ќе рече: “е нема што, шо толку одбирање?!“, ама некој шо само фотографии за печатен албум спремал знае шо е проблемот. “Проблемот“ беше шо имам ногу фотографии кои сакав да ги покажам (сега ги сваќам ниа од »Ски Кожув« каа пред некоја година на својата интернет страна напишаа “поради многу снег, скиачкиот центар не работи!“). А бидејќи фотографијата ми е само хоби/занимација се користе тоа малкуто слободо време помеѓу работата, фамилијарните обрски, возењето со мотор (уште едно хоби) и класичното губење време пред компјутерот смиле

И така у тоа време на подготовки, имаше и планирање. Па така си мислев, како ќе биде убаво, ако на некој новинар му текне и сака да направе интервју сос мене, да а завртиме работа и да направиме една емисија за фотографијата уште со некој фотограф и уметник, па да пуштат меѓу тиа турските серии нешто пресно и интересно. Тикви! Изгледа новинарите шо ги има у Македонија се истренирани само изјави на политичари да снимат и разкажуват.
После си мислам, абе Гого, кој си ти па некој да се интересира за тебе, каа ни еден Глигор или Елпида никој од Кавадаречките новинари не ги “расправа“???

Кошарка. Бидејќи Кавадарци е кошаркарски град!, Македонската репрезенација во кошарка играеа натпревар / два у Кавадарци, некои си квалификации.
У нормално како “кошаркарски работник“ (уште едно мое хоби basketag.ch) отидов да гледам и ако имав речено дека натпревар на Македонска репрезентација нема да гледам па и у дворот да ми играат. И шо видоме? Исто каа пред ногу години у Цуг каа играеше ракометарната репрезентација - лигавеши и влекачи! Некако таа топката а “туркаа“ натаму / наваму ама не заинтересирано, колку да тропа топката. И одвреме навреме по некој “личен испад“ ќе залета некој и ќе даде кош. Толку незантересирана работа...
Е воа и слични работи ме натера да сумњам дека ние, денешните Македонци, имаме нешто заедничко со Александар Македонски (мислам на ниа војсководачот и освојувачот од преди 2000 и кусур години, не автопатот и аеродромот!)
Јас мислам дека у нашите гени ни фале ноа освојувачкото и желбата за победа!
Сѐ нешто ѓоа изладена супа или стоплено пиво а туркаме работата.

Гроздоберот. “Мојот“ гроздобер, од кој има по некој спомен у ваа мојата црпка, изгледа скроз инаку од воа шо виа денешните правачи на Гроздобер сакат да ни го “продадат“. Гроздоберот го памтам по гужите. На местото на денешната спортска сала, имаше ништо, т.е. човеците си го користеа просторот за разноразни расади, а во време на Гроздоберот се рамнеше и тука паркираа коли од цел Свет! Во АМД и оклината се поставуваше камп на моторџиите од цела Југославија кои беа тука и го замирисуваа градот (барем нашето маало) со еден мирис, кои и ден днеска ако го осетам некаде ме враќа таму - у детството.
Имаше карневал кој сликовито го симболирзираше правењето вино, од закројување, врзување, прскање ... до пиење на виното!
На бината пред НОВ Балкан пееа нашите школски кои си одеа по тиа креативните секции. Тезгите со свирчиња беа распостелени долу у полицјското паркче кај шо имаше и по некоја вртелашка, а у најубвите години и “Ѕид смрти“ или “Глобус смрти“!!!
А сега? Го затвориле пола град со две скари, ете демек нешто се случува у градот, наместиле три-четири шатори со демек вино ќе презентираме (само во касните вечерни саати) и најважното бина за “светските“ ѕвезди кои треба да привлечат 50000 посетители!
Од Карневалот ни “Кар“ нема...
Певачите ќе си испеат, ќе си ги земат парите (нормално, поделени каа шо е редот), гостите ако не се опиат, ќе си одат по дома каа ништо да не било. Ниту грозје, ниту вино, неможат да си земат... со себе
И така од некогаш гордиот “ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР“ направија “гроздијада“ од стилот на “питијада“, “пивојада“, “кромидојада“ ... на кои се рачуна со толку илјади евра за певаљка за да дојдат толку илјади “гости“ и после да си ги мериме у песокот кој има повеќе илјади.
Гроздобер, за да направе човек нешто убаво, па макар и роденден на некој, треба тоа да го сака.

Сето тоа нема да “смрде“ толку ако не се земе во предвид општата ситуација.
Дури илјадници евриња се трошат на “истрошени“ певаљки од сосеседството и пошироко, од Македонските пеачи се чека да прават добротворни концерти за собирање “средства за загрозените подрачија“.
А Загрозени се сите подрачја у Македонија. Дури се “работе“ наолемо на шминкање и фарбање на фасадите и лицата, сето суштински потребно се остава за некои си “подобри времиња“ или некој друг да го среде.

 


септември 2016

» изложба на фотографии Кавадарци 2016

katalog1

01.09. - 09.09.2016 (06.09.2016 !)

Изложба на фотографии
Дом на Култура »Иван Мазов Климе«
Кавадарци
Македонија

И се случи! После повеќемесечно договарање и подготвување како што беше договорено, изложбата беше отворена на 1ви септември 2016.
Во галеријата при Домот на културата »Иван Мазов Климе« во Кавадарци беа изложени околу 40 фотографии во штампана форма и околу 610 фотографии во дигитална.

...

2 3 1

 

повеќе »»»


12.09.2016
“БОМБА“

Полн со сеќавања, емоции, чуства...
За три недели се “наталожило“ толку ногу шо човек не знае од каде да почне.
И секоја мисла каа едно парче од бомба. ништо. може ќе прелета у воздухот за да зарѓаве некаде у травата, или па ќе утепа некој?!?!

Одењето у Македонија беше “дефинирано“ уште во март месец ваа година. Со мојот приател, комшија, сограѓанин Марјан како представник од Домот на Културата »Иван Мазов Климе« во Кавадарци, го утврдивме датумот, 1ви септември, датум за една убава изложба и уште поубаво дружење. И од тој момент се работеше на “создавање“ на изложбата. Безбројни саатови штракање по воа лаптопот, одбирање фотографии, спремање фото и видео материјал, пакување, праќање по камиони, автобуси, комбиња. И така, две недели пред почетокот комплетниот материјал беше спремен за презентирање, време за опуштање, средување на мислите и дотерување на ситниците.

Време да се спремиме и за неизложбениот дел од одморот.
Тато ни нарача да му донесиме ПОРТОКАЛОВА маица. Малку чудно! Лилјана му купи една “портокалова“ маица. Но нашите сваќања за “портокалова“ боја се разликуваа колку и ниансите на бојата помеѓу црвена и жолта има... На крајот беше: “е ќе видиш, ќе одам у понеделник и ќе купам портокалова, ОРИГИНАЛ, и зелена како секогаш до сега.

expo16_01

Во меѓувреме веќе знаеме дека »Тиквешкиот гроздобер« е закажан за викендот на 3ти и 4ти септември. Нас не ни беше планирано така, мислеме дека изложбата ќе ја поминиме пред гроздоберот, но после се “спријателивме“ со фактот дека така ќе биде дури и подобро - ќе има народ!
АМА! Ама ни не рачунаме со факторот - човек (т.е. лигавеш - не ми текнува друг поим за човек шо сака да се праве важен и моќен). Така на само неколку денови пред изложбата Зока ми ја соопшти веста дека мојата изложба “ќе мора“ да биде поместена недела покасно заради друга.
Како прво: ГНЕВ, после нервоза, после ...
Знам само дека никаков одговор не и кажав на сестрата. А у тиа момент ми се идеше сѐ живо и диво да отерам у ...
После некое време само напишав, да не ја избрзуваме работата и да “преспииме еднаш“ - може ќе се нареде работата, можеби е и грешка.
Да следниот ден, трензвено размислиме, па да е и така, може да се направе пак истото УБАВО, само една недела покасно, добро, за крајот на изложбата нема да бидам таму, ама, таа е!
Но со едно прашување кај “вистинскиот“ човек, испадна дека сета била само “несакана грешка“ во разбирањето ?!?!? - сѐ ќе биде како планирано ?!

Па повторно враќање во нормала! Работите се како шо ги планираме.
И тогаш кога беше сѐ како шо сакаме, радосни, весели, со “убави“ човеци околу масата, со ладно пиво на масата, со кобаски на скарата ... телефонот заѕвони.
Вест, која знаиш дека кога-тогаш ќе ја слушниш ама не сакаш никогаш да биде сега.

Како во транс поминаа тиа неколку саати, додека седнаме во салонот и утврдиме дека ќе ни фале човекот кој ги гасеше сите ламби заборевени по куќата, штедејќи ја струјата знаеше да го исклуче бојлерот кога најногу ти треба топла вода...
А бе Тато, шо убаво ни беше каа не нервираше....
Ќе ни фалат и муабетите за време на утринското кафе ...
Ќе ни фалиш.

После тоа ништо не можеше да ме изнервира или револтира. Кога ќе се соочиш со крајот, не е важно дали плочките се вака или нака наместени. Дали вода капе и ако шеспати мајсторот поминал. Дали таканаречениот чиновник у матичното е таму само плата да земе.
Да во такви моменти ни станува јасно дека “Време немаме и за тоа не треба да брзаме“.

 

После некој ден некако пособраме сила и волја да ја спремам изложбата која веќе не ми ни беше толку мила. Сакав Тато да ги виде фотографиите - распкувани.
Но за чест на сите други кои ја очекуваа и сакаа да ја видат ја “закачивме“.
И не била како другите, нешто поинаку, некако поближна. За тоа што ја гледаа блиски и мили луѓе. Благодарам на сите што дојдовте!


expo16_02

И сеа - »Тиквешки гроздобер«!!!
“Традиционална! стопанско! туристичка! манифестација“???
Пред две години бев и го видов.
Ваа година бев и пак го видов.
Изјавата од тогаш, останува:
“јас нема да поканам некој гостин да дојде на »Тиквешки гроздобер« па да се срамам.

Се надевам дека некој КАВАДАРЧАНЕЦ ќе се разбуде некое сабајле и ќе рече:
“Сега ќе го заштитам името »Тиквешки гроздобер«“ па нека нашите, или вашите, си носат певаљки на сопствен “терет“, а не да го крњават името »Тиквешки гроздобер«.

Неможам да кажам дека човеците не работат и дека не прават нешто.
Ама кога човек ќе го виде “комплетот“ како да ја именува човек таа состојба???
Зеле човеците нови »LEGO«, »DUPLO«, »PLAYMOBIL« и кој какви “коцки“ нашол (до душа можеби се и нови) и си играиме град/држава...
Тротоарите кои до пред некоја година беа “нови“ се како шумски патишта, полни со стапици. Некој наместил најсовремено “LED“ улично осветлување а не приметил дека “долу“ има дрва - па тротоарите пак темни.
На тротоари каде порано човек “коњите можеше да ги трче“ сеа народот се дутне и при тоа му свират на увце - директно од звучникот на “кафичот“


И додека му се чудеме на “СКОПЈЕ2014ПОЈАЧАНОСОШАРЕНОРЕВОЛУЦИОНЕРНИМОТИВИ“ видоме дека може и поинаку.
»Македонско село«
Едно убаво, пристојно катче за релаксација. Значи можиме и убави работи да правиме!!!

Makedonsko selo

Му се восхитувам и му завидувам на ЧОВЕЦИ кои опстојуваат во Македонија и нашле начин и можност да живеат и творат во Македонија покрај сите спрепки кои им ги поставуваат. Јас не би бил толку силен.

А да, изложбата. Изложбата заврши некој ден пред планираното - поради “повисоки општествени интереси“ МОРАМЕ да ја собериме за да на 7ми септември, денот на ослободувањето на Кавадарци од фашистите, се постави друга. Благодарам мое Кавадарци!

На отварањето на изложбата имаше пријатели, роднини, посетители како за ретко кога во таа галерија, ама и покрај спонзорството од страна на “Градоначалникот и Советот на Општина Кавадарци“ не приметив некој од таму...
Мене тоа ногу не ме потрефува. Јас им безгранично благодарен на вработените во Домот на културата, на искрените приатели кои ми помогнаа, Страшо од ЈАСА - салон за бела техника, кој драгоцено ја помогна изложбата, а не побара ништо за возврат. За Зорица, сетрата и Златко, кумот кои покрај своите обрски наоѓаа време за моите “бубачки“ ги собираа пакетите од по цела Македонија и организираа ногу работи. За братучедот Ванчо, кој специјално за изложбата “направи вино“ !
И за сите кој на овој или оној начин ми помогнаа барем таму, на изложбата, да се одтргнам од секојдневието.

Ќе ми текнат, ќе ми текнат и други моменти. Ќе ги запишам. А може и не.

Ете, ваа дуња врве по нејно. Кој го фана моментот го фана.

Портокалова мајца не стигнав да купам, ниту пак зелена.

 

 

забелешки, август 2016
(запишани во изминатава недела...)

и пак.
Македонија поплавена!
И сите лафат каква катастрофа ни се случило.
Не е катастрофа и лани Македонија беше потопена.
Трагедија е! Трагедија зошто ваа пата преку 20 ЧОВЕЦИ ги загубија животите.
Нормално, сега имаме повторно експерти за секој дел од ситуацијата.
Јас сите информации ги добивам од интернетот, телевизија не гледам (Македонска)
А информации, повеќе од колку шо треба.
Па матни како водата шо го однела човечките животи.
Помош не сум дал, испратил, на никој, уште.
А зошто да пратам?
Како прво.
Владата на РМ не бара помош!
А и јас, јас верувам во владата, државата, партијата, ... дека ќе се справат со ТРАГЕДИЈАТА.
Верувам! Како да не веруваш во една влада која е во состојба да направе бродови за на суво.
Како да не веруваш на влада која пола главен град го нашминка со “морска пења“!
Како да не веруваш на влада која имаше визија и створи “репрезентација“ која се натпреварува во хокеј на мраз, ЕЕЕЕЈЈЈ ХОКЕЈ НА МРАЗ!!!!
Добро сеа, патиштата шо ги прават испаднаа каа ниа нашминканите фасади, само фарбани коловози (со малку битумен и асфалт), ама за пред избори бркаа работа.
И сега го молам Македонскиот Народ да не плука и по владата и партијата, оти ви си ги одбрате. Ве фарбат и шминкат и ви тоа го прифаќате и плускате.
Добро, христијанско е да се простува. Ќе им простиме на тиа шо а заебаа работта и пак со аплаузи ќе ги поддржиме да и понатаму не шминкат и ФАРБАТ.
Ние може да простиме, оти нели сме најинтелегентното животно на ваа Земјина топка.
Ама природата ?!?!? е природата таа не дава да си играиме со неа и со космосот.
И цеховите на некои кои сакат да изиграваат божества ќе го плаќаме / донираме сите.
Второ.
Нема да донирам уште сега ништо, оти ќе се осеќам каа ниа “верници“ кои од каа ќе а заебат работта одат у црква и палат свеќи.
Ете по интернетот/фацебукот, Македонците во Швајцарија “вриат“ и “напињат“ да се организира “нешто“!!! за да можеле да донираат.
А шо беше лани???
Колку од нив донираа и уплатија на тогаш организираната работа ???
А?

За тоа најубаво да не се “палиме“ на сите напишани теории и мислења на безброј експерти од одсек хидрометеоролошка-филозофија.
Требе прво да се утврди дали стварно американците со нивниот ХАРП систем или посетителите од Галаксијата ОМЕГА се одговорни за виа НЕприроден феномен - дожд?
Па тогаш они да се повикат на одговорост, не владата која се труди да го направи живото во Скопје како оној од бајките!

А да американци и ХАРП!
“Филозофите по хидрометеорологија“ му се исмеејуваа на еден човек каа кажа де ка се случило “Дождовна бомба“!!! демек измислена работа.
А да наштракаат на тоа компјутерот “Дождовна бомба“, или по странски “Regenbombe“ или “Microburst“...

А во пресуди, осудување, исмејување, некои неможат доволно брзи да се.
Каа наа со 1000те долари од Австралија.
Некој од амбасадата на РМ во Австралија само неколку саати после невремето изјавил дека има отворено сметка и дека веќе има собрано 1000 долари.
И така одма веднаш “врвни експерти од Македонија“ почнаа да си прават драпешки на доларски рачун.
А браќа (и сестри) дали размислите дека додека во Австралија - тоа е подалеку дури и од Охрид, за неколку саати се организирале и собрале некој долар, у пола Скопје човеците не знаеа дека од таа страна река поплави има?
И за сите револтирани “текстописци“:
Кога пишувате за диаспората дека не помага (еве поминало дууури два дена и ништо од диаспората) и се драпате на РАЧУН на диспората, дали мислите на наа диаспора која годишно го полни државниот буџет со 500 000 000 до 1 000 000 000 долари (па макар и австралииски биле)

После некој ден,недела, ќе се позачистат улиците за да можат тиа “директорските“ коли да одат до местото на снимање, а за некој месец сета ќе а заборавиме.
Да ќе заборавиме дека има човеци, деца, кои останале голи и боси.
Ќе се концентрираме повторно на најновите највонредни избори и ќе слушаме како некои одпоново не фарба/шминка...

А и таму, во потрефените подрачиа. сигурен сум дека пак сето ѓубре ќе се фрла по тиа одводни канали, ако останале

А ѓубрето, ѓубрето шо го одкрија поплавите е гнасно.
Не знаиш кое повеќе смрде. Тоа предизвикано од невремето или тоа шо демек помага на загрозените

СМС пораките ги измислиле за да им се олесни работата на техничарите кои ги инсталирале апаратите за мобилната телефонија. После СМС пораките се користеа за добра заработка на пари на телефонските компании.
Виаграта, ниа малите плави апчиња, биле измислени за да им помогнат на болните од срце. А најсреќни се олабавените фраери.
Така и фацебукот. Чичко Цукерберг го измислил да човек се пофале шо работе, ама не го зел во рачунот коефициентот на човечката глупост.
Па така фацбукот моментално е “поле за глобално глупирање“.


 


02.08.2016, ИЛИНДЕН “х“ (икс)

Оти ја сум од “големото доброутро“ и си имам две татковини си ја имам и привилегијата да и 1ви август си го славам. Добро де, не се качив на некој си тукашен “Мечкин камен“ ама така скроз “патриотски“ си го извозив Прагел, еден мал, близог ама за време на викендите затворен планински превој. Патот кој поврзува два кантони и поминува преку една од многуте планини на северот од Алпите, и на која насекаде има бачила, беше доста фрекфентен. Од една страна бидејќи на тој превој за време на викендите е забранет сообраќајот на моторни возила, а од друга страна заради традиционалниот појадок за 1ви август.
Да, на денот на државата т.е. на Конфедерацијата, многу од сточарите и фармерите организираат појадок за народот. Места и време кога се сретнуваат “граѓаните“ со селаните...

Низ цела Швајцарија се организираат прослави и митинзи, ама ние традиционално си ја посетиме прославата во Брунен, Кантон Швиц. Тука најногу се осеќа од прославата, за џабе не е Руетли, местото каде шо е создадена Швајцарија, преку пат (т.е. преку езеро). Има богат огномет и скромна музичка програма.
Нема “музички ѕвезди“ од соседните држави или континенти - локални, аматерски музичари ја прават забавата прекрасна - не само заради тоа шо половина од публика лично ги познаваат, многу повеќе за тоа шо луѓето се дојдени да го прослават денот, а не певаљката.

1ви август

За разлика од “швајцарските“ пријатели, овие денови по “Македонските“ медиуми преовладува будењето на патриотизмот. Дали со коњи, топчиња (дрвени) или патриотски дејствија (мењање на имиња на објекти) секој гледа да пособере некој поен повеќе од ГОРДИОТ МАКЕДОНСКИ НАРОД! Се користи ова “патриотско“ време да се направе журка па макар и со ѕвездите од соседството кои во соседството не се веќе ни истинати комети, ...

Ме боле. Ме боле шо полека почнувам едната татковина да ја сакам повеќе. Не дека за едната или другата сум направил нешто повеќе, јас мислам дека и за двете немам ништо направено. Ама едната ме “трпе“ поубаво.

Добро бе потомци на Александар МАКЕДОНСКИ, зошто ми а расипате мојата Македонија?
Кој ве натера да се делиме на “наши и ваши“?
Кој кажа дека има добри и лоши човеци? до душа кој направи! да има добри и лоши човеци?
Зошто тоа шо се вика респект и разбирање го однесите у три пи.... ?
Зошто ми направите да каа лафам за Македонија ми се подсмеват виа другите???
До кога со “патриотски“ пароли ќе чекаме на пристоен живот?

И дај бе ноа заебаното, “Ќути, има и полошо!“, да го заборавиме сите и да почниме да работиме за да си направиме поубаво.

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН!

СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!

СМРТ НА ФАШИЗМОТ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!!!

 


07.07.2016, мирисот на времето...

Ете денеска долго очекуваното убаво време, дојди. Летото, може да се рече, вистински дојди и во Швајцаријата. Па уште сабајле, со мерак, му се качиме на моторот и - право на работа.
Возењето на мотор мене веќе одамна ми представува уживање. Човек ужива во возењето, човек ужива во природата, човек ужива во ново видените работи. Да, кога возам мотор се осеќам како дел од природата, не скриен зад затемнетите стакла и поленфилтерот.
На моторот многу поинтензивно и одма ги осеќаш миризбите кои се во природата, биле они пријатни или од ниа шо го задржуваш дишењето и даваш гас да поминат неколку стотици метри со надеж дека ќе се куртулиш од смрѓавата.
Денеска за првпат оваа година повторно го осетив мирисот на липата на Колин-плац во Цуг. А мирисот на липите ме враќа во моето детство, во касно пролетните денови кога одеме на школо и попат ќе намирисаме некоја липа. Касна пролет, време кога уште сѐ е зелено и пријатно. Време кога школото беше при крај и само тиа деца беа во нервоза шо требеа да поправат по некоја оценка.
А липи немаше ногу по градот. Оти каа ќе расцвета сите комшии се истураа да соберат чај, а ѓубрето у дворот е на газдата...
Денеска исто така ќе имаме повеќе “гости“ во сепарацијата, па уште сабајле поминаме со вода да не се праве прашина.
А тој мирис, мирисот на пресно натопената прашина ме враќа исто во детството и пред мене се појавува сликата кога навечер ќе помине цистерната и ја измие улицата од прашина, и малку освеже. Како деца, а чекаме цистерната и секогаш покушуваме да го прескокниме млазот од вода. Понекогаш ни успеваше, а понекогаш мајсторот не “освежуваше“ од глава до пети... ама ни и на тоа се радуваме.
А секое боење ме враќа во време кога се уселиме во куќата. Пресно варосана и пресно лакиран пархет, па тиа мирис на нитро ме враќа во време на мојата младост...
Чудно е како некои миризби не врзуваат за конкретни настани и моменти, понекогаш дури повеќе од било каква фотографија.

“Каубојски ѕенѕери“, ете тиа дрва/плодови до ден денеска не ги разбрав шо се, зошто се и дали некаде ги има на друго место на Светот освен у Кавадарци???
Мирис немаа, ама само ако те заболе меот од нешто, одма беше наа: “ами по дрвата се качујте, јаите КАУБОСКИ ЅЕНЕНРИ, мислиш леб дома нема!...“

ееее, тиа убави успомени, затоа ги жалам денешните деца кои мирисот на нитрото ќе го врзуваат со некоја си “шарена револуција“...
А тој, запамтениот мирис никој неможе да ти го манипулира. Неможе ниту да му смене осветлување, или недај боже да го префарба или ти направе фотомонтажа.

Ја гледан поплавата на фотографии по интернетот и социјалните мрежи. Стварно сѐ да се фотографирало морало!
И како жто има милион миризби, така има милиони “фотографи“ кој со своите фотографии ни го разубавуваат секојдневието. А и ма од ниа шо шират само “смрѓава“
Веќе неколку денови, недели, ме напаѓаат полу голи жени на мојот фацебук профил.
Не ги ни знам, не знам ни зоште дошле “кај мене“ а најмалку можам да го сватам нагонот да се сликаш полугола на некоја плажа и да се презентираш демек еве ме мене... за воа се бореме цела година!?!?!?

На ова место најногу одговара наа: “поминувачка нека има“!

А убавите работи, убавите работи пропорционално растат со порастот на температурата. Имаме се повеќе време за активности на отворено, и се помалку време поминуваме пред телевизорот, компјутерот, фрижидерот...
Поминаа, се надеваме, тие дождливите викенди, па ќе имаме време да се извозиме со моторот, да испечиме некоја кобаска до езерото, да се “искапиме“ во езероно...

Но и една убава обврска, за почетокот на месе септември се спрема една убава изложба на мои фотографии во Кавадарци, па во случај да не се возе мотор, имам занимација околу спремањето на таа изложба

KolazIzlozba

 

 


09.06.2016
По една нианса од сите бои...

И како шо доликува на швајцарците, ТОЧНО 45 денови пред да истече годишната претплата на серверот - оп рачун. Значи имам 15 денови да размислам дали ќе го плаќам или НАВРЕМЕНО, 30 денови пред крајот да го одкажам. Нормално, ќе си платам. Ќе си платам и понатаму тука, на воа мое место у WWW ќе си пишам шо, колку и кога сакам.

А да, по воа ВеВеВе-то сите си пишат, и полека станува неверно... Не дека моите пишувања(мисли) се точни или најисправни, ама барем немора да се мислам шо е тоа у тиа Македонски народ шо неможе да “скокне“ преку своето его.
Сум член и пишував на неколку Македонски форуми. Обично се “мешав“ у муабети на теми шо мислам дека малку а разбирам работата, а имам и малку искуство. Ама тешко е да се разбериш на нашиот Македонски јазик. Дали тоа ќе е за осетливоста на филмот, или за карбураторите, или нешто како споредба помеѓу моите “две татковини“ секогаш губев мерак да пишувам или да се расправам со луѓе кои ако не си на нивното мислење знаат “убаво“ да те навредат (и ако не те знаат и ако не рабират шо си напишал).

Исто така и на ноа фацебукот. Останав без “приатели“! Од кога ги одстранив сите тие шо ми праќат “приајетелски“ покани да учествувам у некоја игра, сите тие шо на секоја песна коа ќе ги потрефе у кафанта - одма ја споделуат, сите тие шо ми шират “филозовски мудрости“ од разно-разни неотрезнети филозофи, од кога ги одстранив сите тие - скоро и да не ми идат новости од моите “приатели“ ...
Чат-пат ќе прочитам (и нема да разберам, а гогле неможе да го преведе оти не е напишано како треба) некоја си реченица на англичански од деца кои да ги испратиш на реката да се измочат, сигурно ногавицат ќе си ја помочат, ама за да бидиме атик, пишиме по белосветски...

Па така принуден, морам да читам вести од сите страни на Светот. И можам да ви кажам дека ситуацијата е за нигде! (за едните) или поубаво време во човечката епоха не постоело (за другите).
И пак на тоа ќе дојме. На “наши“ и “ваши“!!!
Лесно му било на наште прадедовци и дедовци. Имале турци, па срби, па бугаари, па ѓерманци, имале против кој да се борат, ако сакале. А сега? шо да правиме без вистински непријател? па да, ќе си створиме, па макар тоа бил и комшијата или братучедот од “нивната“ партија.

Моментално е “актуелно“ дека се тера некоја си “шарена револуција“. И оти јас ногу не а пратам работата стварно не а разбирам. Како е можно да со месеци некој демонстрира, фарба фасади, коче избори, и уште шо ли сѐ не, а “државата“ “функционира“ ѓоа ништо да не е...
Мене не ми е јасно како може еден народ да не обраќа внимание на ситуацијата.
Сигурно се зафанати со матурските.
А идат и летните одмори, ќе треба да се се сликаме на некоја плажа, така малку подразголени.
Па после ќе дојде ноа со грозјето, винариите и парите.
Па така шарената револуција можеби ќе се појача со кумиње!!!

 


22.05.2016
Живот во заблуда или илузија???

И додека нашите предци се управуеле со клетите турци, светот создавал работи на кои шо ни денеска им се восхитуваме. Ете не ногу далеко од Швајцаријата, во Италија, граделе, катедрали, мостови, тврдини, градови, ...
И можеби некои од нас се восхитуваат на тие гигантски зданија, но мене секогаш повеќе ме фасцинираа деталите, прецизноста и мајсторството на каменокршачите...

Шеташ по тиа улици, по кои и пред 5 - 6 века некој шетал и го пцуиш Тито.
Како бе не ги срамело да ни продават прикаски за како ние, Македонците, сме си некоја стара култура, како кај нас сѐ е измислено, како само заради тоа шо другите не нѐ секале нас не нѐ бива...
Го пцуиш тиа створења денешни, кои се нарекуваат политичари и кои заради којзнае какви аномалии ни прават шминки...
Швајцарците не се фалат со среденоста, редот и чистотата. Италијаните не се фалат дека само у една црква/катедрала имат уградено толку камења колку шо у цел Македонија има... сватив дека човеците не се фалат со тоа што го имат.

И ете не нас шетаме "на прифатно за четири бона", а бидејќи шетаме во сопствена режија и без добро познавње на англичанскиот јазик идеме во контакт со бедното секојдневие на европејските држави. Со улиците на кој секоја шахта тропа било шо да ја нагазе, со улиците во кои “групирани црномањести типови“ продаваат сумњиви продукти, со улиците кои се преполни со дупки, стари камења, стари возила, замрсени каблови и без добар осеќај.

А тие црнците шо стоат у чопори и ти прават да на моменти заборавиш дека си во европејска земја. И нема да ти биде чудно кога скоро секоја железна врата се отвара само со клуч или со пријава. А не е до бојата, повеќе смета тоа чопорското однесување. А сретнаме и црнец, црн каа ќумур. Ама со бела насмевка и со и ако не со некое којзнае какво занимање, пријатно делува. Ни помогна на интернационалниот јазик (со раци, нози и насмевка) да го управиме апаратот за наплата на паркингот.

Поминувачка нека има.

И додека матурските, шарените свадби, фарбаните револуции и друго ги преокупира Македонскиот Народ, истиот он ќе оди да шета по Светот и да се восхитува на паметот на другите...


11.05.2016
од каа ги победиме фашистите...

Секој ден се почесто и почесто се прашувам шо ќе биде ако ни го исклучат воа интернетот и мобилните мрежи?
Дали ќе може да го “префрлиме“ мозокот во аналоген модус? Дали ќе можиме да го користиме тоа шо се вика “нормален човечки разум“?

Пред некој ден си нарачав, како шо денеска доликува, гуми за моторот преку интернетот. Нормално сета работа си е твоа. Да најдиш одговарачки гуми, да си запишиш колку гуми сакаш, да си платиш... на тиа чичковците (или тетки) им останува само да ги спакуват и да ти ги пратат.
ТИКВИ! Две нарачани, една дојди и таа грешка.
И пак сета работа у тебе, пиши дека се грешка, поправај-шторнирај нарачки, прави нови нарачки и тоа сето треба да го изштракаш на воа компјутерот - да се јавиш на некој по телефон и да се “испразниш“ - нема.

Поучен од ваа работа, останатите делови за дефинитивно спремање на мотосезоната т.е. моторот, одам директно во официјално представништво / регионален овластен сервис!!! За да нема забуни, сообраќајната у раката.
Тоа детето, каа му седна на компјутерот, пола саат - го сокапа!!!
А требеше да ми даде само филтер за уље, филтер за воздух и гуртни за кочниците.
После 40 минути (од кога јас ги запознав сите нови модели на BMW, Honda и КТМ) иде скроз поносно со три кутиики. Е тука да имаше од ниа камерите шо снимат фаци, да му а снимеше фацата каа му кажав уште на прва дека филтерот за воздух е грешка, па од кога ми ги покажа гуртните му викам не се такви (јас не оти ги познавам, ама од искуство си знам дека у парот, гуртните не се исти) и така после 50 мин испаѓам со филтер за воздух и филтер за уље, гуртните ќе ги нарачуват, за да покасно утврдам дека и филтерот за уље гршка бил ...

А у таа продавница/сервис на BMW одам да си купувам делчиња за моите BMW-ејци уште од преди 25 години. Ама тогаш си се викаше “Мото Бамерт“. Бамерт, газдата на таа фирма и главен механичар за BMW и Honda, кога ќе отидев да побарам било какви делови ни број, ни боја, ни дали имаш аквариум дома, го интересираше. Одеше, кога не беше зафатен со поправки, во магазинот и ти го носеше делот 100% без грешка, или ако беше ногу зафатен ќе ти кажеше оди у магацинот, третата сталажа некаде у средината треба да е тоа, ќе отидиш и ќе си го земиш.
Таков беше и “чи Марaтос“ у Солун. Бараш дел и ако го има ти го дава, ако не, вика дојди за еден саат - ќе го изваде од некој стар мотор, ќе го организира од некаде, важно без правиот дел не те испраќаше...
Без бројки од мотор, шасија, ЕМБГ и слично, само марка и модел - и ОП!делот тука.

Сѐ помалку се такви човечиња шо си ја разбираа работата. Сега сите се на “ентер“ и ако нешто а грешат работата, “шо да правиме - компјутерот згрешил, или извинете ама системот не ни работе...“

До КОГА???

До кога ќе оде ваа вака? Кога ќе почниме пак да ги отвараме очите и да ги гасиме компјутерите да го уклучиме “здравиот човечки разум“ и да му се посветиме на тоа околу нас, тоа шо се вика реален свет?

 


02.05.2016
»ПРОЛЕТЕРИ ОД СИТЕ ЗЕМЈИ ОБЕДИНЕТЕ СЕ!!!«

И пак еден од тие денови каа ќе ископаме некои мисли заметнати и потиснати у некое прашлинаво ќоше... Чудни мисли!
Генерација '66та. Некако одпосле видено, некоја чудна генерација. Ни секогаш си беме некоја експеримнентална. Си експериментираа со нас. Беме прва или последна (не памтам веќе точно) која имаше некое си “насочено средно образование“, беме последна генерација која служеше 15 месеци војска у СФРЈ, а се чуствувам како една од последните генерции младинци кои со тиа црвениот пасош од СФРЈ можеше да патува низ цел Свет (освен грција) без никој да му го оспорува.

Израснаме у време кога за 1ви мај се правеа смотри и приредби, а на 2ри мај се одеше некаде по кориите да печиме кубаски. Си а пееме “Интернационала“ и ред други партизански песни, а Велигденот ни беше - црвено јајце.

А вчера. Вчера беше 1ви мај и Велигден. И некако гледам или осеќам дека стварно веќе сѐ е заминато у “две за едно!“
И тука, во Швајцаријата, не еднаш го имаме дебатирано дали се потребни празниците?!?! Поготово верските празници. И тука има слободни/празнични денови за верските празници. Ама...

Вчерашниот ден сите некако го славеа, ама дали “чесно“ го славеа???
1ви Мај, барем нас така не учеа, е “Ден на трудот“ и треба да се одбележе борбата на работничката класа за подобри работни услови и права.
У “наше време“ бидејќи беше тоа социјализам и работничката класа беше на власт, т.е. имаше самоуправување, и бидејќи немаше од кој да ги бара своите права - почнаа кубаски да печат. Така тоа, печењето кубаски и уништувањето на животната околина за 1ви (2ри) Мај помина полека во традиција, а борбата за подобри работнички и човечки права се заборави - кој е улав да оде да се организира за некакви си борби каа има кубаски.

Велигден. Еве уште го тераме празнкот (јас сум на работа). Ама вчера, вчера беме у црква - како шо личе на секој првославен Хрисијан. А таму и таму истата слика. Куп човеци собрани за “нешто“. Убаво е, мене ме бендисува кога тука во “туѓуната пуста да остане“ се собираме и се сртнуваме и си правиме муабет, ама...
Ама еве и после 20 и кусур години Македонска црква во Швајцарија, во време на интернет и фацебук, човеците уште не научија за шо се тиа верски празици, за шо и како се слават и одбележуваат.
Поминувачка нека има.

Од денеска не толку, ама од утре пак во “нормала“ и ќе ги штанцаме нашите денови како до сега. Пак ќе се мислам, зошто никој у Македонијата не организира протести против експлотаторите, зошто човеците место во црква и фамилијата денот го поминуват по светот за да стават слика на фацебукот, зошто се помалку црвени јајца има...

Ама од друга страна тоа е тоа - РАЗВОЈ, НАПРЕДОК, ЕВОЛУЦИЈА...
па така ќе се навикнуваме на
- ајвар
- велики
- православен
- ...


29.04.2016
петок, “Велик петок“, “црн петок“

Крај на април. Во чест на “Шарената револуција“:
ова се добива кога ќе ги измешате сите бои...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


март 2016 (верзија за обработка...)

Наредниве редови се почнати да се пишуваат од скоро пред еден месец.
Од време на време кога некоја вест ќе ги побуди моите емоции, запишувам неколку збора за да одпосле напишам нешто повеќе. Ама минатиот месец, март, беше толку бурен шо останаа само забелешките...
Па малку може ќе биде непрегледно (да не речам без концепт..)

Крлежи или пчели, шо се странските “инвеститори“???
Веќе не се трпе лигавењето на ноекои си таканаречени политичари, волку вработени, нолку странски инвестиции, толку нови патишта, повеќе “спортски ХАЛИ“ ...
Абе зошто ништо од тоа не приметувам??? Си идам еднаш - два пати годишно на мојата “родна грутка“ која во меѓивреме и дупка е станата....

Дваесет и пет и кусур години...
толку ногу, поголемиот дел од мојот живот еве го поминувам во “туѓината пуста да остане“.

Во тиа години не само што 25 и кусур кила “заработив“, туку мислам и дека малку искуство собрав од тоа шо се вика живот. Добро де, малку забегано од тоа нормалното у Македонија, ама искуство.
Еве на пример, на времето 8-ми март беше ден да научиш песничка и на некоја смотра ѓоа уштиркар да а кажиш пред сите мајки.
Сега, се прават чајанки, чочеци и екскурзии. А најинтересна е, тука во дијаспората. Се организираат забави по повод 8-ми март, певаљка мора да има и на крајот од забвата жените возат дома
А правата смисла на денот е скоро и заборавена, затоа што таа социјална мисла за рамноправност нема место на “социјалните“ мрежи. Нормално тука во Швајцаријата покрај сите други вести ќе се спомне и смислата на 8ми март ама ногу да се “траќат“ - нема да видиш.

Еден пеач од просторите на поранешна Југославија пееше: “... карта је курва, извинте ме што псујем...“ Ама он у тоа време не се соочуваше со политика, каква шо е денешната, па да виде шо е курва. Курва не како слободна сексуална работничка, туку како карактер.
Се продава сѐ, од мајка, преку чест до душа за на крајот и државата и народот да се продаде.
Да народот. Или не е тоа продавање, да му дадиш на некој белосветски експлоататор да го цеде твојот народ, за да ти може да возиш белосветска кола??? И плус ќе се правиш како добродетел!!! Да ги следев тиа човечиња, кои од зајчиња прераснаа во в'ци само заради тоа шо по некоја случајност влегле у политиката...
А од друга страна и црквата. Нашата славна црква. И тамо само китка до кокиче. Ако човек има малку прилика и можност да ги запознае тиа попови и владики, ќе виде дека и тоа е само една собранија на човеци кои едноставно сакаат да бидат сакани. Ништо подобро не се организирани од едно стрелачко друштво.
Но сите тие си имаат титула и потчинети кои ги користат за да се представат пред народот како им паѓа на памет.
Тука морам да напишам збор-два за моја самоодбрана: Јас црквата како институција ја ценам најногу на овој Свет. Да не била таа, Македонската првославна црква, нас Македонците, клетите турци сите ќе не потурчеле и сега ќе треба тука да пишувам со ниа смотаните букви.
Но игрите на политичарите и свештените лице директно по своја глава го осети еден мој приател и добар познаник, и еден од редките современи дејци на  Македонското револуционерно движење ни има кажано дека Македонците немаат ексклузивно право на “Александар Велики (Македонски III) " и неговото дело, туку тој - Ацето де, е дел и темел на сите Балкански култури, па и пошироко.

И така и едните и другите (и политичарите и поповите) имаат нагон да се сликаат пред камерите, за да после од каа ќе а направат кашата им ја даваат на своите следбеници да ја сркаат - жешка. Нормално после “апелираат“ и едните и другите на да бидиме разумни. Сето тоа е убаво, да се апелира на разум, ако разум има.

А исто така на секое мое идење на “родната ми грутка“, секогаш одпоново морам да го “сварам“ ноа дека музиката од мојата младост не е ексклузивно право на нашите генерации.
Но исто така тоа го алармира мојот нервен систем, до последниот нерв, кога ќе видам како деца, или поточно младинци, кои очигледно се родени после распадот на Југославија, се “палат“ и “паѓат у несвест“ на таа музика, музика на мојата младост...
Ееееејјј!!!! таа музика е скоро 40 години изветвена!!!
Дали сите тие револуции и транзиции го уништиа и она последното убаво во човекот па никој нема потреба да музичко/уметнички се искажи пред јавноста.



 

29.02.2016

и! чика Тома је рекао:
“затворите све кафане нек се моја душа смири ...“

а јас по којзнае кој пат ќе речам, “де бе чи Бил, де бе Марк, исклучите го воа интернетот едно две-три недели, ако неможите три месеци!“
Интернетот, социјаните мрежи, електронските медиуми, се постанати веќе секојдневие. Ама човек кога малку ќе поразмисле, ќе осете дека црковните кругови кои до пред некоја година сите тие “нови медиуми“ ги квалифицираа како “ѓаволска работа“ и не беле толку грешка.
Сигурно не е грев да преку интернетот комуницираш со твоите ближни кои се илјадници километри далеку. Сигурно не е грев да на интернетот си “бркаш работа“ се презентираш себе си и твојата работа. Сигурно не е грев да со една фотографија ја споделиш, со целиот Свет, својата радост.
Но дали не е грев да на интернетот, “скриен“ зад мониторот и тастатурата плукаш, вреѓаш секого кој е различен од тебе само со тоа шо има друго ислење??? Дали не е грев да повикуваш на омраза? Дали не е грев некој “јавно“ да го понижуваш???

Од друга страна, интернетот е само огледало на душата на денешното човештво. И додека на улицата ако сретниме некој шо не го сакаме ќе ја наведниме главата или ќе се загледаме у некој излог, на интернетот имаме право да го вреѓаме, пцуеме, омаловаживаме - абе фиран да го сториме. Да на интернетот сме ногу јаки, поготово ако тоа е постирано ноќеска у 2 - 3 саатт, сето “подмачкано“ со иждригешки од ефтиниот алкохол кој сме го зеле како катализатор...

А глупостите, не се ограничеи само на поединци.
Еве денеска ги гледам весниците у Швајцаријата, како од насловните страни се кезат победниците од вчерашнот референдум! сите се среќни го “победија“ »СВП« (швајцарското ВМРО!) па сега Швајцарија ќе има можност и право да се расправа и да ги негува криминалните странци. Колку е тоа лигички - тоа е друго прашање... важно на »СВП« (ВМРО) му покажаа дека и ако е најголема партија, опозицијата е сета против нив.
Македонија. Исто. Криминалот се легализира. Или како ќе го претумачиш ноа со помилување на изборните малвезатори/криминалци?

А, да. Може да направиме (на инернетот) “Група за подршка на...“ ?!?!?
И тука, на тоа место, “Виртуелното поле за натпревар помеѓу народите“ ќе стискаме лике, ќе го вреѓаме комшијата (за да утре сабајле каа одиме по леб / Бога ќе молиме да не го сретниме) и ќе се правиме патриоти и националисти. И ќе ги сакаме тие шо ќе ни стиснат лике, и ќе ги вреѓаме тие шо ни дале некој одговор , не у наш концепт.

А бе каде е тоа време? Време каа страстите се развиваа со брзината на ширењето на некои вести - со денови, недели... време у кое истите тие страсни и не доаѓаа на таа колуминација каа денеска, оти дури да слушниш нешто или тоа веќе поминало, или си разбрал дека не е таа така... Време кога не постоеше “копи&паст“ туку веста се “развиваше“ и зависеше од тоа од кој почнала и кој ти а раскажал... Па ако беше од тетка Нада Тута, можиш слободно одма “делете“ да направиш...



 

18.02.2016

СУРОВ !

Македонија ја напуштив крајот на минатиот век, поточно 1989 година. Со дваесет и некоја година, тогаш Светот околу мене ми беше розов.
За разлика од ногу други, јас неможев да се пожалам и за животот во СФРЈ. Во тоа време, кога поради лични причини ја напуштив СФРЈ, општеството го гледав со тиа “розовите“ наочари. Некако по моите сфаќања (тогашни) повеќе или помалку сѐ функционираше. Функционерите (политичарите), директорите, си беа облечени у нивните одела со врски, милицајците си беа респектирани, нормалниот човек се радуваше на основните работи и шо ти викам, мислам сѐ си беше на свое место. Право кажано во тоа време не не интересираше шо се случува политички за тоа шо си беше само една партија и еден народ, а медиумите, радиотелевизијата и тиа два-три весници кажуваа и пишеа шо ќе каже ЦК на КП. Па може и за тоа имаме чуство дека сѐ е како шо треба. Важно сликата на функционер/политичар беше во повеќето случаи потврдена на слико кога ќе се појавеа на некоја смотра.

И после дојдоа последните десетина години од векот 20. Подгреани со ефтини американски филмови, со прикаски за некаква си демократија и слобода, некои си интереси и ебаа мајката на СФРЈ. Дојдоа на површина сите националности и вери на до тогаш еден “братски“ народ на југословени. Како ги “огреа“ с'нцето, така секој почна да си смрди на своето.

Почна револуција - ма повеќе револуции.
Де за самостојност, де за демократија, де за ...
И сега имаме “компот“.

Тие револуции, транзиции, перестројки, демократизации ни доснесиа или овозможија да полуписмени се нарекуваат (и зимаат плати за) политичари. А еден мој познаник на една разделба ми има речено: “Гордан, Господ да те чува од полуписмени“!
Дури после неколку денови ми објасни (по телефон) што значи тој благослов:
“Неписмениот ќе те изслуша, писмениот ќе те разбере, а полуписмените ниту ќе те изслушат ниту ќе те разберат“.
А какви ни ја водат државата најдобро одсликува моменталната “политичка“ ситуација. Во немање на аргументи и визии, таканаречените политичари ги вреѓат неистомислениците и противниците до најниско ниво (гледано од нормална човечка страна, ама тоа е изгледа нивното ниво.)

Но шо може човек да очекува од едно општество во кое веќе не е важно кој колку респект и пристојност према блискиот покажува, туку се гледа кој колку се лигаве.
Свадбите не се прават за да се одбележе здружувањето на две особи кои имаат на ум да живеат заедно, за века, свадбите се прават за да се покаже кој има поубави фотографии направено во некој си парк и кој колку е “спремен“ да даде на декорација на масите у хотелот.
Се слават матурски и полуматурски мислиш “Господ за јајца го фанале“. Роѓендени и за најмалите се прават во вид на свадба, за да после некој ден истите тие, поносни родители, почнат да кукат како нема живот у ваа држава.
Поминаа тиа времиња кога за роѓенденот се радуваме ако добиеме некој динар за да си купиме сендвич кај “ДОС“ или пет ќебапи стиснати со две рибанки леб кај чи Петрето. И кога на свадбите се јадеше од котел, а салатата беше “богата“ ако на секоја чинија дробена зелка имаше по некоја маслинка.

Во почетокот на револуциите, еден мој пријател кој работеше како фоторепортер за некои странски весници имаше прилика да во време на конфликтите ги прошета Македонија и Косово и со својата фото камера ја забележе ситуацијата на Балканот.
После некое време истот тој фотограф, Македонец кој израснал во една културна и цивилизирана земја, имаше изложба на фотографии во Скопје. На едно од интервјута беше прашан “Како го гледа и доживува Македонскиот народ?“ Неговиот одговор беше:
СУРОВ!
Јас во тоа време мислев дека он не го разбрал добро прашањето (дете израснато во странство, не го владее добро Македонскиот јазик...)

Но еве сега после скоро 20 години ми станува јасно колку добро го разбрал прашањето, и колку убаво одговорил.

Од компири може човек да направе и помфрит, и пире, и чипс, и уште колку други убави работи ..., а од СУРОВ компир може само глава да те боле!

Е тоа е, сме биле сурови, сме сурови и ќе треба време дури некој “не сваре“ ...

 



04.02.2016

Сѐ се движи, сѐ се менува...

Помина, замина. Јануари, првиот месец од оваа до пред некој ден Нова година.
Замина и Никола, барем привремено.
Отиди и парламентот...
И сега пристигнаа, сивото секојдневие, омразата, животинското во човекот.

Старата германска мудрос вика: “Интернетот не заборава ништо!“
Па така на следните генерации кога ќе сакаат да видат во каква околина растеле и станувале човеци ќе можат да се разб'шкат по тоа архивите на интернетот и да видат кои “шупелки“ им биле идоли. Ќе имат можност да видат како виа створењата, самонаречени политичари, ги заебале сите окупатори на Македонија.
Или како би рекле нашите сверни соседи: “Ко ќе коме, ако не свој своме“
И ако најновите избори, секако вонредни, предвремени, уште се далеку не се штеде на плунки да се плука по тиа “другите“. Во вокабуларот на партииските лигавеши не редко се употребуваат зборови “ќе ги изедиме“, “ќе ги согазиме“, абе...
Жално, жално е шо ете таканаречените предводници на партиите најголемиот “неприател“ го гледаат во неистомислениците. И “нивните“ и “нашите“ не се свесни дека најголем непријател на Македонија е општата ситуација. Економија, екологија, вработеноста или едноставно речено - општата ситуација.

вечниот мотив...

Нас, на генерацијата мижитатара и царица, ќе ни остане да на секое собирање со другарите си расправаме како било, и кој како го дожиеал секој времето на своето безгрижно детство.
Убаво е тоа шо со годините неубавите и работите за кои сме се срамеле ги “забораваме“ и остануват само убавите сеќавања.
Овие денови, потикнат од успесите на Македонската ракометна репрезентација, си ги прелистав мислите како беше у “наше време“ со спортот.
Главни извори на информации за успесите на спортистите беа “Нова Македонија“, “РТВ Скопје“ и како најголем извор - чаршијата. Барем за мене. Јас не бев некој навивач (по денешно “фан“) на било кој клуб од било кој спорт, ама покрај толку многу сортски роднини, приатели и познанци неможеше да се изолираш од спортските збиднувања - иначе шо муабет ќе правиш на роденденовите, славите, свадбите.
Интересно беше, шо у “наше време“ Кавадарци сигурно имаше далеку помалку жители, ама имаше еден куп клубови, де фудбалски, де ракометни, де кошаркарски, па атлетски, па стрелачка дружина, карате секако, кои ја собираа скоро целата младина од Кавадарци, и се чудам како тоа сето функционирало без големи “спонзори“ ???
Покрај спортските клубови активни беа и “секциите“. Од тиа “главните“ во »Народна техника« до музичките, литературните и ликовните во секое школо.
Шо деца беме шо сме се мотивирале да се “здружиме“ некаде???

И така денеска ни останува да штракаме по воа “гратис“ интернетот и на секоја втора адреса пред да ја отвориме гледаме реклами за коцкарници, продукти шо неможат да се продадат на пазарот и слично.


ЕДНА МОЛБА ДО “СОПСТВЕНИЦИТЕ“ НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИТЕ, ВЕЌЕ КОГА САКАТЕ ДА ГО ШИРИТЕ ВАШЕТО МИСЛЕЊЕ, ДАЈ БЕ ПЛАТИТЕ НЕКОЈ ДЕНАР ПА ЗЕМИТЕ СИ НЕКОЈ СЕРВЕР КОЈ НЕ Е “ГРАТИС“ ЈАС (А СИГУРНО ИМА И ДРУГИ) НЕ СЕ ИНТЕРЕСИРАМ НИ ЗА ОБЛОЖУВАЛНИЦИ, НИ ЗА МАГИЧНИ НАПИТОЦИ - ФАЛА.

 


20.01.2016

0:0 за нас

И додека Светот гледа како и кога да ја искористе “престапната секунда“ Македонија повторно неколку месеци без команда.
Премиерот си дал оставка, парламенот се самораспуштил, избирачкиот список не исчистен... абе банда без команда - секоја втора година исто, предвремени избори. И, шо ќе избериме? Магарето или змијата?
Како деца, у тоа време гледаме филмови на телевизијата, (и на кинто). Немаше ни видео касети, ни ДиВиДи, интернет ич, и гледаме тоа шо ЦК на КПЈ и другарот Тито ќе ни пуштеа. Па така гледаме ногу повеќе филмови од СССР одколку од САД.
И тие филмови, од СССР, обично беа базирани на некоја бајка (прикаска) од некоја си земја во тогашна СССР. А СССР кулкава беше... И секогаш некој јунак со сабја, ќе се најде и ќе отиде да го убие лошиот змеј или ѕвер или да а утепа вешерката која некого маѓепсала па на крајот сите ќе се заљубат. Убавини...
После дојди транзиција, се појавиа првите видеорекордери и првите видеотеки.
Се појавиа Рамбо и неговите братучеди од САД кои одеа со кртешници и бомби и тепаа и рушеа се шо ќе сретнат попат само да утепат некој диктатор или криминалец и на крајот да добиат медаља од претседателот за заслуги за народ. (компот)
И така полека ама сигурно “Чичко Сем“ ни ги вметна (или по кавадаречки - ни го начука) неговите вредности од кои само он има корист.
Па сега ни ќе си правиме избори секои две години, а ѕверот кој ја цица и ја суши Македонија нема кој да го утепа. Затоа шо љубовта, респектот и човечкото не е модерно. Денеска се рачуна у профит. Денеска не се оди на летен одмор у Дојран да се одморе човек, денеска се оде у Тунис за да каа човек ставиш слика у фацебукот.

Така да и на следните избори ќе има наши и ваши, ќе си ги вадат очите брат на брата, а ѕверот кој се дебелее на човечката глупост ќе си расте и расте и расте. Борбите помеѓу “противниците“ не се водат со силата и моќта на секој од нив, туку се “подкопува“, фиросува, вреѓа другиот. ЖАЛНО. А ѕверот, јаде, џвака, ждере...

Веќе почнаа “нашите“ медиуми да известуваат за злоделата на другите, а нивните пак да не фиросуваат.
Ќе се прашате од која страна сум јас? И јас незнам! Мислев дека сум од страната на Македонија, ама немало таква страна. Имало наши и ваши. Така да сум од нашите.
А на медиумите како да им веруваш. Сите сѐ си пишат. Т.е. пишуват шо ќе им кажат нивните. Така да наа старата “види ли? пишеше у весникот!?!?“ скроз си умре.

Е да сум ЦАР! да сум цар ќе наредам да се исклчат сите телевизии, сите интернети, и на крајот и струјата ќе ја исклучам ако не повеќе барем колку шо се Велигденските пости. Па да се свесте народот и да виде дека сите сме “наши“.

Македонија со нерешен резултат ја победи Србија. (у ракомет де)
Тоа не ме зачуди ногу, оти таму има некои чичковици шо го рачунат тоа кој и како да играе онатаму.
Ногу повеќе ме зачуди шо сме имале толку “спортски експерти“!!!
Абе ти да видиш “плукање“ (по социјалните мрежи) по децата шо играат за Македонија. Мене не ми е јасно како можат толку ногу да а разбират работата а по Македонијата немаме салам ракометарски клубови??? ( и не само ракометерски )

 

 


 

18.01.2016

 

Годината ни почна со многу желби и честитки за среќна Нова година и здравје во истата. И уште на 8ми јануари одма да се пробало, дали ги бива честитките.
Едно “класично“ паѓање од лесвица од едно 3 метри. Првата мисла од кога поминаа болките: “вака ли ќе ни биде среќна годината?“ после неколку саати, поточно од кога преспав, почна не само ногата да боле, туку и некои други места од телото, маркирани со темно плава боја. И така опуштен од тие лековите за смалување на болките, пак го пуштаме филмот да врте... и сега сфаќам дека стварно ми е среќна годината и дека честитките од моите блиски и од моите приатели биле искрени. Фала и на Господ шо ете, со лесно поминав...

А до душа, цел живот е таков. Зависно од која гледна точка го гледаш, е каа наа филозовската: “ќути, со убаво поминаме“ или “има и полошо“. Значи дали работата сакаш да ја гледаш од позитвната или од негативната страна...

Пред некој ден, поточно на првиот ден од Божиќ си беме во црква. И таму, немаше ногу народ. Од една страна ногу убаво шо имаше место за сите унатре во црквата да си влезиме и ја слушаме литургијата, а од друга страна се мислиш, волку ли ни беше силата. Каде се сите тие шо за тиа два најголеми празници идеа во црква и се туркаа први да влезат?

У тие денови на боледување, имав повеќе време да ја пратам политиката. И читам чичко Никола си дал оставка. И вака си викам сега. Тиа човеци, тиа од актуелната власт, толку изнаправија, те Скопје 2014, те безплатно превози за повеќето врсти на граѓани (и ако е та само у Скопјето), те донесија волку или нолку странски фирми у Македонијата, те субвенции за земјоделци и останати, абе чуда изнаправија... И сега ако ги сменат? Шо ќе му остават на тие “новите“? Неколку купици кредити, странски фирми шо само за профит се у Македонија - само да рече Европа, ајде ќе правиме муабет за влез во унијата, абе тие сите така наречени странски инвестиции ќе ги снема за 48 саати...
Значи стварно е жално човек да гледа како сами себе си ја растуриме егзистенцијата и опстанувањето.

Ама како шо реку веќе, “ќути има и полошо“. Ете, минатата недела испукаа неколку туристи у Турција и за разлика од истата ситуација во Франција, реакциите на “меѓународната јавност“ беа ногу по воздржани. Си викам па добро, ногу помалку се на број и не се у срцето на Европа.
Барем од таа страна у Македонијата сме поштедени (уште). Премерот и влаата прават сѐ за да не се влоши состојбата, а некој се појави со некое екстремистичко мислење - оп! одма у државна устаниова да работе, ако ништо друго некој министер без ресорт ќе го направиме.

И така вечните двобои

Давид против Голијат,
Дон Кихот против ветерниците,
сите против тероризмот,
црквата против коледарите,
нашите пртив вашите...


Историјата е иста само глумците се мењат.

 


Среќна Нова 2016 година,
многу здравје, радост, успех и сите тие работи на посетителите на оваа страна!

Пријатни Божиќни празници!

07.01.2016

Христос се роди - навистина се роди!

Ги нема, ги извадија, ги изгасија, ги нема.
Секоја година истата прикаска, крајот на октомври се чудиме кога ќе почнат да го местат Божиќниот/новогодишниот декор, со ламбички во сите бои, а само некој ден во Новата година и се восхитувам како сѐ преминува во “секојдневието“ како ништо да не било (добро де, ние во централна Швајцарија ја имаме таа привилегија да им се порадуваме на ламбичките до 6-ти јануари, не дека ете лице ни прават на нас православните, туку оти они си го слават денот на трите Кралеви).

На телевизијата и по безплатните весници, а и тие шо ги плаќаш, веќе не се продава месо, риба, вино од цела галаксија, нема веќе реклами за разноразни “потребштини“ кои никогаш нема да ти затребат, не, сега веќе се вртат рекламите со диети, чудотворни напитоци, разноразни фитнес понуди, експерти за јадење! и секакви врачари ...

И ете, денеска еден од најголемите Христијански празници, по Јулианскиот календар, а јас? јас на работа. Не оти ногу ми се работе или мора да работам, туку оти работам во Христијанска земја која празниците ги слави по Грегоријанскиот календар. Така да јас сум еден од тиа шо слави два Божиќа и Нова година и сето тоа у помалку од две недели. Нормално тоа предизвикува збунетост, недоразбирање и заматена глава. И така го одмараме нивниот Божиќ, го славиме нашиот Божиќ, а на Нова година традиционално се опиваме.

Новата година, како празник, човек каа ќе замисле интересно ја искористиле КП и Другарот Тито. За да нема лудба помеѓу “братството и единството“ Новата година е прогласена за празник на која се даваат подароци. Не Божиќ како секаде у Светот. И поклоните нема да ни ги дели Св. Никола туку Дедо Мраз!!! А Дедо Мраз е некоја копија на ниа дедото шо деле Кока Кола.

И сега ноа носталгичното: “а шо убаво ни беше...“
Замисли како Другарот Тито ја организирал таа собранија на “братство и единство“. Уведил Нова година, Дедо Мраз, и забранил секакви верски празници.
И така сакал неќел сите, и кавури и турци и цигани, сите имале Нова година.
А сега ?!?!? Те ваков Божиќ, те наков Божиќ, па Нова година, па Стара! Нова година, па “српска“ Нова година, па кинески мајмун.. абе КОМПОТ!!!
И нормално дека нашето е исправното и најубавото. И ОП! ете закачки. Нема “братство и единство“ веќе.
Се делиме на ваши и наши, на точни и не точни, на убави и богати, на ...
абе делби колку сакаш.

Дури не сме единствени у тоа, дали на Колејца се јадат кубаски или не! Попот вика не, а меракот вика ДА!
А до душа тоа со верата малку ми е чудна работата. Порано, уште Баба каа беше жива, за Бадник имаше посна вечера, грав и риби. Паричката на кој ќе м падне ќе се порадува и на Св. Трипун се закопуваше у лозјето. А сега, од риба млеко на масата (демек рибата е посна) и уште неистината погачата чичко Цукерберг веќе знае кај кој е паричката (едно ЛИКЕ тука!)

А сета ситуација човек каа ќе ја подзагледа “од страна“, Божиќ, време за средби со роднините и блиските, време кое треба да се помине во кругот на фамилијата, време кога треба човек да си ја “превере“ душата ?!?!?
ЈОК, Божиќ, време за трошење пари на непотребни работи, време на шетање по не Христијански земји, време на лудило.
Арно вика мојот колега Христијан, Католик, најубаво е да ги укинат сите верски празници, нека ни дадат по 5 денови плус одмор и секој нека си ја тера верата и вербата...

Но како и да е, (додека чичко Цукерберг не ни уведи некој календар по ФБ) на сите вас ви посакувам среќна Нова 2016та година со желби за многу здравје, радост, успех, како и пријатни и спокојни Божиќни празници...

 

 


kavadarci.info

makedonium.ch

foto gogo

proekt 20xx

r 80 g/s

msn

 

 

Сите фотографии и
содржини на овие
страници се во
моја сопственост.
Секое неовластено
и непријателско
користење на
истите е со клетва
заштитено ! ! !

ristovski.ch ©2016