ime

  

Leto 2013

     

Пат околу светот...

После 20 години возење, еднаш до двапати годишно, на релација Македонија - Швајцарија се собраа километри да човек сигурно а обиколе целата земјина топка. Ама за жал, или за среќа јас се возев на релација централна Македонија до централна Швајцарија. Понекогаш поминувајќи преку Аустрија/Маѓарска/србија, некогаш Аустрија/Хрватска/Србија и во последно време повеќе преку Италија/Словенија/Хрватска/Србија. Имаше и години кога попат поминаме и низ Црна Гора и низ Босна и Херцеговина.
При тие испогазене илјадници километри сакали или не, бевме сведоци на напредокот и на стагнацијата на народите и народностите на овие простори.
Од времињата кога возејќи по патиштата минувавме илјадници села, до денес кога скоро 1500 км се автопатн во едно парче. Денска поминувам километри и километри застанувајќи само за бензин и по некое кафе, па ни смета ако неколку минути чекаме за да се наплати патарина. А беа времињата кога поминувајќи низ безброј села имавме можност да во секој момент застаниш, си купиш салама или паштета и леб, или во Војводина и Маѓарска по некој кулен и патувавме по 24 - 36 саати во нормални услови. Сега од истото место на тргнување до истото место на стасување како пред 20 години возиме 18 - 20 саати и се нервираме ако претераме преку 20!!!
Македонија, 20 години и кусур демек независна и самостална. И ако човек рече дека со 18 години детето постанува полнолетно, колку години и треба на една држава.
До душа, овие 20 и кусур години не се сите години на Македонија, ама демек ете независна, самостална, повеќепартииско демократска, и шо уште не...
Да во тоа време светот замина напред, телевизијата сателитска, телефонијата мобилна, а за интернетот и да не зборуваме. Значи можности да секој се и секогаш разбере. Но зошто сето тоа му користи само на неколку “оператори“???
На тие телевизии на кои најчесто се вртат некои шпанскопортугалскибразилскотурски серии кои се копија самите на себе, има и по некоја емисија од по светот каде шо се гледа како човеците некаде на друго место на оваа Земјина топка живеат и се борат за опстанок.
Не ми е јасно како ни на еден од тиа многупартииските политичари не им текна да видат шо се прави по светот со трујачите како шо е «ФЕНИ». Не само шо чадот ја труе цела Тиквешија и со одпадот покриваат хектари родно земјиште, туку со камионите кои носат руда од пич.. ....., ги уништуваат и така слабонаправетите “предизборни“ патишта.
Во Кавадарци, некогашен град, додека другите градишта низ бивша Југославија ниту вода за пиење имаа, ние се бањаме во еден од редките “олимпииски“ базени во СФРЈ.
Се шетаме во еден од најубаво уредените паркови во СФРЈ и ако само до 12 саатот ноќта живееме убав и среќен живот.
Бевме и во Охрид. Нашиот “Македонски бисер“ е достапен само преку “Виа инатиа“. Иначе како ќе го крстиш патот кој поминувајќи низ други општини повеќе изгледа како опитно поле за разен вид дупки во асфалтот. Како за инат виа другите општини (или државата) го остава патот да се претвори во рамна дупка.
А Охрид, древен град и некогаш со 365 цркви, претворен во прчварница, со 3650 кафиќи, кафани, шанкови, плажи и исто толку новопечени “бизнисмени“ кои освен во новчаникот, немаат поглед за тоа што се случува околу нив.
Оваа година и ако и тоа е редко, доживеавме да и српските гранични службеници бидат по пријатни од сите туристички работници во Охрид...
Жално е како еден таков вистински бисер рѓосува во раците на неспособни личности.
И ред други работи, заклучок е дека и после 2500 години Македонија уште се бара. Бара водачи и владетели кои ова парче земја ќе го донесат ако не напред, барем на место на кое заслужува...
Хрватска, бегајќи од гужвите на главните патишта, поминуваме на некој граничен премин кои го користи само локалното населени. Возиме преку села кои во конфликтот при распаѓање на СФРЈ беа скоро скроз уништени. Гледаме, реновирани куќи, гледаме нови куќи. гледаме средена околина, а за патиштата и да не зборуваме - како нови.

Недај Боже у Македонија некоја бомба да падне - ќе не може да се средиме уште 2500 години.

... ако, еве сега повторно на работа, повторно во моето секојдневие. А за воа другото: « Помунувачка нека има !!! »

Но не е се така црно, ете уште има ЧОВЕЦИ во тоа “мое“ Кавадарци и во Македонија. Уште има човеци за кои се исплаќа да повторно дојдиме во родното место, да миниме и ако малку, убави моменти. Патот околу светот пак ќе ме донесе во Кавадарци, кога и да е. Ќе одам со мисли на убаво поминатите моменти со драгите приатели, со другарите, со роднините. На Моментите поминати во ресторанти и кафани вои кои вработените се трудат колку што можат, па и малку повеќе да направат од Македонија место за памтење и раскажување.

Август 2013

kavadarci.info

makedonium.ch

proekt 20xx

r 80 g/s