• home
• photos
• info
• link |
21-29 мај 2013, Кавадарци, Македонија
Долгопланираната изложба на фотографии конечно се одржа.
Со огромно залагање на Марјан Тодоровски и помош од страна на Александар Малинков и вработените во Домот на културата «Иван Мазов Климе» во Кавадарци, успеав да ги представам моите фотографии на Кавадаречката публика и љубителите на фотографијата.
На отварањето на изложбата чест ми направија сите поканети роднини и приатели, како и моите почитувани “приатели по фотографија“ Г-динот Боро Рудиќ, Претседател на Фото сојузот на Македонија, Г-динот Роберт Јанкулоски, директорот на Македонскиот центар за фотографија, како и фотографите Дејан Гилески, Тони Коцев, Тони Галабов и други....
Од кажувањата на човеците, љубители на уметноста, кои ги посетуваат оваквите збиднувања во Кавадарци, изложбата не само од мој поглед, била една од поуспешните изложби во последно време.
Овие десетина денови додека бев присутен на изложбата заклучив дека и ако мала, во Кавадарци има уметничка сцена која неуморно твори и конзумира на сите полиња од уметноста.
И еве сега, неколку денови после изложбата, ги средувам мислите и читам кој што напишал за изложбата. Пофалбите во секој случај прават убаво, ама и обврзуват. Дали човек ќе се нафане да направе повторно такво нешто и дали ќе успее исто така или подобро??? Но во секој случај сега ги уживам пофалбите од многу страни и размислувам како да следната ја направам поубава и што би била темата која би ја привлекла публиката повторно така...
Линкови:
Видео 1 »»»
Видео 2 »»»
Видео 3 »»»
фото 1 »»»
фото 2 »»»
Известуваа:
www.kavadar4e.com
КТВ
Радио слободна Европа
Општина Кавадарци
Видувања:
Блузирање »»»
Каталог
|
|