ime

  


     

26. декември 2013

Традиционално! секој месец на 26-ти, иде ред да напишам по некој збор, како и шо ми се случило во минатите денови – недели.
Денес, 26-ти декемвири – четврток, втор ден како сум слободен и си седам дома. Бидејќи тука, во централна, традиционална и католичка Швајцарија се прославува Божиќ (барем сега за сега).
И така гледам дека и оваа година 2013-та си заминува полека, со сета своја радост и понос како и со суровост и тага...
Јас лично можам да се пофалам со две самостални фотоизложби, во Базел и во Кавадарци и едно кратко представување (еднодневна изложба) во Шоенбуел кај Берн. Од таа страна повеќе од задоволен.

Сé си течеше во нормални токови, до летото, кога со сета суровост ваа дуња не подсети дека сме дел на реалитетот. Пореметени и уште не свестени помина месеци и месеци ама кога-тогаш ќе мора да се вратиме во секојдневието и во нашиот “нормален“ живот.
Во последните неколку денови како и секогаш ги читам интернет изданијата на повеќе дневни весници. И стварно е жално и трагично (а од летото знам како се чуствуваат блиските на тие човеци) кога ќе прочиташ како секој ден некој загинува по патиштата низ Македонија и Европа...

Најмногу ме изненади изјавата на еден “учесник“ во масовниот судар во Србија последниот викенд. Сиромашкиот се жали, како србските власти не направиле доволно да ги предупредат возачите за тешките услови на патот!!! еееејјјјј???? А да “отвориш“ очите па да видиш дека има магла, па да “уклучиш“ мозокот и да ја поодвратиш тоа стапалката под десната нога???
“Der gesunde Menschenverstand“ = “здрав човечки разум“ не е само изрека во Швајцарија и германското говорно подрачие, туки и како норма во многу животни ситуации.

Здрав човечки разум, тоа се повеќе фале во овој денешен свет “контролиран“ од “смартфон-ови“ кои за секоја ситуација имаат одговарачки “АП“ .
Ап, или поточно апови – по старински кажано, им требаат на многу наши современици!

Здрав човечки разум. Божиќ, најголем и најсветол празник во Христијанството. Денови за духовен и семеен мир. Како да не! Авионите полни, автопатиштата преполни и сите фанале “усвит“. Државата, работодавачите, кои немаат врска демек со црквата ни даваат слободни денови да поминиме неколку денови со своите блиски и со Господ баш поради тој голем празник, а “верниците“ шо подалеку од црква – не дај Боже! Затоа сигурно не е далеку денот кога ќе ни ги укинат и вие “празници“.

Здрав човечки разум. Година помина, а Македонија сите белосветски писари и политичари ја подржуваат... Има ли некој “МАЖ“ или барем жена шо има балем малку понос и чисто срце абе еднаш да кажат нешто конкретно.

Здрав човечки разум. Каде е кај таканаречените Македонски политичари кои освен за сечење ленти и кезење пред камерите само за лижење ги бива – и тоа лигавешки.

Здрав човечки разум ...

kavadarci.info

makedonium.ch

proekt 20xx

r 80 g/s