ime

  

Баар, Цуг

     

 

декември 2014

Поминува и ова, лето Господово 2014то. Беше арно и Господ пак ќе го замолиме и кај него се помолиме за поубаво следно.
Оваа година, година како илјадници пред неа, полна со радости и таги, со успеси и порази. И како секоја “стара“ година со надеж дека новата ќе биде поубава, повесела, посреќна, по бериќетна, по ...

Во секој случај сме за неколку искуства побогати и една година постари. Искуствата дали некогаш ќе ни бидат потребни тоа е друго двајсет.
Исто така еве во оваа година може да се рече дека забележително стана што секој сé си пишува по интернетот. Оваа година ќе ја наречам “година на труење од страна на медиумите“.
Човек неможе да биде свесен колку сме подпаднати под дејство на медиумите (поготово на електронските).
Труењето почнува од наједноставно, глупо и досадно сугестирање преку фацебукот, демек “оваа икона исплнува сé и сешто, испрати ја ваа слика ако го сакаш твојот, син, тактко, сестра, мајака, жена, ќерка, комшика..., па до онаа од “официјалните“ пишани и електронски медиуми како студентите кои демонстрираат - незнаат зошто демонстрираат! Ама како и да е, секој нека си го најде својот портал и нека си чита вести шо се пишувани по негови мерки и мераци. Ме подсетува на времето кога почнаа да се носат видеоплејери/рекордери у Кавадарцито. Таман некој ќе си купи видео уред (или ќе му го донесат од некаде од белиот Свет) - ОП!!! комшијата отвара Видеотека.

Пред некоа година, тогаш пресно избраната власт во Македонија односно една од партиите се колнеше со “Преродба во 100 чекори“.
Колку чекори направија, до каде стигна, кој правец одат - никој не знае. Само што поголемиот дел од нас забележува дека работата или пороѓајот забегува. Од “Знаењето е сила, знаењето е моќ“ Македонија ќе си остане и без занаетчии и без “моќен“ подмалдок да ги чекорат стоте чекори.
Жонглирање со бројки како најдобри циркузанти, фарбање очи каа најпознатите уметници, за една работа не може да им се каже дека не ја разбираат (или две) да презентираат идила и да нацртаат фантазија. И сето тоа со подршка од медиумите кои или се нивни или ќе пишат како треба.

Пред некој ден читам една исповест на мој познаник на една од електронските платформи. Неговата приказна е толку слична со уште многу други прочитани и слушнати. Па човек се прашува, како, како толку може да се фарба “розово“???

Исто така сведоци сме на безсмислени (барем за нас) војни, конфликти, тероризам, со еден збор шо викаше баба: “поулавил светот!“
А од друга страна и не е толку далеку и скраја тоа со тероризмот, војните, пукањето. Има стварно моменти кога секој еден човек, колку и да е пацифист, му се иде да земе кртешница и да “поисчисте“ малку. Не за друго само, малку да се свести човештвото шо е важно у животот.

Затоа, Среќна Нова година. Нека ни донесе многу здравје, радост и надеж...

 


ноември 2014

Еден живот се бориме да бидиме од нашите, зошто вашите не ги бива. А ако си пак од другите, како проколнат си. Си пееме, се редиме во круг и секогаш гледаме кој ќе се фане на орото, нашето оро. Среќен ќе бидиш ако си од “големото“ оро. А за да се фаниш таму треба да се избориш со своите вредности. Вредности кои одма по фаќањето се слеваат во орото и така со нашите, го вртиме орото. Ќе го играиш орото како сите други, со иста брзина и во ист правец. Ако сакаш да побрзаш, позабавиш, фаниш друг такт, тогаш мораш да се одпуштиш од орото и веќе не си од нашите или ќе те сврстат дури и во другите. Може некое друго оро ќе сака да те земе у својот ред, ама познавајќи го редот, тешко да се нафаниш да се фатиш на орото. И така ќе си ѕипаш самичко помеѓу многуте ора гледајќи како останатите и ако сите заедно и сите во ист такт и правец си играат и си се среќни оти се од нашите.
Централна Швајцарија, средина на месец ноември, лето Господово 2014то.
Представниците на Македонската Православна црковна општина поканија да ја посетиме неделната литургија. Литургија која не беше вообичаена. Литургијата ја одржа поп, ама не “нашиот“. Овој беше друг. Да де, православен и Македонец, ама не беше нашиот. И право да ви кажам литургијата повеќе ме бендиса одколку кога е нашиот поп.
А плус тоа на литургијата присуствуваа и министерот и градоначалникот. Да сега можам да ги напишам и по име и презиме и по министерство и по општина, ама тоа ништо нема да значи. Нормално, од предходните ора сум учествувал на многу средби со разни “свирачи“ дека сите исто “свират“. Си го имат они својот репертуар и си свират. Ако му нарачаш некоја шо не е од нивниот репертуар, професинално со меѓутакт си се враќаат на старата свирка.
А бе Гого, кога ќе научиш да не ги вадиш свирачите од такт???
Јас не многу заради тие политичари, добро де малку се интересирав да видам до каде стигнале со преобразбата денешните политичари, повеќе да уште една свеќа повеќе запалам на долната полица. Пред некој ден не напушти за секогаш еден добар пријател и голем човек. Неша беше човек шо го знам од кога стигнав пред 25 години во Швајцарија. Човек шо во безбројните наши средби, дали ќе биде на некој роденден, некоја слава или во некоја од кошаркарските сали низ Швајцарија никогаш не го видов налутен, нерасположен или изнервиран. Човек полн позитивна енергија шо неможеше да ја задржи само за себе па ја ширеше на сите околу него. Почивај во мир пријателу мој и се надевам дека некогаш некаде повторно ќе се сретниме.

галеб

Да тука ќе се замислиш по којзнае кој пат, која е смислата и логиката на животот.
Дали да се фатам пак на некое оро и да бидам од нашите или и понатаму да си ѕипам самичко (во кругот на фамилијата) и да бидам спремен во секое време секој правец да го фанам.
Времето ќе покаже.
Можеби еден ден ќе дојде некој свирач кој ќе свири нешто шо можам да го пратам и ако има убаво оро ќе се фаниме повторно. Ама моментално не изгледа така, не само шо орото е само од вашите туку и тие како мене поединци кои не се фанати на оро не само шо секој сам за себе си ѕипа, туку и сме “забегани“...


05.11.2014


Еднаш годишно, дали во пролет или лето, натоварен со носталгија и убавите успомени од детството-младоста го исправаме патот кон Кавадарци. Пристигнати дома, пречекани со топли прегратки, ги забораваме сите непригодности (чекање/малтретирање на границите, квалитетните дупки по автопатот Александар Македонски ...) и сите работи ги гледаме преку розовите наочари.
Лето Господово 2014-то. Поради разни потреби и организации Кавадарци го посетив по четврти пат оваа година. Прегратките и дочеците ни поминаа во рутина. А на патувањето по патиштата, аеродромите, царините, пакувањето/распакувувањето на куферите право да си кажиме, не се радуваме ногу. Освен прекрасните мигови на средбите со човеците кои ги сакаме, другите работи почнуваат да бидат нормални.
Околината околу себе веќе ја гледаме со наочарите на реалноста и забележуваме дека ѕидчето кое го симболизираше нашето детство веќе не е тоа истото. Гледам дека некогашниот тротоар кој уште пред 40 години беше асвалтиран и на кого учивме да возиме точаци паднал под плановите на владата за враќање на “барокниот стил“ низ Македонијата. Добро право да си кажиме тротоарот повеќе изгледаше како да се вратил во “Антиката“. И ако случно некаде поминеш по некој поднаправен тротоар, тогаш ќе забележе човек дека тој одма е пренаменет во паркинг за секаков вид возила и пловила, или во проширена бавча на некоја кафана или во продажен простор на некоја си продавница. Но тие работи нути на човеците (свесно не пишувам граѓаните) од Кавадарци, ниту на некои од властите им смета. Јас мислам дека тука многу добро може да се употребе онаа старата : “ќути, има и полошо!“

Sportski centar Kavadarci


Исто така влезот во Кавадарци од кај Возарци, Барок, чист Барок со примеси на Античко-археолошки елементи. Таканаречениот Спортски центар симболизира поврзаност со природата - некои си столбови од кои цветат рѓави железа растат помеѓу троските и трњето кои израснале до рамена. Влезот на најголемата винарија на Балканот симболизира социјализам (повеќе социјален случај!). Во оригинална изведба од почетокот на 70тите години на минатиот век (можеби во сите тие години еднаш е варосана) стои гордо продавницата на Агро Комбинатот ТИКВЕШ (а можеби и тоа веќе не се вика така) само стои.
А бе човеци, ушти ли да пишувам? Па одпоново да се возбудувам за упропастените спортски терени, за пропаднатите фасади на градбите во центарот на “град“ Кавадарци...
Нема. Моментално изгледа нема желба и замисла да некако се освеже овој град кој во моите мисли уште е најубавото место на целиот свет и пошироко.
Можеби за некоја година, кога тие неколку ЧОВЕЦИ што ги сретнав и разговарав со нив, ќе успеат да својот глас го пробијат до ушите на некои си свесни политичари и власти. Тоа! тие човеци ме радуваат. Човеци кои мислат со сопствениот капацитет, а не да се само марионети на еден циркус кој трае, и трае, и трае - со години.

 


20.10.2014

Си седам и си мислам.

Времето си минува и безмилосно не газе. А ние како за инат се трудиме да оставиме, ако не некоја трага, барем некоја мрсна флека. Трага, флека, артефакт било шо, само со надежд дека некој некогаш ќе биде толку забеган да трага по некогашното минато и “со свои зборови“ ја напише нашата секојдневница така како што нему му одговара. Тоа нам ништо не ни носе, а на тиа сиромав од иднината уште помалку.
Ете пред некој ден отвориле во Скопјето (каде иначе ?) Археолошки музеј. Тоа мене многу ме радува. Сега ќе видам дека и преди 2000 - 3000 години човеците правеле нешто.
Ама шо ќе стават у него? Сите окупатори, сите братски народи, сите кријумчари со векови изнесувале се шо ќе се одкопа од земјата Македонска. Со години на секое излегување и влегување во Македонија чекаме со саати на границата (“колку да се завршат царинските формалности“ !), а од друга страна цели цркви икони се искрадени и изнесени од Македонијата. Не е тоа проблем - ќе направиме нови цркви!
За тоа ногу не бива, нешто ново да направиме, а старото, кој и зошто да го одржува?
Гледам «Фолк фест Валандово 2014» - гледам и сваќам дека и ако 30 издание ништо не се сменило, песнички стнадарт, или жалиме по нешто или не боле нешто ... добро бе човеци нели песните треба да го развеселат и расположат народот? Нека ќе дојде друг фествал, може таму ќе има повесели песни.
Ете тие денови на “иселениците“ во Швајцарија Господинот претседател им направи чест и ги посети. Човекот имал работа, не беше дојден само за гозба на маса со неколку Македонци и да се слика за фејсбук, туку да земе некоја си награда демек ногу го бива како претседател да се справува со мултиетничкото општество.
ЧУДО Е!!! БРАВО.
Само да го прашам како ќе го објасне општеството во кое еден дел од народот на секоја створена ситуација дали во државата или надвор од неа, реагира со кршење и уништување на општествените вредности?
Да у Македонијата кршеа затоа шо некој друг, у некоја друга земја, знаме на друга земја го изгужвал! ЕЕЕЕЕЈ ПРЕТСЕДАТЕЛЕ, шо ќе направиш со виа, ќе ги казните ли и нив како ниа шо немат ѕвонче на точакот?


Исто така пред некој ден имаше спортски натпревар помеѓу две нации кои не се најдобри приатели, си имаат различни мислења, за многу работи. И на сета таа работа на некој од “народна техника“ му текнало да го излета авиончето (не леко крило!) со закачено провокативно знаме. И како што е ред на брдовитиот Балкан секој е експерт за се, па се најде еден “одбрамбен“ играч и го симна леталото од небото. И ако не директно потрефен од сето тоа, нормално мило ми беше шо се најде некој и го здипли знамето од каде шо не му е место. И бидејќи повеќето од учесниците на натпреварот не беа од Македонија и немаа “знаењето е сила, знаењето е моќ“ почнаа да ја покажуваат моќта во друга форма. Нормално поради моето минато, подкрепено со артефакти и фосили, навивав за “братскиот“ народ кој ете поради други флеки и околнисти не ја признава “мојата“ црквата која е постара од цела нивна држава. Но тука се замеша детето мое. И ако се вика “со деца матеница не се пие“, во тие моменти научив многу работи и многу работи шо сум ги мислел дека неможат никако инаку да бидат - се сменија. Тие негов зборови “шо работе виа идиот, играч ли е или шо ?!?!?“ во првиот момент беа само детски зборови, но после ми текна дека тоа дете, не е дете веќе - војска изодено е, а плус тоа има и некоја лиценца (покрај другите) да изиграва судија на натпревари со топка, не баш таква топка ама пак топка полна со воздух. После детето ми разјасна и јас го сватив: “играчот на теренот е задолжен да ја играе играта по правилата на играта. за се друго се задужени соодветни лица, судии, редари, полиција...“ Да ама воа дете е родено и израснато во една демократска (не само на хартија) држава, без тежина на минатото, артефактите, историјата, флеките ....
Како да му објаснам и дали треба во општо, дека човек треба у се да се меша, и дека за се траба да има мислење и за се да биде експерт како би докажал дека ето го бива за се! НЕ. тука сватив дека стварно има нешто шо се вика сегашност и дека има нешто шо се вика иднина.
Ниту сегашноста ниту иднината ќе ни биде поубави, ако цело време дигаме прашина од фосилите и флеките...

А понекогаш е стварно убаво човек да си седе - и да не си мисле.


 

11.10.2014

Да, се сеќавам на тие убави празнични моменти. Секој 11ти октомври беме поносни шо ги победиме “ѓерманците“. Раните седумдесети години од минатиот век. Училишниот систем не учеше дека нашите предци во тешка и не равноправна борба, но со огромна волја и дури и со “не жалење на својот живот“ го победиле фашистичкиот окупатор. Беа тоа денови кои ние како Титови пионери со безбројни акции, приредби и слетови го прославувавме датумот кога “пукнала првата пушка, во Прилеп и Куманово!!!“ По некогаш дури имавме среќа да у киното ни пуштат по некој партизански филм и ние така “пренесени и занесени“ плускаме дури и кога некоја граната ќе погоде 5-6 од тие лошите ѓерманци. Како Титови пионери ги имаме тие 4 - 5 празници, 11ти октомври, 29ти ноември, Нова година, 1ви и 25ти мај, и на секој од нив им се радуваме (и бевме горди шо ги победиме ѓерманците)

ваљак

Денеска, 73 години, од кога ги испукале пушките у Прилеп и Куманово,има други, многу позначајни празници. Се слават државни, ревулуционерни, партииски, верски, маалски, селски празници. Дури и матурските се позначајни од било кој празник кој ние како Титови пионери го славеме. У денешно време, денеска е поважно да собериш повеќе “лајкови“ на некоја слика од некоја плажа на кој секој Титов пионер може да те виде разголена (а ваму на панаѓурот закопчани до последната петелка - демек јас сум примерно девојче) одколку да се подсете човек како нивните предци и по цена на животот (кој во тоа време можеби и можело да се нарече живот)ги победиле ѓерманците.
Дека сета е забегана, забегана е. Ама дека сето тоа Македонскиот народ го остава рамнодушен - жално е. Постанаме нација на шминкачи и лицомери. Водачите на Македонскиот народ во денешно време место пушка берданка во рака, имаат картичка кредитна во џеб, и ни продаваат (како би рекли северните комшии) “муда за бубреге“. Во некоја нашминкана околина ни “продаваат“ обработена и дополнета историја како опција за иднината без визија.
А не се само они, сабота наутро. Мојот биоритам навикнат од времето на револуционерните прзници функционира, да навечер оклу 11 - 12 човек си легне во кревет и ноќта ја одспие, а утрото стане и го виде изгревот на сонцето.
Така и денеска, ставам - АМА!!! по најновите теркови со утринското кааве не читам некој весник кој се листа каа двоен чаршав, туку се “информирам“ на клап-топот за се и сешто од целиот свет!!! И мислиш некој од “интернет медиумите“ од Макдонија му текнало да напише “СРЕЌЕН ПРАЗНИК“ или барем со некој збор да го спомне 11 октомври ?, до пред некоја година најголемиот празник во Макеонија -ТИКВИ! (состојба во 8 саатот сабајле / или заборавиле, или биоритамот му е пореметен.)
А да фацебукот - најбрзата информативна направија. И таму ништо. Добро де, не баш ништо - ама и таму забегана работа. Добро бе човеци, дали се спремате за политичари кога на профилите од стилот “Перо Мара со децата и комшиите Караѓозеви“ ги лажите со коментарите прекрасно изгледате, прави манекени, супер сте ...
ееее...!!! човек да има нешто појадено па да оде да ставе два прста и да си го испразне и стомакот и душата.
Но нека, еве за некој ден ќе дојде 23ти па него ќе го славиме пак. А еве и еден предлог, ајде да го славиме и 4ти февруари ;)

Теми за размислување овој викенд:

- дали е грев кога лажите на фацебукот?
- како да им веруваш на “пишаните“ медиуми, кога секој еден може да напише се шо сака и како сака (пример - јас ;) )
- дали ќе го славиме 29ти ноември :)
прашања ногу / време за одговори малку !!!

 



16.09.2014

Го доживеав, долго планираната и посакувана посета на возобновениот Тиквешки гроздобер конечно успеа. Како дете израснато у Кавадарци, гроздоберот беше составен дел од моето детство. Можеби и кривец што ете до ден денеска уште ме интересираат моторите и кога можам ги повозувам. Трки немаше, миризот на изгорената мешавина од тркачките мотори и него го немаше. Звукот на тркачките мотори и него го немаше, но за замена на тоа бројните “хоби-ткачи“ на моќните моторцикли без или со преправени ауспуси брчеа како за натпревар. Да тоа смета, ми смета и мене. И ако добар и моќен глас на некоја тркачка машина секогаш побудува емоции - галамата од моторите кои се дутнат помеѓу паркираните коли - смета. Нека а таа, за тоа има полиција - да го среде сообраќајот. А додека сме кај сообраќајот и гроздоберот. На 7-ми септември, денот кога пред 70 години било ослобедено Кавадарци, беше отворен првиот катен праркинг простор у Кавадарци. Капацитет да ги собере колите од улицата 7-ми септеври (толку од плоштадот до реката, а за останатите 5 - 6 улици?) а беше презентиран како спас од анархијата на кавадаречките улици.
Да, самиот Гроздобер го почнавме како што доликува, со посета на “официјалното отварање“ на Гроздоберот. Беше отворена изложба на фотографии од Кавадарци. Стари фотографии кои сведочат за развојот на Кавадарци. Интересно колку стари фотографии постојат за Кавадарци и колку од тоа сето се дознава дури во последниве неколку години. А колку фотографии се забаталени по фиоките во домовите ...
После тоа право на плоштадот, каде што очекував дека ќе се продолжи со програмата на Гроздоберот, а оно - место да се служе веќе вино и ракија, плоштадот изгледаше на големо градилиште. Се местат штандови, се носат кутии, се договараат како да биде...


И така го фанаме редот, скара, концерт, дегустација, концрт, дружење со убави човеци, ... Боемска вечер, малку народни, малку староградски, и како колуминација - маестрото на гитара - Влатко Стефановски - убавини.
Вториот ден изложба на “Олдтајмери“ ?!?!? Да супер замиса и организација. Само што поимот олдтајмер во меѓувеме јас го гледам поинаку... Ако, видоме едно убаво ФИЌЕ, некој стар Опел и “стари-изнемоштени“ возила какви секојдневно се сретнуваат по патиштата на Поранешната Југословенска Република Македонија.

Вечерта, ГЛАВНОТО!!! Карневалот и концертот на Зелко Јок симовиќ. Сето тоа попратено со дожд. Карневалското дефиле помин, во темно и со дожд.

Недела, трет и последен ден, од Гроздоберот - ден наменет за најмладите, песнички, детски карневал и тоа замислено. Децата си пееја, мајките и учителките слушаа додека не дојдоја волците. Да, волците со нивните мотори и со навените рачки за гас - до даска, така да децата мораа да престанат да си пеат.

И тука завршува моето конзумирање на Гроздоберот.
Вечерта која помина во исчекување на барем малку Гроздоберско, помина во слушање на некои таканаречени пејачи кои се натпреваруваа во вулгарноста пред “провинциската“ публика. (ДРАГИ МОИ СКОПЈАНИ - ЌЕ ВЕ МОЛАМ ЧУВАЈТЕ СИ ГИ И НЕ МОРА ДА ГИ ПРАЌАТЕ ВЕЌЕ!!!)

Убаво беше, се видов со човеци мои блиски и драги. Поминав, поради тие човеци, пријатни и незаборавни моменти на радост.

И дојдов до заклучок, Гроздоберот како што јас го памтам - го нема.
Го нема и не би требело да го има. Ама ова денеска шо го “продаваат“ како Гроздобер е жално, жално и срамно за Кавадарци, Тиквешкиот регион и виното.
Баш ми е жал што го посетив Гроздоберот, ми го уништи сеќавањето на убавите гроздобери, кога на нивата каде денеска се гради спортската сала ЈАСМИН, се паркираа коли со регистарски таблички од цела Македонија, Бугарија, Србија па и Грција, кога улицата 29 ноември мирисаше на бензин од тркачките мотори кои се спремаа за трките, кога Агрокомбинатот Тиквеш ги отвараше славините за бело и црвено вино за секој посетител, кога карневалското дефиле беше денски - да може да го видат сите и го одсликуваше лозарството и винарството, кога на бината пред Балкан пееја наши човеци и хоровите од училиштата, кога секој го доживуваше Гроздоберот како свој.

Моето чудесно родно место Кавадарци...

Но и оно е само дел од Поранешната Југословенска Република Македонија. Земја чудесна и прекрасна.
А да бев и у Скопјето.
Ногу ми стана “тешко“ - од после. Толку малку јас да сум знаел за историјата...
но за среќа, ете има водачи кои ни го трасираат патот во историјата.
Господ да е со нас (зошто уште некоја година може и Господ Бог ќе го исфрлиме од употреба и ќе се вратиме на корените на македонштината - на некој си митолошки бог кој бил заштитник на човеците шо правеле винo

фотографии од Гроздоберот:

» 05.06.2014
» 06.06.2014

» kavadar4e.com


10.08.2014

Годишните одмори кои се во тек, полека завршуваат за некои кои порано почнале да одмараат. Јас оваа година одморот си го чувам, си го чувам да го доживеам Тиквешкиот Гроздобер. Па така уште од лани бев припремен дека летото ќе го поминам работно. И права да ви кажам во општо не ми фале одмор, едноставно му се радувам на 5-ти септември...
Овие денови почнаа да се враќаат приатели и познаници кои одморите ги поминале на Балканот или по белиот Свет. Од ретко кој можиш да слушнеш само пофални зборови.
Се расправа за чекањето на границите, за чекањето и “шетањето“ по разни шалтери, за рамноправноста на учесниците во сообраќајот, за гостопримството на угостителските работници, ...

Ете јас, бидејќи не заминаме никаде на одмор, а летото се лигаве како да е есен, си седам пред телевизорот или пред ваа другата кутија, и се “информирам“! Пред телевизорот седам додека има некоја серија, по можност хумористична и без филозовски позадини. Македонската (МКТВсат) може да ја гледам 15 секунди до максимум 5 мин. За тоа што или имат нешто пуштено “од богатата ризница на МТВ“ или се фалат со некој проект на влаата или некој водител/водителка ги фале до бесконечност “Македонската култура и традиција“. Од сето тоа имам чудни реакции во стомакот (накај дебелото црево), така да мора да се префрлам на “ЊЊЊ“.
А тука шо - ништо посалам. 80% од информациите се “негативни“. кој кого утепал, кој кого излагал, чат-пат некој гол газ - ништо шо може во животот да ти помогне.
Ќе се уклучиш у ноа најновото (Фацебукот) си викаш барем директно од човеци шо ги познавам ќе разберам нешто, а они, кој ставил некоја песна шо ептен го погодува, или некоја слика на икона која обавезно среќа ти носе...
А последниве денови забележав дека сите имаат “потреба“ да се сликаат и да се презентираат полуголи пред цел свет...

И така, ќе си земам едно пиво, ќе си испаднам на терасата, ќе се навалам на мојот шанк и се мислам:

- зошто ако Македонските песни се најубави на цел Свет,секаде се слушаат шпански мелодии ???
- зошто ако знаењето е сила - знаењето е моќ! нема ни еден салам ѕидар (или друг занаетчија) у Македонија ???
- зошто не е задожително да на фацебукот мајката или таткото, ти биде “приател“ и понекогаш да им кажат на своите чеда: “море туторутко! таа не а бива!“
- и кога пак фалењето ќе им го оставиме на циганите, сам човек каа се фале, изгледа дека нема салам поглед на ситуацијата. Така ми делуваат тиа гласноговорниците на телевизорот, каа ќе почниме да се фалиме, да се фалиме, дури не осеќаат дека реалноста е надвор од таа кутијата...


 

10.07.2014

Времето лечи сé.

Не е само поговорка, туку изгледа и така е.
Еве гледам скоро два месеци не сум се вратил тука, не дека нема што да се пишува.
Ама еве ако и напишам
- за поизборната состојба во Македонија
- за секојдневното масирање од сите медиуми
- за светското првенство во фудбал на кое таканаречените ѕвезди и милионери топката ја туркаат на сила
- за ноемврииското време сред лето
...

06.07.2014

И така седејќи пред телевизорот или компјутерот или некој дневен весник, ќе сфатиш дека никој не го интересира за тебе како единка. А самиот како единка, пак не си некоја сила и како таков немоќен да направиш нешто за промена на општата ситуација.

Па така се концентрираш на дела со кои можиш да си направиш нешто убаво за тебе и за најблиските барем.

А и за фотографирање немам некој мерак моментално. Најубаво ми е ако начекам убаво време да замам моторот и извртам некој километар, па макар и 150 биле.
На пример минатиот викенд, со моторот завртив околу 200 км, по патиштата на Швајцарија. Тргнувајќи рано наутро човек да ужива во прекрасниот ден, мирното утро и миризбите на липите покрај патот - рај.
Така возиш и си мислиш на убави работи и не ти ни текнува да застаниш, да земиш еден од неколкуте фотоапарати кои се стални придружници на моите возења, и да ја забележиш таа убавина и за некој друг.

 

= = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = =

мисла на месецот :)

= = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = = =

 


06.05.2014

Три месеци - изборен МОЛК!

Поминаа сите празници, и кавурски и турски, и изборни кампањи и митинзи...
И нормално човек ќе си помисле во едно такво “бурно Време“ има доволно што пишува и зачува како лично видување на ова време.


Ама последните месеци беа како копија на некое сиво, магловито, тмурно време, време одамна поминато и изживеано. Во сето тоа беше планиран и дел од годишниот одмор. Планиран, посакуван и испланиран од првиот до последниот ден. Но како и многупати во живото - “со домашен есап, на пазар не се оде!!!“ Едно-две субјективни причини, и една временска непогода - и се наопаку. За на крајот да кажиме шо мислеме шо испадна...

Уште пред одморот, март/април, почнаа да не масират разноразни поединци и организации како е битно да го искористиме нашето “граѓанско право“ и да испадниме и да одбериме претседател и некои си парламентарци...
Помина и таа, “одбраме“ претседател и пиони за во играта наречена “Македонија на пат кон ... “ и сега уште некој месец и се ќе си дојде на свое место, поточно таму каде што беше пред 3 месеци, или пред 10 месеци, или пред 6 години.

Убавината оваа пролет беше шо во Македонијата се собравме сите живи и здрави (повеќе или помалку) и што поминавме неколку моменти кои ќе ни останат за паметење. После цел живот, успеав со неколку други човеци, да го посетам и Кратово. Место кое од дамна го визирав ама никако не се отвараше можност да се стигне до таму. АМА еден пролетен ден, Кокино, Куклица, Кратово !!!! се ишетаме!
И уште еднаш повеќе не потрефи Македонската реалност. Сакаме да си играиме туризам, ама не го знаеме орото. Има, има човеци шо знаат и се жртвуваат да заспаната убавица Македонија се разбуде, нашминка и во сета своја убавина се покаже пред светот, ама тие човеци се малку за да ја “разбудат“ убавицата бидејќи на поголемиот број им одговара да ситуацијата биде “заспана“.

Дождот кој со мали одмори, врнеше скоро двете недели додека бевме во Македонија имаше и позитивни страни: не беше толку жешко, Македонијата беше во најубавиот зелен фустан, дупките по улиците не се гледаа (само се осеќаа!), немаше црвен облак/чад врз Тиквешката котлина... Негативно беше што бевме стварно ограничени за шетање поради дождот.

Но сега, т.е. во иднина, ќе биде се подобро. Имаме нов претседател, може и парламен ќе се направе за некој месец, па кога ќе почнат они сите да работат (до летните одмори) - шо да ти расправам!!!

Има многу впечатоци и уште повеќе не остварени планови. Причина повеќе да ја посетиме Македонијата, уште еднаш, два пати... ваа година.

 

 


21.02.2014

Манијаци и манипуланти ...

“Амбасадата на РМ во Берн има чест да ве информира ...“
Кои години го тераат човек да размислува поинаку од другите? Старосните години, годините поминати во не “затруена“ средина, годините поминати во безгрижие (барем шо се однесува на основните човечки потреби) или долгогодишната изолација и одделеност од сите тие политички манијаци и манипуланти?
Горе спомнатото, “Амбасадата на РМ во Берн има чест да ве информира ...“ кај повеќето Македонци во Швајцарија сигурно ќе предизвика гордост и “чест“ - демек ете и нас не есапат.
Абе оди бегај.
Гледам наголемо се рекламира, повикува, организира... и шо уште не, изборот на нов претседател на Република Македонија.
Значи, за јас како Македонец да имам право на глас во “Конзуларно дипломатското представништво на Република Македонија во Швајцарската Конфедерација“ треба како прво да потполнам образец “бр. 30а“ и заедно со копии на Македонска патна исправа, доказ за престој во Швајцарија, потврда дека сум одјавен во матичната општината во Македонија и образец “бр. 29“ да ги испратам по електронска пошта до државната изборна комисија или до Конзуларно дипломатското представништво.
(Дека за последните избори сето тоа го сторив и пак не бев префрлен во друго - тукашно изборно место, не а правиме муабет сега)

Е сега. Човек кога почнува било каква работа си праве есап дали работата шо ќе ја вложе е исплатлива и дали допринесува да ја постигне саканата цел.
Ајде јас случајно имам потврда за одјавување од општината(ама може и застарена е, од пред некоја година е!!!) Ќе ги исподполнам сите потребни документи. Ќе ископирам сите потребни патни и други исправи. И на крајот? Изборот ти е:
“Змија да те клукне или магаре да ти го фукне!“

ДА!

Треба да се спремиме за избор на претседател на РМ!

АМА ОД КОИ ЧОВЕЦИ ИМАМЕ ИЗБОР ???

Тоа се годините, годините поминати во земја во која изборите, референдумите и гласањата се составен дел од секојдневието (и кои како смртта и данокот се сигурни) и тоа 4 пати годишно со утврдени теми и до две години пред гласањето.
А нашата демократска и европски насочена Македонија е како некоја кутија полна со изненадувања. Ќе гласаме ама уште не ви кажуваме за кој! оти човек може ќе најде време и ќе се информира од кои човеци е кандидатот и шо има направено или не досега во својата кариера и политичка кариера. Уште сега се гледа дека ќе се гласа за “член на партија“, а не за “ЧОВЕК“.

А “ЧОВЕК“, човеци и човечност ни требат во ова матно време.
Од Украина преку Сирија до Босна и Херцеговина, секаде врие од незадоволни гласачи. Само Македонијата, е како некое стадо кое се задоволува и со трња па макар и суви. Важно да има шо да се јаде.

Читам пред некој ден, во Кавадарци имало само 8% невработени!!!
ДОБРО!!! Тоа е супер статистика.
А има ли маж (човек) да каже колку од вработените заработуваат за живот?
Не живот, како па наа од Кочо Рацин. Туку живот достоен на човек во 2014 година.
Манипулантите одамна почнаа да се фалат со странски инвеститори кои вработуваа илјадници Македонци во фабриките низ Македонија. Да, се вработува народот, ама која е цената која ја плаќа народот.
Ниту една од така убаво напишаните светски фирми не иде у Македонија да донесе богатство и благосостојба. Ќе клукат у Македонија додека можат да ја исцедат и послдната паричка профит. А ако еден ден, на некој човек му текне и каже, чекај бе, јас не сакам плата колку ти шо плаќаш еден ручек, тиа окезените “инвеститори“ ќе си го соберат и последното парталче у Македонија и ајде во нови простори кај нови овци.

За овакви работи, и за тоа шо разбрав дека дури “владини представници“ дошле да ни објаснат како се гласа за претседател, и овој пат ќе го игнорирам моето граѓанско право да избирам претседател на РМ.
А од друга страна не сакам да им се мешам на Македонците во Македонија да сами си одлучат шо им е најдобро / од страна сé изгледа поинаку.

И секако би бил најсреќен кога Македонците во Швајцарија не би добивале “помош“ и “подршка“ од било какви владини, невладини политички и уште какви не организации и групации од РМ.

п.с. чест ми е да ви соопштам дека успешно ја завршувам оваа работна недела.


февруари 2014

Пред месец и кусур почна најновата година.
И??? - ништо.
Не само шо срамежливо почна, гледано од метереолошка страна, нема снег, не е ладно, па ни маглата не а бива за некоја интересна фотографија, туку и ништо ново не ни донеси. (ако не ги рачунаме рачуните!)
Обично кога пишував тука по некој збор, бев “мотивиран“ од секојдневието, или поточно речено од случки кои ни се случуваат и ги доживуваме.
Е ваа, најнова година, како да нема со шо да се пофале.
Пратејќи ги безбројните медиуми, кои демек новости пренесуваат, човек може да заклуче дека тоа сето ти е “Мижи Митре - толумби врне!“

Јануари 2014 ќе ми биде запамтен по тоа шо у Македонијата скоро секој втор ден се “одкриваа“ скандали. Те Зајко крадел т.е. ги привилегирал своите блиски, те Кукурајко имал неколку станови по Скопјето, па после тиа другите переле ...
Сакандал до скандал - сета таа багра треба да се испозатвори, ама во некоја нормална состојба. Или не е нормално, ако некој направил криминал да се казне, или само си правиме муабет по наа “ду ју спик инглиш? - јес! - ааааа!?!?!“.
Пак вечната прикаска:
Педерсон не пофали.
Курвинсин не прекори.
Ебиветер ни соле памет....

... абе ајде барем пролет пуштете ми. Па да си го земам моторчето и да се извозам по предели кои не ме тераат да мислам за ....

kavadarci.info

makedonium.ch

foto gogo

proekt 20xx

r 80 g/s

msn

 

 

Сите фотографии и
содржини на овие
страници се во
моја сопственост.
Секое неовластено
и непријателско
користење на
истите е со клетва
заштитено ! ! !

ristovski.ch ©2014