Страни посветени
на легендарниот
BMW R 80 G/S

 

 

r80g/s

 

BMW R 80 G/S
(Gelende / Straße или по нашки: терен / пат)

Како и секоја легенда и BMW R 80 G/S -от има своја приказна за постанувањето.

Создаден во време на очај и со делови кои биле “при рака“, го освојува мото светот и ја подтикнува целокупната мото индустрија на создавање и унапредување на «туристички ендура»

Во средината на ’70тите години од минатиот век, BMW Motorrad се соочува со криза предизвикана од рискантни менаџерски одлуки, ефтината јапонска конкуренција и имиџот на застарен мотоконцепт.
Главните од BMW концернот им даваат на одговорните од BMW Motorrad ултиматум да во најскоро време направат нешто со што одделот за моторцикли повторно би се вратил во “црни бројки“.
Под притисок од автомобилскиот оддел и јапонската конкуренција се развиваат нов боксер К1 и два редни мотори со три и четири цилиндри. К1 со нов боксермотор е претежок, преку 250 кг. а четвороцилиндричниот реден мотор е предолг за да се направи нешто конкурентно. Во 1979 Ричард Хајденрајх (Richard Heydenreich) шеф за развој на BMW Motorrad ги стопира сите три проекти и почнува нов проект со постоечките компоненти. Мотор од R 80/7, рам од потврдените фабрички ендуро модели.
Но зацртаната масимална тежина - помалку од 200 кг. не била постигната. Се бараат “жртви“. Така се одлучува да се одстрани едниот диск од предното тркало, се останува на еден диск, се прават калкулации како да се изведи издувен систем 2 во 1. Тука се посегнува на оддамна заборавениот проект на монолевер. Со одлуката да се употреби монолеверот се постигнува да се намали тежината, а покрај тоа за 30% се зголемува стабилноста на задниот дел, а и желбата за издув 2 во 1 не е веќе проблем.
И така после само 21 месец “развој“ на пазарот се појавува BMW R 80 G/S. И ако потежок и многу поскап во споредба со најозбилниот конкурент во тоа време Yamaha XT 500, (Yamaha XT 500, 33 KS, 155 kg, 5098 DM : BMW R 80 G/S - 50 KS, 192 kg, 8920 DM), G/S-от за кратко време се етаблира на мото пазарот и реди успеси на сите полиња. А кога реномираното германско списание «MOTORRAD» го оценува како најдоброто “патно“ BMW на сите времиња, почна ерата на «туристичко ендуро» во која до ден денешен (со неговите потомци) е поим и мерило за квалитет и стандарт.

 

 

 

 

R 1200 GS - 2012
Актуелниот модел R 1200 GS - 2012

 

 

4 генерации
4 генерации G/S - GS

 
   

 

Година 1987,
во тогашната Југославија увозот на мотоцикли беше ограничен и “дозволен“ на неколку одбрани корисници, како што се спортистите и човеците со “врски“.
Останатите мораа да се задоволат со понудата на официјалните представништва на мотоцикли од источниот блок, JAWA, ČZ, MZ, како и незнам по која логика, Laverda и BMW.
Во годините 1985/86 почнаа напори да се увезуваат и Kawasaki, ама тоа како и секоја друга работа во СФРЈ требаше време да помине...

Како љубител на мотоцикли во тоа време колку што можевме ја пратевме светската мото сцена и секогаш сонувавме за ...
После одслужениот воен рок во ЈНА со сите сили запнав да се набаве мотор по моја мерка!
Кросовите и теренските мотоцикли од секогаш повеќе ме интересираа па во таа ситуација како единствена опција беше: Kawasaki KLR 650
Почнавме со телефонски разговори, испраќање писма до Словенија, тогашна «Jeklotehna» Марибор, но и после неколку месеци ништо конкретно не се дозна....

KLR650

Лето 1987 “екипата“ го поминуваме летниот одмор во Охрид, случајно шетајќи по улиците на Охрид здогледавме едно BMW R 80 G/S. Се доближивме до белиот мотоцикал кој имаше гевгелиски број и малку разговаравме со моторџијата. Тука првпат помислив дека може и нешто вакво да се возе (до тој момент BMW-ејците за мене беа полицајски мотори..)

... стигнување дома, вртење телефони и за една недела беше уплатен и спремен да се земе моторот од Tehnounion - Љубљана.
После некој ден со кацигата под рака некој динар во џеб и авионот под газ - правец Љубљана.
По само неколку километри (100 и кусур - до Загреб) беше јасно - вистински мотор имам!!!

Од тој ден до ден денес, поимот BMW за мене е поим за мотор. Значи да бидиме поконкретни: BMW е тоа шо има боксер мотор и кардан.

На овие страни ќе пробам да ви пренесам малку од моето воодушевување кон BMW моторите...

R 80 G/S