ime

  

izlozba, Kavadarci, 2016

     

01.09. - 09.09.2016 (06.09.2016 !)

Изложба на фотографии
Дом на Култура »Иван Мазов Климе«
Кавадарци
Македонија

И се случи! После повеќемесечно договарање и подготвување како што беше договорено, изложбата беше отворена на 1ви септември 2016.
Во галеријата при Домот на културата »Иван Мазов Климе« во Кавадарци беа изложени околу 40 фотографии во штампана форма и околу 610 фотографии во дигитална.

Бројните посетители ми направија чест и присуствуваа на отварањето, а за возврат можеа да уживаат во убавите мотиви (воа циганката ми е умрена)
Дружњето во тие неколку саати при отварањето и потоа, неколкуте други средби со посетителите во наредните денови, направи да бидам малку посигурен околу изборот на фоографии. Нормално, имаше и критики, но тие ги прифаќам како добронамерни.

Штета што како и секогаш, кога е “гужва“ неможе да им се посветиш на сите гости, па така планираните разговори со некои интересни човеци ќе останат за следна прилика.

Спроведувањето на изложбата за време на »Тиквешкиот гроздобер 2016« може да се гледа како “нож со две сечива“. Од една страна имаше посетители кои покрај гроздоберот ја посетија и изложбата а имаше и човеци кои заради гроздоберот не можеа да дојдат.

Лично ме израдува посетата од страна на група посетители од Швајцарија кои беа на пропатување низ Македонија, како и на приатели од Швајцарија кои беа на одмор во Македонија и најдоа време да дојдат до Кавадарци.
Ќе беше интересно да изложбата ја посетат и двајца уметници од Кавадарци кои живеат и творат по “белиот Свет“ ама фалеше на координација со термините...

Изложбата ќе си ја рачунам како повеќе од успешна и покрај тоа што како еден од главните спонзори »Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци« не беа присутни на отварањето и покрај предвременото затварање (три дена порано одколку планирано).

Благодарност до сите што ми помогнаа да ја остварам оваа изложба (по азбучен ред)

Димов Златко
Јаневски Ване
Коцев Тони
Малинков Александар
Соколова Билјана
Стојанов Ванчо
Тодоровска Зорица
Тодоровски Марјан
Чејков Глигор

Како и до спонзорите:

» ЈАСА салон за бела техника, Мајсторчев Страшо
» Домот на Културата »Иван Мазов Климе« (со сите вработени)
» Градоначалникот и Советот на општина Кавадарци
» Министерствот за култура на Република Македонија

 

» Слободна Европа


 

katalog

katalog

 


За сите кои се заинтересирани за моите фотографии, можете почесто да ја посетувате мојата интернет страна (која наскоро ќе биде актуализирана):
www.foto-gogo.ch


 

видео материјал
од изложбата: