Вакцина 2021
13.08.2021
Петок 18:15, втората доза примена.
14.08.2021,
– станување во 07 часот, без никакви проблеми, пиење кафе и правење појадок. Полека почнувам да осеќам измореност. Немам апетит, појадокот колку да се апне нешто. После легнување и од минута во минута се по лошо. Мускулите болат, секој покрет боле, немам сила, имам вртоглавица и ми се лоши. Некаде после ручек почна и со температури и потење. Јаки главоболки.
Цел ден прележан “преспан“ – никогаш до сега не сум имал такво нешто.
15.08.2021,
– поголемиот дел од болките поминати, главоболката издржлива, мускулите не болат, сила уште се нема… брзо се изморувам, се потам често.
16.08.2021,
ноќта од недела на понеделник никакво спиење, често разбудување, потење, горната страна од десната рака чувство на измрзнатост!?!?!?
Потењето продолжува на патеви..
17+18.08.2021
полека се нормализира ситуацијата, само уште умореност и периодично осетот на ладно на десната рака.
20.08.2021 почнувам да се будам рано наутро 3:30 – 4 , не можам да продолжам со спиењето.
Полека ми се појавува внатрешен немир, несигурност и страв.
Немам волја за било шо да работам, моите хобија, фотографијата и моторциклизмот не интересни – нема никаква мотивација…
22.08.2021
Чувствувам се поголем страв од сѐ и тоа резултира да повторно не се спие мирно и убаво.
27.08.2021
Одлучувам да земам лек за смирување, малку помага.
Но се јавуваат други болки во пределот на препоните – повторно мислачки и страв …