Пролет која како пролет не се покажа ногу. Се тегаве со денови, недели, никако да расцвете салам. Јас како љубител на фотографијата и моторциклизмот сум дури дупло потрефен! Од една страна срамежливата пролет не ги расцвети дрвата како шо доликува, а од друга страна врнежливото и ладно време не дозволува да уживаш во природата…
А тоа, тмурното и нестабилно време се одразува и на расположението мое и на тие околу мене. Нема свежина 🙁 .
Еве повеќе од месец помина, а јас не сум нашол ништо сходно за да запишам. А шо ќе запише човек? Не шибнаа у “корона модус“ и сај не рибат и работат како си сакат. Утепуе човеци, ваа ситуација не утепуе полека и сигурно, психички. Не ни ти треба ни НАТО ни тенкови, бумби уште помалку. Пушти некој вирус и “убав“ муабет и му еба мамицата на човештвото.
Во цел тој вакуум, некаде налетав на информација за спроведување на “Фото-маратон“ и тоа во еден од моите најсакани градови, Луцерн. Без големо размислување одма стиснав “ентер“ и ете го Гого во Луцерн, на 1ви Мај на “фото-маратон“. Покрај интересниот формат, има и некоја награда да се добие, ако направиш добра фотографија, најдобра де. Исто така и можност да се фотографира со новите систем камери (без огледални) па си викаш ајде, ќе го споиме убавото со корисното. Ќе видиме како е таа “нова“ технологија…
Со добра волја и ногу радост отидов на зборното место. И тука ми стана јасно – Гого нема да добие никаква награда. Кога ги видов “колегите“ со нивни камери, по неколку, со нивни објективи, цели торби полни, со стативи на ранците, термоси, опремени ѓоа ќе се води последен бој, ми стана јасно, Гого, ти со раците у џебовите и добра волја не си спремен за победи…
Нејси, помина. Така тмурен и влажен ден… уште ни едно слико не сум видел од “конкуренцијата“, а може и никогаш нема да се виде. А да, рекоа дека наградените ќе бидат испечатени на хартија и ќе се направе мала изложба.
Во секој случај, јас сум побогат за уште едно сознание и уште едно искуство.
Сознание, Гого не може ( и не знам дали ќе можам некогаш) да фотографира по налог!
И така со добра волја и многу надеж влегоме во мај и се надеваме дека до крајот на месецот барем малку пролет ќе осетиме, малку…