Боли. Да е заб, ќе го извадиш, плукнуваш два-три пати крв и ќе го заборавиш. Ама душа е. Душата кога боли што да прави човек. Што да исплука човек, по кој? А како не ќе боли кога ќе ти го срушат цел Свет во кој си верувал. Кога не може да сфатиш како можат да се родат такви створови. Каква диплома треба да имаш за да тој што чека и се надева на помош од тебе, не само што не му помагаш туку и уште повеќе го уништуваш? Дали стварно има Господ и гледа?
Ајде на наш начин, по Македонски, “Ќути, има и по лошо…“ или “Поминувачка нека има…“
Господ нека ни дава сила, а и љубовта помеѓу нас да биде посилна од сите демони!
( празно )
