ДУПЕЊЕ, или боцкање….

Буцнат ли си???
После секое второ добар ден – здраво, оди прашањето: буцнат ли си?
После нешто повеќе од 16 месеци запалиме авионот и правец Кавадарци. До неколку саати пред полетување не се знаеше дали ќе успее ова толку долго чекано патување. И бидна. Со малку повеќе организација и додатни документи тргнав. Тргнав со чуден осет и неизвесност. Минатата година и кусур убаво не однадиа. Ни направија да не само што не може да се радуваш, туку и да се осеќаш како кривец. Да имаш немир и страв од средбите со ближните ти твои и сакани човеци.
Оти јас не сум буцнат и не знам кој е!!!
Шеташ по чаршијата која гордо и се спротивставува на пандемијата и сите «мерки» и гледаш дека сака да изиграва некоја нормалност. Шеташ и ги гледаш човеците у очите. Ги гледаш у очите а ваму мозокот ги врте тие очи како слот машина и покушуваш да ги ставиш на «вистинското» лице.
ШТРАК – добивка!
Добар ден,
-добар ден,
буцнат ли си?
Да Швајцарската Конфедерација одлучи да патниците од Македонија немораат да седат по десет денови во карантен, па пропорционално авионските карти достигнаа цени на ниво од времето на конфликтите по просторите на поранешна Југославија. После и документ треба (не бе од Наумчев!) , документ кој потврдува дека немаш вирус, и кој кошта одприлика како една нормална карта во два правци. И ОП, може да летаме.
Слушај, воа «полициискиот час» може да го оставите за век и вековја, АМИН.
Мене ме бендисува, ногу. Шо беа тие оргии со “фамилијарни“ пици и пивишта до два три саатот ноќеска? Убавини бре брат, 11, 11:15 последната пиачка и фаќај патот за да до 12 стигниш дома.
Да средбите беа ретки и некако избегнувани, ама па затоа поседенките со блиските, по чести и по интензивни, а после трето, четврто пиво… шо да ти расправам, убавини. И тука на тие средби, пак ќе ја разбуричкаме сета апсурдност на ситуацијата наречена заштитни мерки од пандемијата.
Треба да шеташ по градот со маска на лицето ѓоа некое куче од опасите раси, а купови на народ кои стоат или седат по «терасите» можат да се лигават до безкрај .

За да се качиш во авион и одлеташ до саканата дестинација потребни се неколку документи и секако тест.
А патниците кои патуваат со автомобил преку незнам колку држави, ништо, они треба да се «самоодговорни» ?!?!?
Да, после незнам колку пати летање со нискобуџетните авиокомпании си нарачав кафе (за пари) да пиам во авионот. Знам тоа е од ноа шо на Земјата ниту каа сум најногу пиан не го пиам, ама фактот дека додека пиеш кафе смееш да ја симниш маската вредеше да се жртвувам. Тоа е едно од ретките, ма единствено кафе, кое сум го пиел саат и четириесет минути!!!
А ваа пата и самиот лет беше чуден, полета во пролет на 21ви мај во Скопје и слета во есен на 21ви мај во Базел…
И така, кучињата ци лаат, караваните ќе врват…. а нас ќе не масират до безкрај.