Јас секогаш кога ќе дојдела прилика, а и тука неколку пати, кажувам дека никогаш не сум имал “моја песна“, “моја група“, “мој пејач/ка“, “мој клуб“, “мој идол“…
Уште како дете и ако не сум знаел за Божјото: “не прави слика од мене!“, не сум сакал да бидам како некој, т.е. демек “мој идол“. Сум се восхитувал (и се восхитувам уште) на поединечни личности, ама секогаш сум сакал да бидам подобар од нив! Тоа е друга работа шо никогаш не сум го постигнал тоа, (ама има време 😉 )
Никогаш не сум можел да ги разберам “навивачите“ на одредени спортски клубови кои “живеат само за клубот!?!?!?“ и кои се во состојба да се испотепат со ближните си свои за само да го одбранат клубот кој толку многу им значи!!!!
Ама тоа е најмалото зло.
Сведоци сме како Светот полека ама сигурно заминува во безредие.
Ако имаш нешто против педерите, ти си несовремен.
Ако ставаш само месо на скарата, ти си заостанат.
Ако имаш свое мислење, ти си криво дрво.
Тука можам да набројам уште дузена други примери и на крајот пак ќе дојдам на ноа, дека у денешно време не е нормално да си нормален.
Од друга страна сами сме си криви, т.е. сами си го правиме да ни биде така. Притиснати и “ставени у ред“ од “социјалните мрежи“ и електронските медиуми, сите ние си правиме имагинарен Свет кој сакаме да го презентираме пред нашите “пријатели“ и “следбеници“!
Уште минатиот Век јас си се занимавам со фотографија. Сум давал годишно пари за филмови и фотографии колку други човеци за годишен одмор. И после дојде дигиталната технологија и во фотографијата. Јас мислев дека тоа ќе биде спас за хоби фотографите како мене. Штракаш, сликаш до без свест и на крајот ќе си одбериш една две фотографии за презентирање.
И така беше. Почнаме со дигитална камера со некои си 4 МегаПиксел, и си сликаме и си играеме на компјутерот со “фотошоп“.
Да, тогаш компјутерите можеа толку, една сликичка од 2 МегаБајти, а обработуваа (да смениш малку светлина или да ја “пресечиш“) неколку минути, а за да ја пратиш до Македонија по Е-Мајл траеше 15 – 20 минути…
И така сега во лето Господово 2021-во, имаме можност да фотографираме со мобилните “телефони“ и во дел од секундата ги споделиме тие фотографии со цел Свет. Не ти треба ни фото камера, ниту компјутер, ниту фотошоп. МобиЉката со својата “вештачка интелигенција“ ти ги брка сите работи. Ќе а направе сликата ѓоа ваквоа, ич да не се мачиш ти да мислиш…
За жал (или за среќа) јас сум од таа страна пак “заостанат“. Уште фотографирам со фото камери, фотографиите уште ги “обработувам“ у фотошоп (светлина, контраст, големина) и не сум љубител на никакви “вештачко интелигентни филтри“. ДА, моите фотографии не собираат стотици “лајкови“ и “срца“ по социјалните мрежи, ама јас како дете на социјализмот сум навикнат да “работам“ за “доброто на народот“. А и немам ногу “пријатели“ и “следбеници“ по тоа мрежите. 96% од тиа “пријателите“ и “следбениците“ стварно лично ги познавам. А и од тиа се помалку се тие шо се интересираат за моите фотографии или мисли.
Од кога прекинав да се мешам у дневната политика и од кога престанав да пишувам мои мислења за најобичните работи, некако станав не интересен за широките маси. Ти викам не е нормално да си нормален. Ако не кудиш, ако не ги пцуиш, ако не се траќаш до несвест по интернетот, заштитен со кабелот и антивирусот, ништо од тебе. Ама тоа изуопште не ме потрефува. Еден ден, порано или покасно ќе снемат струја сите виа блогери, инфлуенцери, “дактилографи“ и уште каков ли сѐ не олош шо ни солат памет како да го живееме животот современо, рамо до рамо со еЛЏиБиТи комуната и сличните на нив.
Пред некој ден поради “теренски“ услови бев принуден да направам некоја си фотографија со мобиЉката… Пробував, да исклучам “вештачката интелигенција“ на мојот интелигентен телефон, ама не бев толку интелигентен да го сторам тоа, или он се праве по интелигентен па го спречува тоа. И така, утврдив дека сите тие белосветЦки солачи на памет у ствари не дека они сакат така да фотографираат – не оди инаку со мобиљката!
ДА, тие фотографии “светат“ бојата им прелива… ама тоа ли е тоа?
Шо сакаме да пренесиме на посматрачот? Боја шо не постои, илузија во која и ние не веруваме? ДА, има уметници кои работат на композициска фотографија, има уметници. АМА брате, ај не ми претеруј со плавото на морето или зеленото на шумата…
Пред некој ден, на мој пост на мојата ми најсакана платформа, фацебукот, Трајан постави прашање, “зошто сум го советувал да купи оваква или онаква фото камера, кога од телефонот (мобиљката) излеваат “поубави“ фотографии?
И да. Јас самиот се замислив, дали стварно се потребни фото камери, тешки и скапи, кога една “плочка“ од телефон со своите 48 МегаПиксли прави фотографии окото да ти остане на нив.
И се разбуричкав, почнав да споредувам, почнав да мерам…
И ДА. Дојдов до заклучок (кој одамна го знаев) дека едното со другото нема врска. На таа мала плочка, наречена мобиЉка, или во народот позната како “интелигентен телефон“ (или смартфон – по новомакеднски), фотографиите од неа, допринесена од “вештачката интелигенција“, изгледаат подобро.
Е сега, “растегни“ ги тие две фотографии на 27“ монитор – и ќе ја видиш разликата помеѓи сензор и објектив со неколку центиметри дупка и сензор и објектив во големина на зрно од ориз….
Нејси, јас и понатаму ќе влечам камери со неколку килограми тежина и ќе се надевам дека СЕГА ќе направам фотографија која заслужува да биде врамена во 90 х 60 цм (такви се прават по неколку во годината… )
Радоста на “мармеладезираните“ фотографии ќе им ја оставам на инстант фотографите од нашето маало, кои ги има се повеќе и повеќе…
Друго. Другото мое хоби. Возење мотор за ништо и без цел. Само така, колку да помине време и километри. И тоа веќе не е интересно. Од каа го измислија воа “протоколи за борба против короната“, многу очјани домаќини и домаќинки го открија моторциклизмот, демек слобода. И така во ова парче земја, наречено “Швајцарска Конфедерација“ секој шо може купува мотор и ајде по патиштата. Па така сега не само шо “вистинските“ моторџии кои возат Харли Девидсон, не одпоздравуваат, туку полека и секој втор на мотор не го прави тоа оти не знае ни зошто постои моторџиискиот поздрав. Јас сите ги поздравува, така ми е навиката. А виа на Харли Девидсон дури уште “појако“ кога се возам со скутерот
А возењето по патиштата на Швајцарската Конфедерација постанува сѐ по не интересно, или ногу сообраќај, или работа по патиштата или од ниа “автоматските фотографи“!!!
Па така човек е приморан да си најде по некое делче од убавите работи и да си го направи животот убав, на овој УБАВ СВЕТ!!!