Стрпление, спасение…

Јас со години наназад времето го утепувам покрај другото и со фотографијата. И покрај тоа шо правам илјадници фотографии годишно, никогаш не сум се рачунал дека сум “професионалец“ само за тоа што имам “професионални“ фото камери или Бог да чува на фотографијата да напишам Ристовски ФотографИ!!! 99,5 % од фотографиите кои јас ги фотографирам настануваат на моите прошетки, излети и возења со моторот. Од тие 99,5% може да се рече дека едно 5% се “употребливи“, т.е. без да се срамам може да ги ставам во некоја изложбена поставка. Нормално и поголемиот дел од фотографии со мала или малку поголема обработка човек може да ги дурдиса ѓоа ваквоа, ама ниту имам желба ниту потреба тоа да го правам.

Манипулацијата на фотографијата од секогаш била спорна. Едните се скроз дистанцирани од тоа, другите пак ја гледаат манипулацијата како уметнички израз. И шо е манипулација на фотографијата??? Дали ако фаниш и во “фотошоп“ ја преправиш да нема врска со стварноста или е манипулација и студиската фотографија која под контролирано (наштелувано и изманипулирано) светло настанува???

Лани си спроведував едно проектче, “една година –еден објектив“. Цела година фотографирав со 50 милиметарски објектив. Направив куп фотографии, од кои многу интересни и мили фотографии.
На еден од нашите излети “случајно“ го видов “Ѓаволскиот мост“ крај Андермат, од друга, за мене нова перспектива (од воз). Нормално следното мое возење ме однеси токму таму и почнав да ја барам таа перспектива – пешки. Да, најдов нешто слично. Направив не знам колку фотографии од кои доста беа добри и употребливи, ама ни една таква како што сакав.
Тоа  беше условено од ограниченоста на 50 милиметарскиот објектив.

Нешто повеќе од година. Патот повторно ме однеси на таа страна. Но овој пат “наоружан“ со нај широкоаголниот објектив кој го имам.
И “шкрап“…
Бидна.

Прашање е сега дали тоа не е манипулација на фотографијата?
Кога со месеци чекаш, организираш, и одиш во дадено време на дадено место да направиш фотографија??? Прашање дали ќе беше повеќе манипулација да лани 18 фотографии ги “залепам“ во една и направам тоа што го замислувам, или е манипулација да чекаш и ги “штелуваш“ сите околности да одговарат на тоа шо си го замислил.

Во секој случај, и тоа и тоа е убаво за очите на посматрачот!!!