Вчера, сабота, уште сабајле, си викам ајде јас прв, заминав со моторката. До моментот на тргнувањето не бев одлучен каде, важно некој планински превој. Времето така малку облачно, ама со потенцијал да се разубаве. Си викам идеални услови за фотографирање, ајде на Фурка!
Ноа со “прв“, не испадна ништо. Имало уште неколку (стотици) шо мислеле исто. А облаците испаднаа дека не се само облаци, туку и прашина, од Сахара.
И така сето тоа се сведи на едно убаво возење со моторот.
После тоа, после возењето, шо од возењето, шо од пивата после ручекот, шо од тоа тмурното време некако се уклучив у прва спора.
И трае. трае еве до сега, недела навечер.
Да, човек ќе каже гледај фудбал! Ете има “ЕУРО 2020“!
ШОООО?!?!? Фудбал? Тоа не е за мене. Нека си играат децата. Нека се радуват и они и милиони други. Ама јас не гледам ништо интересно каа дваесет и кусур човеци се лигават по тоа травата и ја сокапуват тоа топката од пуцање. ПЛУС, у денешно време, каа сите сме ограничени од короната и сите се бориме за заштита на човековата околина, воа со играењето на цел континент некако ми е ептен одвратно.
Да, јас имам респект и почит спрема извесни играчи, кои си трчкат, дават голови и со тоа си обезбедуваат за животот. АМА јас немам ништо од тоа, од него. ЕКСПЕРТИТЕ ќе ми објаснат дека треба да навивам за сопствената репрезентација, (јас дури две си имам 🙂 ) АМА јас сум убеден, успехот на репрезентацијата, е успех на тиа деца, нивните родители и фамилии, И ТОЛКУ.
Ако некој од “моите репрезентации“ даде гол, јас немам никаква придобивка од тоа, мравките на терасата пак јас треба да ги бркам. Пак ќе кажам, успехот на тиа деца е нивен личен, и јас го респектирам. Ама се додека има трет играч (па дури и четврти – видео) помеѓу репрезентациите и ги има тие глупи правила, Гого не е спремен да си го губи времето на гледање како некои си “играат топка“.
Да, некој не може да го сфани и моето безцелно возење низ историјата и просторт со мотор постар од многу денешни држави.
Некој не може да ги сфане човеците со ниа стапчињата на бреговите на реките и езерата кои со саати потполно концентрирани чекат да фанат рипче.
Некој неможе да ги сфане ниа со точаци кои и по нај жешкото упорно накачуваат некои си нагорнини.
Човеците се чудни суштества кои секој си живее во својот свет Универзум, и кога ќе научиме сите да си се почитуваме меѓусебно ќе ни биде убаво….
Резимето од последниот викенд (редовиве ги допишувам во понеделник вчера не бе мотивиран ИЧ) можам да кажам дека е и покрај тегавоста, имам веома врло доста добра искористеност на фотографии. Се радувам на тоа и на денешниот ден, кој благодарение на Пане ми почна доста врло веома интересно!
Значи денеска и официјално почнува летото и новата недела и се надевам дека ќе се случуваат интересни работи ЦЕЛО лето.