“За да правите добри фотографии не ви треба најскапата камера и најскапиот објектив!“
Има така периоди кога некако ништо не ме интересира и мотивацијата за да се работе било што е падната накај 0 (со зборови НУЛА). У тиа “тешки“ времиња утеха наоѓам по интернетот. Најлесно е у денешно време да си направиш кафе, си го ставиш до компјутерот и почниш со ВеВеВе.
Така ќе завртам од мотори на фотографија, па на некои си машини и на тој начин мозокот ми е на паша. Секогаш на тиа мои лутања по јутубето и интернетот налетувам на интересни сознаниа и идеи. До душа сите тие беолосветЦки блогери, инфлуенцери или како шо уште не самонаречени експерти се “тажни души“ кои се во потрага по сопственото ЈАС.
Признавам, на мојот јутубе канал имам поставено еден куп видеа, ама јас не му расправам на човештвото како да со го средат својот живот по нормата ISO 9001. Јас со моите 50 и кусур години ако ништо друго, едно сфатив. Секој си е градител на својата судбина. Ногу е лесно на друг, од страна, да му кажиш како треба да живее… Мама вика : “да не си у негова кожа!“
Друга активност која ми помага да го утепам воа денешно време/невреме е и возењето (без целно) со моторот. Уште каа дете дури воземе “пони“ точаци сонуваме да возиме некој ТОМОС. Каа почнаме да возиме ТОМОС сакаме некој по голем мотор со брзини. Па после да бил ваков или наков, па ваа марка, наа марка. И така некогаш ќе си ги истрошиш желбите, или пак, потребите, удобноста и употребливоста ќе ти предначат во изборот на мотор пред соништата и желбите. Ќе бидиш среќен шо имаш возило кои задоволува поголемиот дел од твоите потреби и побарувачки.
Од дамна веќе не се рачунам у моторџиите. Од дамна веќе моторот го користам како дел за разубавување на мојот живот. Од дамна моторот не е во центар на мојот живот. Уживам, уживам дури и поубаво од колку пред 30 – 40 години во возењето на мотори, ама моторџија – не, фала.
На тиа мои возења се “сокапувам“ од фотографирање, а во последно време видео-камерата ги бележи интересните предели.
За кого и зошто?
Е прашањето кое во последно време си го поставувам. Убаво е кога имаш можност, убавите видени работи да ги пренесиш на некој. Да заштедиш некој збор, нели една фотографија илјада зборови 😉
Ама во последно време и тоа ми стана банално. Од кога не се учествува на некои си изложби, од кога и самиот се откажав од организирање на било какви изложби, илјадници фотографии се паркирани по “хард-дисковите“ на компјутерите и чекаат ЕНТЕР, за да испаднат барем на мониторот.
Затоа пак си резервирав две три места во Светот наречен “интернет“.
И таму (тука), кога ќе ми се отворе дизната ќе изнаставам фотографии и видеа.
Кој, колку, дали и зошто ги гледа до ден денешен не знам. Ама издишок и смирување на душата – има.
Еве сега се повеќе имам потреба тука (по интернетот) да се празнам, па кој милува и кој го интересира – бујрум, разлистај те по фотографиите. Не кошта ништо, освен некоја минута од милијардите минути од вашиот живот.
И на крајот. Шо е битно шо јас пишувам, сликам… Секој може да а заврте ваа како му одговара. За тоа шо пак ќе се вратам на наа од почетокот:
“За да правите добри фотографии не ви треба најскапата камера и најскапиот објектив!“
е изјавата на многубројни извикани фотографи и мајстори на фотографијата. А кога НИВ ќе ги прашаш со шо камера/објектив фотографираат СИТЕ имаат опрема со која нормалниот смртник може да си купи убава кола, да отиде на одмор (неколку години) и пак ќе остане за неколку вечери/ручоци у неколку ресторанти…
Сите ние сме каа наа, шо се вика по Швајцаријата:
“Проповеда вино, а самиот он шлока вино!“