Стара љубов, не р’ѓосува…

Спомнав ли веќе?
“За да правите добри фотографии не ви треба скапа камера и скап објектив!“

Како во секој сегмент на животот, така и во “хоби фотографијата“ го слушаме ноа: тебе не ти треба не знам што за да постигнеш добри резултати.
Ама реалноста е ептен друга. Човечкото его и око не ни дозволува да падниме толку долу! Па “нормалното“ не нѐ задоволува и како секој нормален човек си купуваме работи за кои мислиме дека не прават по добри.

Почетокот на овој Век полека почна да се пробива дигитализацијата во фотографијата. Како и секоја нова технологија и ова беше “резервирано“ за мал дел на избраници (читај – кој има пари може да си купи).
Тоа што ни беше нас, обичните смртници, достапно беа компактните дигитални камери. Кај мене прво беше компактна со 4 мега-пиксли, па првата системска камера со 10… и после се повеќе ме предизвикуваше радозналоста да набавам “малку по добра камера, малку по добар објектив…“
И така дојди еден момент кога Гого помина на “L“ објективите од мојата најсакана марка CANON. Првиот таков беше, тогаш многу фален, а сега легенда, EF 24-105. До ден денешен користен и сакан од моја страна. Љубовта ни ја начара една мала гребнатинка  на предната леќа. Тогаш, кога ја открив гребнатинката, веднаш пробав да стапам со сервисерите од CANON  за да ја доведат во гланц нашата љубов. Господата од CANON не осеќаа некоја потреба да помогнат или поправат ситуацијата, па така со години EF-от 24-105 прави фотографии кои ми го разубавуваат секојдневието. И не ми сметаше, а па не се ни приметуваше дека објективот има гребнатинка… Не сметаше до – “вчера“.

Камерите ја имаат таа особина да ни прашина, ни гребнатинки на објективот го “регистрираат“, едноставо тиа работи се надвор од фокусното поле па не сматаат на никој, СЕ ДОДЕКА не светне Сонцето или некој светлосен извор директално на нив. Е тогаш брату или ќе ја продаваш фотографијата како уметност или како романтика или жив има да се јадиш шо не си го избришал објективот. Иначе на ова место одма да дадам еден пријателски совет, кој јас го добив од еден пријател, мајстор на фотографијата:
“Никогаш не ги бриши објективите со маицата, џемперот, палтото кои ги носиш!!!“ (го кажа тоа и го избриша објективот со маицата…)

И сега еве три денови се мислам дали да се обнови објективот, или како и досега си штракаме со него и да во 99,87% од ситуациите сме среќни…

Да, изгледа ќе се продаваат фотографиите како уметност.

Така е и со сѐ во животот. Може ќе ти “служи“ ќе ти брка работа и ти нема ни на крај памет да го ставиш и помислиш колку е тоа добро шо ти служи толку верно, ама САМО ЕДЕНАШ ако направе не како шо е по твое очекување – одма не го бива! Илјадниците други свршени работи одма се заборават.