Пролетта која не бидна салам пролет, лето кое не сака вистински да почне, метеоролози кои ни два дена унапред можат да го потрефат времето, корона со која не рибат како сакат, на напред и на назад…
Сабота, навечер, после вестите, во 8 саатот: “Времето е врнежливо и така ќе остане до првата половина на ноќта. Од утре наутро разведрување и во недела ќе уживаме во убавото и сончево време….“
Недела наутро. Облачно но со првите сончеви зраци кои се пробиваат меѓу облаците. Риги, “Кралицата на планините“, половина во облаци половина разведрена, и нели чичко Бухели вчера речи дека се по убаво ќе биде времето, правец Риги!
Денот беше во знакот на водата, водата во сите свои состојби. Шо вирчиња, шо магла, шо облаци и влага секаде. АМА поубав ден за прошетка по Риги човек не можеше да одбере….
Јас не сум некој шо ногу шета по ридјето, ама неколку пати годишно ја откривам Швајцаријата и пешки. Во минатите години беше интересно шо на секое наше лутање по планините, кога ќе сретнеш некој шо исто така го бара мирот во висините, се поздравуваме ако не со повеќе барем со едно “здраво“.
Ама во последната година, и еве оваа продолжува, кога ногу повеќе луѓе се принудени да одморите ги поминуваат дома, имам забележано дека покрај “инстант моторџиите“ и виа планинарите само со наведната глава лутат низ времето и просторот без потреба некој да поздрават или отпоздравуваат…
Има, и тоа е поголемиот дел од планинарите кои поздравуваат, ама се повеќе ги има ние “планинари од нужда“ кои облечени у најскапи облеки, со нај јаките чевли и ранци мислиш на годишен одмор ќе одат, и наведнати глави ги газат ридските патеки, без потреба да поздрават некој или не дај Боже да отпоздрават…
Јас како “амбициониран фотоаматер“ кој чат-пат и по некоја изложба си организира, ногу сум среќен кога има денови на кој ќе ми се погоде некоја фотографија и за која самиот сум убеден дека е вредна за изложба, т.е. да се покаже на народот. Такви фотографии се ретки и не настануваат секој ден, ама вчерашниот ден и покрај тоа или баш за тоа што беше магловит, направи да сум радосен, на една – две фотографии.