Кој е “болен“ ???

Вечната и нерешливата дилема од Македонската митологија: магарето или змијата?*
Ете тоа не прати и по белиот Свет.
Не прати во овие моменти кога ќе сфатиш дека си никој и ништо.
Не прати кога ќе сфатиш дека мора да го играиш орото кои други го свират, ако не сакаш да бидиш гледач од преку плотот.

Логика, човечност, здрав разум, шо е тоа??? сега кога треба да се жнее??? ма исклучи мозокот и напрчи се!
Сега кога е грев да си здрав.

Израснав и учев во Социјалистичка Република Македонија, како дел на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. ДА, бев поносен Титов пионер (не толку поносен војник на ЈНА). Учев од Баба, Мама, Тато, комшиите, роднините, учителите, од коларите пред “АНГРОто“, од Бранко Коцкица… И едно шо и ден денешен можам да кажам дека го научив, е тоа шо научив да го користам мојот разум. Учев кога мојот Свет беше аналоген и социјалистички. Учев кога пријателствата се зацврстуваа со сокапани колена и сокинати панталони…  

Да еволуцијата и напредокот го направија своето. А ние побрзаме да го фатиме “Чекорот со времето“.
Нема социјализам, и 0 и 1 завладееја низ Светот и околината.

Господинот Берсет на почетокот од 2021во лето Господово: Во Швајцарија вакцината против Ковид 19 нема никогаш да биде задолжителна.
Господинот Берсет накај средината од од 2021во лето Господово: : Во Швајцарија вакцината против Ковид 19 нема никогаш да биде задолжителна. Другата “господа“ од “цивилизираната“ Европа и Свет:
Ако сакаш на концерт – треба да си вакциниран!
Ако сакаш на утакмица – треба да си вакциниран!
Ако сакаш у авионот – треба да си вакциниран!
Ако сакаш да се видиш со твоите – треба да си вакциниран!
Ако сакаш јајцата да си ги ладиш у морето – треба да си вакциниран!
Не, никој не вика дека мора, треба. Ама ако не си буцнат ти требат еден куп документи за да докажеш дека преболен или имун.
ДА, ако си здрав, тогаш си проблем!!!
И сега некој нека ми каже, кога во едно општество здравите се проблем, кој е заболен???

За ноа да не лафиме, дека вакцините ниту штитат од зараза, ниту некој да не го заразиш. Ајде, ако те потрефе по лесно ќе поминиш – дај Боже.

И така Гого, и покрај сите конфликти у мојата логика, се соблечи и се напучи.
Па кој ќе си преваре, магарето или змијата….*

* стара кавадаречка (Македонска) мудрост: “Магаре да ти го фукне или змија да те клукне?“