Има така денови кога ќе отвориш “архивот“ на фотографии и ќе забележиш десетина дена нема “датум“!
Да, идат периоди кога стварно сѐ ти е сиво. И кога за се викаш, ај другиот пат, во друга прилика. За среќа по одамна не ме фанало пак такво нешто. Во последно време дури не можам да стигнам да си ги организирам фотографиите и видувањата. За среќа фанаа летните (школските) одмори па малку и работата у фирмата олабави малку па се наоѓа временце да си откиниме за нашите ни хибија….
Така и последната недела, дождови, поплави, магли, облаци, па и со години гледаните “мотиви“ ги гледаш во ново издание. Фотографии, фотографии колку човек сака и може да праве. Па така се направија неколку фотографии кои се вредни да се покажат. Сабота, планирана да се искористи за понатамошно полнење на мемориската картичка. ТИКВИ! Прекршен ѓоа ваквоа морав дома да лежам, на лево, па на десно, па после неколку минути пак од поново…
Благодарност до најновата вакцина, сега знам како е да се има грип и сред лето!!!!
Па така, на “превртувањето“ крадев по некоја минутка и штракав по клаптопот испробувајќи ја најновата верзија на омилената ми програма за создавање на фотоалбуми за на интернетот.
Испадна едно албумче. »»»»»
Си викам, гут. Утре ако можам ќе прошетаме до Брунен да го “заокружиме“ албумот. Ќе дотуриме уште 3 – 4 фотографии и ете една убава целина за мокрото ни лето.
Арно ама, “со домашен есап, на пазар не се оде!“ Од саканите 3 – 4, испаднаа десетина, па на сета озгора и сонце огреа со што се отворија нови перспективи…
Почна со тоа шо с’нце огреа после незнам колку денови/недели, а јас требаше да одам до Кнонау, 25 – 30 км од дома.
Си викам ај да искористиме убавото време па ќе го споиме убавото со корисното. Ќе запалам моторката и ќе извозам едно кругче околу езеро, со посета на Кнонау.
И тргнав.
Таман стигнат у Кнонау, работата уште не завршена, си викам чим сум тука, може до Бремгартен да се извозе да видам како е тамо тоа со реката и каскадите, сега кога Ројс скроз одринкан е…
А таму ни каскади ни бакрачи, сѐ рамно / поплавено…
Па таму си мислам, ами како е сега на водопадите на Рајна???
И шо, зар факултетот ни теже? (шо вика чи Пане!) врти моторката правец Ноихаузен на Рајна….
И така од планираните 50 – 60 км, испаднаа 240 и кусур …
И така од планираниот еден, испаднаа два албуми и еден видео запис…
Албум до сабота… »»»
Албум недела »»»
Видео недела »»»
п.с. еве денеска вторник, во меѓувреме има материјал и за уште еден албум и уште едно видео… ама полека, едно по едно!