пењавил се не пењавил, пари сум давал…

Комбинацијата на “Ковид 19“ и “временска ситуација 21“ направија да оваа година човек не може ништо однапред да си испланира. Или барем не ногу однапред. Така рачунајќи, гледајќи, кога да се извозиме со легендарната “Лок 7“ на железниците на Риги, пред неколку недели одлучив да биде тоа 25 ЈУЛИ!!! Нели јули месец, лето воа ноа….

И така… Како се ближеше 25ти јас се повеќе сакав да верувам дека метеоролозите и ваа пата ќе згрешат.
АМА, дојде 25ти, на топло и (уште) суво тргнаме од дома. Риги беше квалитетно “поклопена“ со облаци/магла и најавеното невреме можеше да почне секој момент.

АМА, пењавил се не пењавил, пари сум давал…

Првата средба со “Лок 7“ ја имавме на Риги-Штафел, у квалитетна магла.

Средба на епохите!!!

Нарачуваш карти преку «www»
Плаќаш со «twint»
Добиваш карта со «QR code»

Се качуваш во возот, иде кондуктерот, проверува картата и традиционално а ваде «клештата» и праве дупка на картата! (од после си викам, арно нешто не одеше со тоа програмите, па картата а изпринтав, планирав да ја меморирам на мобиЉката 😁 )

Значи почна, собирањето на впечатоци.

Возењето како возење скоро исто како и со најновите возови на Риги, полека и удобно. Само што сега сето попратено со ниа звукот на парните возови познат од цртаните филмови…
Ама интересно е доживувањето да се возиш со машина која некој ја измислил и направил уште 1873 година и цели 64 години го возела ридот нагоре и надолу да после исто толку години биде изложена во Музејот во Луцерн за да на годишнината (150 години железница на Риги) повторно ги гази шините на првата запчеста железница во Европа….

А да! И времето беше на наша страна, на моменти дури и сонце огреа

фотографии »»»

видео »»»