Еве го одштампаме 28-от јули. Лето демек. Ваа година ама баш ИЧ не приметувам од летото. Освен “дупката“ на работата, оваа година условена со временските услови, уште по голема. Традиционално во Швајцаријата последната недела во јули и првата во август се недели за годишен одмор. Заоставштина од времето на сезонските работници (до пред 20 години имаше голем број на само сезонски гастарбајтери) , се влечат секоја година вие две недели како шо вика мајка Љубица, “на теана ќотек“. Салам фирма, не работе. Во сепарацијата 95% од муштериите се приватни лица, така наречени “хоби градители“, по некој не способен градинар, фармери и уметници… Тоа било у последните 10 години така и во иднина така ќе биде. Само шо ваа година заради временските услови, горенаведените групи на градители се закочени и од невремето кое никако да заврше ваа пролет… Од годините, во овој годишен период или бевме на одмор или најконцентрирано се спремавме за на одмор. Ваа година сето тоа фале.
И така примерно доаѓам секој ден на работа и најголемиот дел од работното време го поминувам во чекање. Чекам да дојдат муштерии, чекам да се јаве газдата и да каже шо да работиме, чекам да дојде убаво време па да барем после работата извртам некој километар со моторката, чекам …
Моите фотографски сознанија почнав да ги собирам уште како дете. Прво како теорија за бројките и копчињата на фотокамерата на тато, таа солидна руска машина WERRA. После продолжив со секциите, Народна Техника, од фотографи, книги и списанија, да у последно време за сѐ што е ново и што ме интересира ровам по воа интернетот. И тука “на интернетот“ преди ногу години откривав човечиња кои поради својата пасија купуваа или добиваа најнови апарати и опрема на тестирање и за истите известуваа со своите искуства. Да бидиме искрени, не еднаш ми помогнале во некоја одлука.
Во последно време немав ногу време да ги следам, а и немам некоја потреба од совети, па така малку ги “испуштив“ тие “инфлуенцери“ и “блогери“ во нивните откритија.
И сега пак. Овие денови, така чекајќи, по често го уклучувам ЈУТУБЕТО и ги проверував моите “стари пријатели“, шо расправат за новостите на полето за фотографија. ЛЕЛЕ ЧОВЕЦИ!!!! Не можам да верувам на очите и ушите! Значи скоро сите од моите некогаш ценети *photographY* забегале у филозофи и у психолози.
Колку ми беа интересни кога секој од нив си имаше по неколку стотици или не повеќе од 2-3000 “следбеници“ и кога секој месец едвај едно видео ќе објавеа. Ама за тоа стварно интересно и поучно.
Гледам сега, сите они имат по неколку стотици следбеници и видеа се објавуваат, најмалку по две во неделата. И шо расправат? Наместо нешто од страна на техника и фотографија, расправаат за емоции, животна рамнотежа, сопствено пронаоѓање во просторот и времето, исполнување на соништата…
БОГ ДА ЧУВА!!!
АМА, ама гледаш тие шо се надарени за лафење имаат неколку стотици илјади следбеници, а тие шо останале на своите едно – две видеа месечно со конкретна информација за некој апарат, тие сиромашките уште имаат толку 500, 600 до 2000 следбеници.
Не е убаво воа шо ни го праве “Ковид19“. Направи да секој за својот не успех или не способност се теше со тоа дека Универзумот е голем и за секој има место во него…
Еве денеска среда, префрли неделата, па останува уште една недела да истрпам некако “чекајќи“. Или барем убаво време да ни пуштат, еве ќе бидам умен, чесен пионерски збор!