Легнување на брашно!

“Јерусалема“ – симбол за борбата против Ковид 19!!!
Таа песМа побуди многу чувства во мене, ама не позитивни, како шо ни ја продават. Кај мене побуди револт и гнев. Револт и гнев против “општата состојба“. Општа состојба во која за здрав, нормален човек нема место. Денеска се заштитени белите мечки, фоките, средноевропејските славејчиња, амазонскиот бумбар, педерите, лезбејките, муслиманите, евреите, …. сѐ и сешто е заштитено, само како човек, нормален, здрав, мора да ја сркаш супата не заштитен. Не ставија у ред, или редица. На пат се да не поделат или бележат поубаво од колку Г-динот Хитлер шо ги бележувал евреите, ни уведија мерки на обезбедувања, протоколи, документи… и сега ти танцај на “Јерусалема“, и плускај, и викај БРАВО!!!

Како дете, сон ми беше да имам Alfa Romeo GTV. Младоста ја поминав со Wartburg. Подоцна, кога почнав возилата сам да си ги купувам имав неколку услови кои треба да ги исполни новиот автомобил. Не смее да биде дизел – не че смрдиме ѓоа тракторист, автоматски мењач не смее да има – не сме пензионери де, комби никако – кардинал не гледам за на пазар да го носиме!
И така после неколку автомобили, на “зортот“ купиме SAAB 9000 turbo. Единствена негативност – автоматски мењач!!! Ама ајде за кратко ќе биде дури се најде “убава кола“.  Тоа кратко време испадна 4 – 5 години. Прекрасни години кога ќе замислам како поминувавме во сообраќајот. Автоматски мењач – нешто најубаво шо човек измислил. Секоја следна кола беше и е со автоматски менувач. Повторно дојде време кога требаше да се купи автомобил подобро вчера од колку утре. Буџетот толку, потребите такви – OPEL Zafira CDTI automatic. Убави 6 – 7 години користење. Толку од младелачките услови и желби. Си легнаме на брашното.

Човекот како “најсовесното“ животно на ваа Земја, од секогаш се стремел за напредок и подобрување на сопствениот живот. Од една страна секогаш сакаме да си купиме, набавиме нешто ново, од друга страна многу сме скептични кога е во прашање напредокот, промената на технологијата. Во Швајцарската Конфедерација не знам кој и зошто уште преди ногу години одлучил да се престане со емитување на “слободните“ радија низ етерот со убавата и квалитетна FM техника. Од следната година ќе има само DAB и DAB+ низ етерот. DAB значи Дигитално Аудио Емитување (Broadcasting) a + дека има уште подобар звук и поголем избор на станици!!!
Ама мене никој не може да ме убеде дека тоа уште едно делче од сложувалката наречена потполна контрола. DAB технологијата која нуди “прекрасни можности и кристално чист звук“ сигурно ја има и можноста да се контролира до последниот “бит“.
Јас сум дете на FM и до последно ќе се борам да не се уведе DAB. До денска.
Јас сум против задолжителното вакцинирање против Ковид19, денеска ја зимам втората транша…
Ноа митското, “магарето или змијата“ нема, не се бега од него.
DAB инсталирав у колата за да првите вести наутро и сите други не ги слушам и барем малку да се куртулам од информациите кои ни ги шприцуваат во минутен такт и после ни ја пуштат “Јерусалема“ да не мотивираат.
Се вакцинирав за да како “вакциниран човек“ можам “слободно“ да си отидам до Македонија, оти криминалци веќе нема по границите – сите такви имат дипломатски пасоши, сега се не вакцинираните најголемото зло и закана за сите нации!!!

И така, човек ќе разбере дека ногу брашно му треба во животот, за легнување…