Заебанција, по кавадарчеки или литературно македонски, подбивка!
И повторно забегување со мислите, филозофирање.
Работи и живее со фамилијата во Швајцарија… е една фраза која се сретнуваше во најавите на неколкуте изложби кои веќе се направени по Швајцаријта и околината.
Воа со работи, незнам, дали тоа шо јас го работам може озбилно да се сфати, а да живеам, и тоа како, ЖИВЕАМ во Швајцарија. Јас преди ногу години направив една колекција на фотографии кои на неколку изложби беа презентирани под името “Две татковини“. Да така се осеќам, како човек со две татковини. Ама да бидиме искрени во последно време на едната повеќе и обврнувам внимание 😉
Да, живеам во Швајцарија, во лето Господово 2021-во. А иначе лето како годишно време оваа година во Швајцарската Конфедерација кажано со зборовите на еден шофер на “Тиквеш Транс“ (Блашко, Бог да го прости 🙁 ), – СЕ ИСПУФА!!!
Од една страна не масира времето кое никако не сака да уклуче модус “лето“ , од друга страна не дриблат со ситуацијата КОВИД!!!
И така повторно доживувме некој период на вакум. Време во кое никако да ги “наместиме картите“. Време во кое само чекаме да помине и да дојде “НЕШТО“!!!
* Midlife–Crisis* или таканаречената “средновечна криза“, јас мислев дека тоа е само добра холивудска лудорија и која е тука да со оправдат ногу не рационални дејствија. Кај нас, барем во Кавадраци, тоа спаѓа у графата: “Немал Ѓаволот работа, па си ги ебел децата.“
И така, сето кога гореспоменато би го споменал повторно, ќе дојдам на моето “дереџе“.
Лето Господово 2021-во, ЈАС 30 (со букви триесет) и кусур години во “туѓината пуста да остане“, деца, кои веќе се самостојни, ситуација не ситуирана, туку финализирана, кога најголем проблем ни е шо ќе каже официјално Швајцарската Конфедерација во вторник во однос на мерките со КОВИД (незнам кој) , еве седам пиам од легалните дроги и утврдувам дека после одморот, ако помие како шо планираме денеска, ќе биде – МОТОР, или моторцикал или како сакајте наречете го возилото на две тркала. Не дека тие 3 до 4 возила од тој тип кој сега се на располагање не си ја бркат работата, ама ноа * Midlife–Crisis* треба некако да се победе. Тоа шо го мислев дека се само како медиумско помодарство ме има потрефено – скорЗ.
Спасот го барам во “материјални богатства“ со кои тебада си ја лечам душевната изгубеност. И можам да се пофалам дека тука, во Швајцарската Конфедерација, ја имаме таа привилегија работите да ги пробаме.
Па така со мало заокружување дојдов до решението на мојот проблем –МОТОРЦИКАЛ!!! За тоа што по последните статистики во Швајцаријата тоа е доста добра терапија. А се приметува и на патиштата и сообраќајниците низ Швајцарија. Јас се оградувам од ниа пресните МОТОРЏИИ кои како мене во потрага по утеха дошле во допир со моторите, ама за разлика од мене за првпат и дурдисани како ниа моторџиите од читанките ги возат најскапите мотори.
Дури да “паднат коцките“ кој и каков мотор, мала утеха си побарав во другото мое хоби, фотографијата. Скоро цела година немам ништо купено за “освежување“ на фотоопремата.
Пред некое време малку (малку повеќе) ја оретчив фотоопремата само на тоа што го користам. И задоволен сум. Бев. Незнам шо пак ми текна да изјавам желба / интерес за некој си “моќен“ објектив. И како шо кажав, тука во Швајцаријата за тоа има можности да се проба. Си нарачав, си добив и после третата фотографија… враќање во реалноста / траќање од земја!!!
Не Гого нема да купува нов објектив. Се потсетив на времето кога и оние од по 1,8 или 2 кила ги отуѓив затоа шо ми беше тешко да ги “влечам“ со себе.
Објектив од 3 кила и 300 грама борбена тежина кој за да го користиш ти треба плус статив да влечиш кој исто е преку едно кило – најн данке, мерси (воа по француски!)
И значи продолужувам кон изборот на моторцикал…
А на крајот, како и летото кое не беше лето, летото во кое ни доволно “топол воздух“ немаше, може сето воа ќе помине како заебанција или како шо викаше еден врвен кошаркар од Кавадарци, “сите мислат дека топката е полна со воздух, или емоции, а она у ствари е п’на со заебанци!!!“