Долго планираниот и уште по долго чеканиот долг одмор, помина.
Условени од глобалната ситуација планот, беше одмор со можни карантен – два пати. Околностите направија да комплетниот одмор можиме да го искористиме за одмор.
Во моето триесетгодишно патување на релација Македонија – Швајцарија – Македонија, сум поминал секакви одмори и прошетки. Имало фантастични одмори, имало катастрофални одмори. Овој последниот беше некоја мешавина од сѐ. Ама пред се беше поучен. Мислам дека нема повеќе да патуваме со кола и дека одморот не смее да биде по долг од 5-6 денови.
Како конзумент на телевизијата сум гледал емисии во кои извесни личности припремајќи се за на одмор постапуваат цврсто по предходно утврдени “чек листи“. Во прво време му се чудев на умот, после ги прифаќав нивните теории за да со години наназад планирам и јас да си направам такво нешто – тикви.
И така на секој одмор нешто фале, а нешто влечам шо нема да се искористи!
Едно друго интерсно, од кога не напушти тато некако шетаме без ракија. Тато беше тој што пред секое патување или прошетка ќе спремеше две три срчи ракија со благословот: “земи, це најде“ L . Ногу пати ракијата ќе си ја вратеме дома, ама имаше моменти кога беше како “кец на десетка“ – златни врати отварала и убави пријателства создавала…
Сега така, каа без кур на свадба, така ги отепаме сите шетања.
На сите патувања на човек му се отвараат нови мисли и мислачки. Еве и ваа пата. Помиувајќи по ногу држави ме заинтересира прашањето како може да бидат луѓето толку себични и егоисти? Иначе како би го објаснил човек фактот дека и покрај тоа шо ние сите се колниме во Бог кој можеби не е исто нарекуван од различните вери, ама и ако се повеќе, и секој од нив ни приповеда љубов, мир и простување, некаде има напредок а некаде се утепуат за меѓата…
Не, и ваа пата нема да пишувам за ситуацијата, битието, во Македонијата. Шо да каже човек за едно нешто во кое четериест и кусур години уште се вергла “Због једне дивне црне жене…“
Ааа да. Воа морам да го напишам. Има промени. Една модерна работа шо ја забележав во Кавадарцито е спорото возење на автомобили. По можност по нова и по голема. Се влечат ѓоа црева по улиците на “градот“ по можност на места каде има ногу народ – да ги видат ??? Незнам. Ни на времето праеме други работи за да бидиме “фраери“!!!