Лето во лето Господово 2021-во.
Во Швајцаријата времето не масираше како да е нешто мешавина на пролет и есен. Никако да уклуче на “шеска“ летото. Па за тоа се радуваме на одморот кој го планираме за во септември, четири недели одмор во Македонија, во септември! Септември е прекрасен месец и очекуваме дека ќе фаниме нешто од летото.
Но како се ближеше септември така се повеќе растеше нервозата и тремата. Не, не ни е првпат да патуваме за Македонија, ама не под актуелните услови. Услови на глобална пандемија и хаос. Скоро секојдневно се менуваа условите и правилата за патување. Условени од белосветскиот метеж во малтретирање на народите, народностите и човеците, подлегнав на притисокот да се вакцинирам, само мир, помин, поминувачка и преодност по држави и граници да се има….
Ама дали од вакцината, дали од мислачките како ќе биде додека тргниме на пат, дали уште некои услови и правила ќе измислат виа креаторите на новиот поредок, имаше неспани ноќи, со недели…
Дојди денот, и тргнавме. Со сите цертификати и документи и непријатен осет во стомакот. За едно чудо патувањето помина ептен нормално, да не речам дури поубаво од многу претходни.
!!! ВРЕМЕТО ПОМИНАТО СО НАШИТЕ БЛИСКИ БЕШЕ ПРЕКРАСНО И НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА НИ ГО ЗЕМИ, И СЕЌАВАЊАТА НА ТОА !!!
Првиот ден го започнав претпазливо и со голема резервираност спрема околината. ИМАМЕ ВРЕМЕ, цел месец сме тука, да не брзаме. И така деновите поминуваа се сретнував со блиски и сакани човеци, ама секогаш со голема претпазливост и мисли шо ќе биде ако ….
Тоа, “шо ќе биде ако не нападне короната“ ровеше во мене цел ебан одмор. Човек се уништува кога мисли на сите, а не само на себе, а јас мислев по дибоко и од Хичког.
Цел одмор не се опуштив, не направив ни 1000 фотографии, ма ни 500 нема.
Уште првиот ден го регистрирав моторот со ниет да се вози низ Македонијата.
Поминаме 140 км.
Некако не се имаше поттик да се направе нешто, да се прошета некаде, да се виде нешто. АМА сепак прошетаме и видоме многу повеќе од некои кои живеат и се цело време во Македонија.
А и кога прошетаме шо видоме? МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА!!!
!!! СО ГОДИНИ ИЗБЕГНУВАМ ДА ПИШУВАМ ЗБОРУВАМ ЗА ПОЛИТИЧКО ЕКОНОМСКО ТУРИСТИЧКАТА СИТУАЦИЈА НАРОДНА ФЕДЕРАТИВНА СОЦИЈАЛИСТИЧКА ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА !!!
Ама ајде едно видување …
Македонија вечна. Да Македонија вечно вергла у место, или барем последните 30 и кусур години како самостална демократска и веќе не независна.
Од Кавадарци, преку Ниготно, Охрид, Ресен, Скопје, Струмица и у кое не село, град, салам изградените и направени работи се од времето на Другарот Тито, ЈНА и КПЈ. 30 и кусур години се лепе, се шминка се мачка (пред сѐ очите на народот) демек нешто се прави. Се со цел да се освојат изборите. И после настапува, пролетнолетнаесенскозимска ЖЕТВА.
Охрид, бисерот на Македонија. Македонскиот Ерусалим. Градот под заштита на НАТО, не бе НАТО – УНЕСКО…
Шеталишчено – ТОП!!! Светат и трепкат секакви реклами од белосветцки фирми, за да ред-два поназад, во улиците на 100 метри од сјајот владее хаосот и анархијата која се спроведува систематски веќе 30 години и 140 избори….
Да не се лажиме, у Македонијата убаво се живее, ако си од страна на шминкачите или уште по арно ако си тиа шо шминка.
А шминкањето е белосветцка појава.
Од фотографиите, пеку виното, до кафаните. Се што мие е мене мило ем драго е веќе потпаднато на шминкање
И ногу други работи се како угу. Мајстори кои не си стојат на зборот, чиновници кои фрустрациите ги празнат на народот, лигавеши кои ти го кројат утрето, …
Комета, само комета може да не спаси.
ДА. После незнам колку стотици години Гордан повторно отиди во грција. Не а сакам, а одсакав грцијата. И нема никогаш да ја сакам. Не се ни исплаќа да пишувам нешто за таа тема.
АМА, патувајќи така по Солунско поло до Егејското море, ги гледам тиа плодни и не догледни полиња, прекрасно крајбрежие, и си мислам – имало зошто го земале. Криво ми беше сите тие километри и сите тие минути дури патуваме. Криво ми е шо ем сето го украдиле ем не те признават како суштество.
Од друга страна, патуваме и по Македонијата, по Пелагонија, по Тиквешијата, по Струмичко поле, по … Секаде Божји дар. АМА да ги искористам зборовите на еден “енглез“ : “успевате нај убаво да го уништите…“
ДА, ние не знаеме и не сакаме да го искористиме и тоа шо го имаме.
А можеби и јас не ја разбирам сета ваа работа, одамна сум испаднат од тој …
Ме “возбудија“ и други работини. На пример, црквата. Нашата првославна Македонска црква. Се градат и шминкат нови цркви, а старите пропаѓат и со нив ги закопуваат сите сеќавања на некоја си епоха. Поповите од сите православни цркви истото го проповедаат, мир и љубов. Они СИТЕ се крстат на еден Бог и го проповедаат едно те истото, ама да е по нивно, оти србинот не го сака македонецот, бугарот не го сака русинот , а македонците не се сакат ни самите…
Интересна секта се они….
И ред други работи ме возбудија/нервираа, ама ја доста за сега.
Оти ако некој го прочита воа , ци помисле види негативна ќифија да аа…
А има ногу убави работи.
На пример – даска, па макар и похована J
Дружби со “убави“ и сакани човеци.
Надеж дека тиа убавини, тоа сонце еден ден ќе грее за сите Македонци.