празнина…

Месец септември. Летен месец кој сите го поврзуваат со есента. Месец, убав. Гроздобер по старински. Месец у кој сум роден J

Овој септември, 2021 лето Господово, не многу бериќетен. Мислам на експлоатација на фотографијата. Ногу прилики, малку мерак за фотографирање.

И така… вртам по воа интернетот, фацебук, инстаграм и слично и некако срце не ми дава да направам “клик“ и да ставам барем некоја фотографија на овие светЦки познати и признати платформи за презентација на своето јас.

Фотографијата ме прати по одамна, може да се рече скоро цел живот (кој јас го паметам) до душа последните 10 – 15 години така по озбилно ама од секогаш сум се осеќал како љубител на фотографијата и апсолутен аматер. Си возам јас така со моторот или си се шетам покрај некој брег, И ОП – шкрап! убаво нешто овековечено. Моите фотографии од возењата и прошетките имаат можност да ги видат моите блиски и чат-пат имаше по некоја изложба.
Имам јас еден куп фотографии и на фацебук и на инШтаграм 😉 ама се повеќе не  ме предизвикува да ставам фотографии на овие платформи за да добијам неколку “лике“ и “срце“… Од ден во ден се повеќе ми се создава одбојност спрема на овие платформи дотераните, нашминканите, извитоперените фотографи со кои некои си бедни души сакат да ја покажат замислената реалност. ШО Е НАЈ ЖАЛНО УСПЕВААТ ВО ТОА!!!
Скраја да е, и јас ги “дотерувам“ фотографиите, ама само со ниа трите реглери – светлина, температура на бојата и одсечување на некоја страна ако има влетано некој или нешто шо не треба да се гледа на фотографијата. АМА тоа се помалку се цени. У денешно време на “блогери“, “инфлуенцери“ и слични лигавеше сѐ повеќе се бара “HDR“ – на нај јако!!!
Имам потешкотии. Потешкотии со денешното примање на визуелните медиуми.
Незнам колку пати сум учествувал на “фотографски конкурси“ и исто толку пати се одбиени / не примени моите фотографии.
ДА, јас немам портрети. А на “извиканите“ конкурси се “сакаат“ фотографии на некои си стари измачени личности во црно-бела техника – ТОП!
И да, ако е некоја со магла, тогаш треба да биде маглата од Кина или Тајланд, маглата од Росоманско не е убава.

Иде есен, време на шаренило. Време на смиреност и спокој и време на убави фотографии. Ќе начекам јас некоја и ќе направам. Ќе ги има, ама на “моите“ страници.
Кој милува нека повели:

» фотографии
» видео записи