И пак.

И пак, незнам по кој пат, се случи нешто оти така требело да биде!
И убаво ми е!
Не смеам никако да се пожалам кога е во прашање изборот и набавка на возила. Поготово кога нешто “случајно“ ќе се случи.
Се сеќавам, по одамна, уште немаше ни “www” или беше на почеток, па коли – мотори бараме по огласите во весниците во печатена форма, дојде момент да МОРА да се купува автомобил. Во тој момент ниту имавме некоја замисла каква кола сакаме, ниту кои коли се “убави“. Па така листајќи по огласите главен услов беше да е ефтина, со ниет попосле на мир да се бара и купи “вистинска“ кола.
SAAB 9000 turbo 16!!! За SAAB – от само знаев дека се солидни шведски коли.
Нејси, цената од убава, по убава не може да биде. Отидов да ја гледам. Автомобилот и ако убаво преку 15 години стар, надворешно беше како “од фабрика излезен“! Внатре, мала катастрофа. Гумите на вратите паѓаа на секое отварање, платното од покривот го попречуваше погледот назад преку ретровизорот, ливче – “климата не работе“, и нај големата “КАТАСТРОФА“ – АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ!!! Јас да возам автомат, па не сум пензионер бе!!!
АМА главниот услов, ефтина, беше скроз исполнет – купено!!!

После, тој автомобил, бидејќи имав време на работата, малку го средив, гумите на вратите беа исчистени од стариот и раскашкавен лепак и добија нов квалитетен лепак, покривот беше стручно преработен – кај струќнак, кој пресно отворил фирма за тапацирање на автомобили па цената беше повеќе од симболична и на КРАЈОТ – климата, кога помина зимото и почна сонцето повторно да сјае како во лето и климата ја управиме.
И не на КРАЈОТ, туку како почеток на една нова епоха, автоматикот! Се заљубивме во автоматик – до ден денешен секоја следна “вистинската“кола во фамилијата е автоматик!
SAAB-от го воземе неколку години, убаво не служеше и прекрасни работи доживеаме со него.

2010, Гордан допатува со точак во Македонијата. Условен од тоа, движењето по Македонија се реализираше со возење на моторот кој е таму, “стариот“ добар BMW R 80 G/S. При тие возења се случуваше (и уште се случува) да одвреме навреме тропне нешто во пределот на преносот/карданот.
Повторно во Швајцарија почна да се бара BMW “за резервни делови“. Барањето испадна по тешко од колку шо очекував. И некогаш се “најди“ – BMW R 80 RT. Сега воа стварно беше RT, не G/S, ама понудената цена на ricardo.ch беше толку ниска, шо срце не ми дади да не стиснам “понуда“. Понудената цена беше толку срамна шо не очекував дека нема да биде надмината. КУПЕНО.
Судбината сакала да јас го земам BMW-то R 80 RT со ниет карданот да се искористи како резерва… Финиот продавач дури ми го достави сјајниот моторцикал. РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ??? Ма јок! Продавај YAMAHATA закачувај регистрацијата на BMW. И така со BMW-то R 80 RT испоминаме илјадници прекрасни километри и до прва ќе поминуваме…

“Средновечната криза“ не ме заобиколи ни мене. И ако сѐ си е како шо треба, си го бараш следниот предизвик. Во време на глобалната пандемија BMW-то R 80 RT си го “обра“. Се возеше во секоја слободна минута. И некако ми стана жал. Додека BMW-то R 80 RT го возам во секоја прилика, G/S-от си кулира у Македонијата. Почнаа да се прават комбинации, како да си а направиме интересна… Идеја – G/S-от да се донесе во CH. Ама кога ќе одиме во МК ќе ни фале. Да се купи G/S и во СН? Или нов G/S во нова верзија наречен BMW R nineT urban G/S  или Kawasaki W850 ќе е по добро? А и Kawasaki Z 900 не е за заобиколување… А од кога го видов и Тriumphот 1200 scrambler … сѐ ми се измеша…

Септември 2021. После убави две години повторно во Македонија. Среќни.
Првиот ден во МК G/S-от – регистриран, спремен за патиштата низ Македонија. Случајот сакаше да не се вози многу, ама едно убаво возење со Златко и Коле направи чудо. Не беше ногу, нешто повеќе од 100 километри. Ама доволно да сфатам дека моето во класата на “накет бајк“ е минато…

Уште во слободните моменти во Македонија се вртеа швајцарските портали по потрага на “нов“ мотор. Услови: малечок туристички.
Човек да се чуде каде отишла моторциклистичката сцена… Туристички под 1000 кубика? – ЈОК! И така пак се заврти орото околу RT. Најкомпактниот туристички моторцикал на пазарот. Неколку интересни понуди имаше по Швајцаријата. Еден во Теќино, друг во Цирих и третиот – најубавиот  🙂 ,  во Санкт Гален. На пат за Швајцарија, уште една преверка, тиа во Теќино дали ќе може да го видиме на поминување – продаден. Вториот секако е блиско, може секогаш да се  оди да се виде, правење термин за пробно возење во Санкт Гален.

КУПЕНО КАКО ВИДЕНО!!!!

И еве сега сум најсреќен сопственик на BMW R 1200 RT,  јубилеен модел по повод 90 години на BMW моторцикли.

Споделената среќа се дуплира, па затоа сакам мојата среќа со сите вас да ја споделам и ви посакувам да имате денови на радост како што јас ги имам сега – секој ден…