“За да правите подобри фотографии, не ви треба подобра (скапа) камера!“
Ова е изрека, теорија, совет или како сакате каже те го, на скоро секој професионален фотограф кој го пратам по јутубето и слично. Ќе го рече тоа и ќе ја извади “единицата“.
Истото се случи и на клубската средба на фотоклубот Швиц. Презентерот на макрофотографската тема ни објасни како ние со “нормалните“ камери кои имаат АПЦ или помал сензор од полнформат камерите сме во предност, а во просторијата беше спремен примерот за фотографирање (макро) и на стативот беше закачена камера со среден формат!
Нејси. Човекот ни го пренесуваше своето искуство во макрофотографијата и секој од нас можеше да си одбери по некој убав совет или тип. Во секој случај поучна вечер.
Во моето фотографско живеење сум сретнал безброј фотографи, од аматери до мајстори на фотографијата, од човеци кои фотографиите стриктно на компјутерот ги чуваат до онакви кои изложувале на биеналето во Венеција.
Средбите со човеци во поголеми групи од секогаш носеле нови искуства. Интересно е да осетиш колку малку треба за да пријателскиот и фин однос премини во цинизам и презир. И тоа се побрзо се случува колку е поголемо егото кај дотичниот. Интересно е да човек види, осети како само малку по друго, по лично, видување на работите кај некои индивидуи предизвикува одбојност…
Да тука, на ова место и во вакви ситуации стапува на закон она старото Македонско:
»Поминувачка нека има!«